Вуелта а Еспања 2012 - етапа 12 до етапа 21
From Wikipedia, the free encyclopedia
Етапата 12 на Вуелта а Еспања 2012 се одржала на 30 август, а трката ќе заврши на 9 септември. Втората половина на трката е сместена целосно во Шпанија; започнувајќи со среднопланинска етапа од Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро во Думбрија, по што следат четири етапи со завршници на нагорнина и на крајот вообичаената етапа, која завршува во Мадрид.
Одржувајќи го водството на Вуелта од четвртата етапа, Хоаким Родригес од Катјуша продолжил со истото темпо и во втората половина на трката. На дванаесеттата етапа, Родригес ја постигнал својата втора етапна победа откако ги одминал неговите преостанати соперници за генералниот пласман на стрмното искачување Мирадор де Езаро во Думбтрија, додавајќи нови дваесет секунди на неговото водство во однос на возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Алберто Контадор. Откако бегството успеало наредниот ден, Родригес постигнал уште една етапна победа на четиринаесеттата етапа на Пуерто де Анкарес, каде започнувале да се појавуваат подолги искачувања на трката како дел од трите последователни етапи со завршници на нагорнина. Слично на потегот на Мирадор де Езаро, Родригес забрзал и го поминал неговиот најблизок соперник, Контадор, зголемувајќи го водството на трката на 22 секунди. Следниот ден, сите напади биле безуспешни и бегството било успешно повторно; Антонио Пједра ја освоил првата етапа за Каха Рурал-Сегурос РГА на Вуелта а Еспања, победувајќи ја етапата со предност од две минути.
Родригес и Контадор останале заедно во поголемиот дел од кралската етапа на трката, прва завршница на Суиту Негру; на наклоните кои достигнувале 25% на одредени места, Родригес направил разлика во однос на Контадор две секунди и со четирите секунди бонус на крајот ја зголемил разликата на 28 секунди по етапата и по вториот и последен ден за одмор на трката. По денот за одмор, Контадор ја свртел предноста во своја корист со изненадувачкиот напад на половина од етапата. Ги оставил соперниците за генерален пласман зад него и сам заминал кон етапна победа. Родригес се борел на етапата, но бил одминат и од уште еден соперник за генералниот пласман на трката, Алехандро Валверде (Мовистар Тим) и паднал на третото место во пласманот зад Контадор и Валверде. Контадор го одржал водството на трката до крајот, на крајот завршувајќи ја трката со предност од 1' 16" над Валверде. Родригес бил трет, дополнителна 21 секунда зад него, додека ниеден друг возач не бил во рамките на 10 минути од времето на Контадор на крајот на етапата. Валверде со добиените бодови на последниот ден ги презел бодовниот и комбинираниот пласман, додека Родригес во Мадрид втора година по ред ја изгубил борбата за бодовниот пласман.
Легенда[N 1] | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот во генералниот пласман | Го означува предводникот во планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот во бодовниот пласман | Го означува предводникот во комбинираниот пласман | ||
Го означува возачот, кој е одреден како најборбен на денот | и.в. | Возачот кој ја поминал целта во иста група како оној кој го добил времето над него и затоа му се доделува истото завршно време. |