филм From Wikipedia, the free encyclopedia
Викенд на мртовци — македонски филм-комедија од 1988 година, режиран од Коле Ангеловски, со Владимир Ангеловски - Дади, Ѓорѓи Јолевски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски, Благоја Чоревски, Тодорка Кондова-Зафировска и Младен Крстевски во главните улоги. Филмот е екранизација на театарска пиеса [1] од Миле Попоски [1] и е последниот снимен во Вардар филм во рамките на СФР Југославија.[2] Добитник е на две награди на Фестивалот на филмска комедија во Голубац - „Златна Рипка“ за режија на Коле Ангеловски и трета награда од публиката за најдобар филм.[3]
„Викенд на мртовци“ | |
---|---|
плакат од филмот | |
Режисер | Коле Ангеловски |
Сценарист | Миле Попоски |
Главни улоги | Димче Мешковски Владимир Ангеловски Ѓорѓи Јолевски Гоце Тодоровски Тодорка Кондова-Зафировска Благоја Чоревски Јовица Михајловски Младен Крстевски |
Музика | Димитар Масевски |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1988 |
Времетраење | 94 мин |
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски |
Тасе е известен дека неговата жена починала на една од клиниките во Скопје. Набргу неговиот дом се исполнува со нивни роднини и пријатели и сите чекаат да пристигне ковчегот со умрената за да ја оплачат и погребаат.
Во соседството, пак, наспроти куќата на Тасе, се прави свадба. Со звукот на зурлите и тапаните пристигнува ковчегот со умрената, но кога истиот ќе го отворат, му нема крај на изненадувањето зашто внатре не е Кате, сопругата на Тасе, туку некоја непозната жена. Веднаш бараат објаснување од Државната болница во Скопје од каде се известени дека во сплет на околности, направена е размена на покојничките и дека нивната Кате се наоѓа кај некој Климе од Охрид, а неговата жена е во ковчегот што пристигнал кај Тасе. Тасе и Климе воспоставуваат врски и се договараат да си ги разменат покојничките при што постигнуваат договор да се сретнат на полпат, односно на планинскиот превој Ѓавато.
Според договорот, тука пристигнуваат и едните и другите, но пред да бидат разменети покојничките, доаѓа до меѓусебна расправа во врска со вредноста на мртвечките сандаци. Уште таа расправија тече, а на повидок е ново разочарување: во сандакот што го добил Тасе не се наоѓа телото на покојната жена на Климе по име Зора, туку некоја трета жена. Затоа, Климе и неговата ќерка ќе го земат само скапиот мртовечки сандак и ќе се вратат назад, а Тасе останува со две мртви жени и со еден евтин мртовечки сандак.
Глумец | Улога |
Димче Мешковски | Тасе Стопарески |
Владимир Ангеловски | Климе Глупчев |
Благоја Чоревски | Кирца |
Ѓорѓи Јолевски | Цанде |
Гоце Тодоровски | Ачко |
Снежана Михајловиќ | Таца |
Јовица Михајловски | Ноне |
Ташко Начиќ | Томислав |
Тодорка Кондова | Атина |
Игор Џамбазов | Војник Владимир Спирковски |
Бата Живоиновиќ | Генерален директор |
Јелисавета Саблиќ | Секретарка |
Младен Крстевски | Цуре |
Александра Петковиќ | Мица |
Катерина Коцевска | Медицинска сестра |
Останати улоги ▼
Глумец | Улога |
Џон Апелгрен | Зетот |
Марин Бабиќ | Свадбар |
Георги Бисерков | Агент 2 |
Видосава Грубач | Рајна |
Диме Илиев | Келнерот |
Љиљана Јовановска | Ерна |
Марија Кондовска | Ана |
Томе Моловски | |
Димитар Спасески | |
Благоја Спиркоски-Џумерко | Агент 1 |
Соња Здравковска | Светлана |
Кирчо Божиновски | |
Ѓорѓи Тодоровски | Свадбар |
Викенд на мртовци е првата македонска филмска комедија по пауза од речиси триесетина година (по Мирно лето од 1961 година) [3] и е еден најпопуларните македонски филмови од овој жанр, имајќи култен статус децении по својата премиера.[се бара извор] Уште веднаш е добро прифатен од публиката, благодарејќи ѝ, во одредена мера, и на истоимената успешна претстава, на која работи безмалку истиот тим и која, заедно со Солунски патрдии и Бегалка е и една од најдолговечните претстави на Драмскиот театар[1]. Сепак, комплицирањето на дејството во втората половина на филмот, кога покрај почетната постава се појавуваат и двајца молери што се враќаат од Претор и две германски автостоперки, од некои критичари е оценето како непотребно обременување на одличниот првичен заплет, чие „почетно темпо, ниту режисерот Коле Ангеловски ниту самите интерпретатори, не го задржаа во текот на целиот филм“ [3].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.