Криејтив комонс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Криејтив комонс (анг. Creative Commons, CC) — непрофитна организација со седиште во Сан Франциско, САД посветена на креативни дела достапни за други легално да ги користат, преработуваат и споделуваат.[1] Организацијата има издадено неколку авторски лиценци познати како Криејтив комонс лиценци бесплатно за јавноста. Овие лиценци им овозможуваат на творците да соопштат кои права ги задржуваат, а од кои се одрекуваат во полза на корисниците и другите творци. Се дава лесно разбирливо објаснување за правата сместено на една страница, со придружни ликовни симболи, кое ги појаснува подробностите за секоја Криејтив комонс лиценца. Оваа едноставност е карактеристична за Криејтив комонс и таа го разликува од обичното авторско задржување на сите права. Криејтив комонс е измислен за да создаде пофлексибилен правен модел, заменувајќи го „сите права задржани“ со „некои права задржани“. Википедија се вбројува меѓу најпознатите примери за веб-проект кој користи таква лиценца.
Криејтив комонс | |
---|---|
Основачи | Лоренс Лесиг |
Тип | Непрофитна организација |
Основана | 2001 |
Седиште | Сан Франциско САД |
Задршка | Проширување на „разумно“ и флексибилно авторско право |
Метод | Криејтив комонс лиценци |
Мреж. место | http://creativecommons.org/ |
Организацијата е основана во 2001 г. од Лари Лесиг, Хал Абелсон и Ерик Елдред[2] со поддршка од Центарот за јавна сопственост. Првиот збир лиценци е издаден во декември 2002.[3] Се проценува дека во 2008 имало 130 милиони дела заведени под Криејтив комонс лиценца.[4] Со Криејтив комонс раководи одбор на директори и технички советодавен одбор. Моментален претседател на одборот е Естер Војчицки, наставник по новинарство од Паоло Алто, САД. Многуимна го имаат прифатено Криејтив комонс како начин творците на содржини да добијат конрола врз начинот на којшто ја споделуваат нивната интелектуална сопственост. Некои го критикуваат дека Криејтив комонс не пружа доволно слобода, и дека лиценцирањето треба да се олабави уште повеќе.