From Wikipedia, the free encyclopedia
Гвинеја (француски: Guinée) или официјално Република Гвинеја (француски: République de Guinée) е држава во Западна Африка. Државата порано била позната како Француска Гвинеја (Guinée française), но денес е познато под своето официјално име, но и под името Гвинеја-Конакри за да се разликува од соседната Гвинеја-Бисао.[4] Главен град на Гвинеја е Конакри, кој воедно е и најголем град и седиште на владата.
Република Гвинеја République de Guinée
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Travail, Justice, Solidarité" (француски) "Работа, Правда, Солидарност" |
||||||
Химна: Liberté (француски) "Слобода" |
||||||
Главен град | Конакри 9°31′N 13°42′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | француски | |||||
Демоним | Гвинеец | |||||
Уредување | Воена хунта | |||||
• | Претседател | Муса Дадис Камара | ||||
• | Премиер | Кабине Комара | ||||
Независност | ||||||
• | од Франција¹ | 2 октомври 1958 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 245,857 км2 (78-ма) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2005 г. | 10,211,437[1] (85) | ||||
• | Попис 1996 | 7,156,406 | ||||
• | Густина | 38 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $10.308 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $1,002[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $4.542 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $442[2] | ||||
Џиниев коеф. (1994) | 40.3 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.392[3] низок · 179та |
|||||
Валута | Гвинејски франк (GNF ) |
|||||
Часовен појас | GMT | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .gn | |||||
Повик. бр. | 224 |
Вкупната површина на Гвинеја е 246.000 km2. Формата на државата е во вид на полумесечина која се протега од западниот дел кој излегува на Атлантскиот Океан кон источниот и јужниот дел кој се гранечи со соседните држави. На север државата граничи со Гвинеја-Бисао, Сенегал и Мали, на југ со Сиера Леоне, Либерија и Брегот на Слоновата Коска. На територијата на Гвинеја живеат дваесет и четири етнички групи, од кои најголеми се Фула, Мандинка и Сусу. Службен јазик во државата е францускиот.
За раната историја на земјата се знае многу малку. Она што е познато е дека кон 900 година, Гвинеја била вклучена во составот на Ганското царство. Од 13 век до 16 век, Гвинеја била со составот на Царство Мали. Португалските трговци и истражувачи на нејзините брегови престигнале во периодот помеѓу 1460 и 1470 година. Нејзиното население главно било користено за трговија со робови, а земјата како подрачје за експлоатација на нејзините ресурси. Кон крајот на XVIII век, Гвинеја била колонизирана од страна на Франција. Во 1904 година земјата била вклучена во составот на Француска Западна Африка.
На референдумот, којшто се одржал во 1958 година, Гвинеја прогласила независност. Таа била единствената француска колонија која гласала за независност и автономија со финансиска помош на Франција. Како формален ден за објавување на независноста бил избран 2 октомври 1958 година. Претседател на земјата станал Ахмед Секу Туре. Неговата политика не придонела за развојот на земјата, па така денеска земјата е една од најсиромашните во Африка. По неговата смрт во 1984 година власта била заземена од страна на воениот комитет за национална обнова, Лансан Конте, кој на истата позиција се задржал до 2008 година.
Во последните неколку години, во Гвинеја дошле голем број на население од соседните земји Либерија и Сиера Леоне, главно поради граѓанските војни во тие земји.
Со своите 245.839 km2 Гвинеја е слична со големината на Велика Британија. Гвинеја има 322 километри брег на Атлантскиот Океан и граничи со државите: Брег на Слоновата Коска, Гвинеја-Бисао, Либерија, Мали, Сенегал и Сиера Леоне.
Државата е составена од четири географски региони:
Планинскиот дел е извор на вода за реките Нигер, Гамбија и Сенегал и уште неколку поголеми реки. Највисок врв во државата е Мон Нимба 1.752 метри.
Политиките на Гвинеја се во рамките на претседателска република. Претседателот на Гвинеја е шеф на државата и шеф на владата на Гвинеја. Извршната власт е во рацете на собранието на Гвинеја, додека пак законодавната е во рацете на владата на Гвинеја и на собранието.
Гвинеја поделена на четири природни региони со различни човекови, географски и климатски одлики. Тие се:
Административно, земјата е поделена на 8 административни региони, кои пак се поделени на префектури. Главниот град е посебна административна единица. Регионите се:
Гвинеја има голем број на природни ресурси, и 25% од светските резерви на боксит се во Гвинеја. Покрај бокситот, во Гвинеја има и дијаманти, злато и други вредни минерали. Гвинеја има голем хидроенергетски потенцијал. Бокитот и алуминиумот се главните суровини за извоз. Други производи се сокови, пијалаци и тутун. Земјоделството вработува 80% од вкупното работоспособно население. За време на француската окупација, Гвинеја била главен извозникна банани, кикирики, кафе и палмово масло.
Гвинеја има население од 10.211.437 жители. Главен град и главен финансиски, општествен и образовен центар е Конакри.
Службениот јазик во Гвинеја е францускиот јазик. Други поголеми јазици кои се зборуваат на територијата на Гвинеја се манинка јазик, сусу јазик, фула јазик, киси јазик, кпеле јазик и лома јазик.
Населението на Гвинеја е составено од 24 етнички групи. Од вкупното население 40% се припадници на етничката група Фула, 30% се припадници на етничката група Мандинка, 20% се припадници на етничката група Сусу, додека остатокот се припадници на помали етнички групи како на пример Кпеле, Киси и други.[5]
Во Гвинеја најголема религија е Исламот. Околу 85% од населението се муслимани, 10% се христијани и 5% се припадници на локални религии.
Верници во Гвинеја | ||||
---|---|---|---|---|
Муслимани | 84,40 % | |||
Христијани | 10,90 % | |||
Без Религија | 1,80 % | |||
Народна Религија | 2,70 % |
Како и останатите западноафрикански држави и Гвинеја има богат фолклор и музичка традиција. Покрај тој вид на музика, позната е и џез групата Бембеја Џез кои станале популарни во 1960-те.
Главен спорт во Гвинеја е фудбалот, иако истиот нема забележано некој позначаен успех на светско ниво, но има учествувано на осум финални натпревари на Купот на Африка. Исто така пливањето е популарно во главниот град. Покрај овие големи спортови, национален спорт во Гвинеја е пинг понг.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.