Внатрешни Хебриди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Внатрешни Хебриди (гелски: Na h-Eileanan-staigh; англиски: Inner Hebrides) — островска група западно од брегот на континентална Шкотска, југоисточно од Надворешни Хебриди. Заедно, овие две островски групи формираат една целост, архипелагот Хебриди. Постојат 36 населени острови, и 43 подалечни ненаселени во внатрешноста на групата, со површина од 30 ха.