Хектар
единица за површина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хектар (симбол: ха или ha) — мерна единица за површина еднаква на 10.000 квадратни метри, или пак еден квадратен хектометар, и се користи за изразување на големина на земјиште. Еден хектар земјиште е површината на квадратна парцела со димензии 100 на 100 метри. Оваа единица наоѓа примена на разни полиња, како во геометарството за секојдневни правни документи како тапии, катастарски уверенија, хипотеки, урбано планирање, заштита на околината и други должности кои треба да ги задоволат правните барања на надлежните органи.
Неговата основна единица е арот, утврден во рамките на постарите облици на метричкиот систем, но истиот денес не му припаѓа на современиот метрички систем. Меѓународниот комитет за тежини и мерки го класификува хектарот како единица прифатена за употреба заедно со системот SI.[1]