Византија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Византија или Источно Римско Царство (Василеја Ромеон; латински: Imperium Romanum),[1] или Ромеија — научноисториски назив (по крајот на државата) за Римската Империја во периодот на доцната антика и средниот век, каде претежно се говорело на Коине Јазик (Античко Македонски Јазик). Главниот град на империјата бил Нов Рим/Константинопол (денешен Истанбул), првично основан како Византион. По административната (обновена) поделба со источен и западен владетел на чело на Империјата, источниот дел го преживеал престанокот на западниот двор и неговите западни провинции во V век и продолжил да постои уште илјада години, сè до падот во рацете на отоманските Турци во 1453 година под водство на Мехмед Освојувачот. За време на нејзиното средновековно постоење, Римската Империја била една од најмоќните економски, културни и воени сили во Европа.
Римско Царство Ромеија Imperium Romanum | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Статус | Римски провинции управувани од Источниот суд. | ||||||||
Главен град | Цариград 41°00′N 28°58′E | ||||||||
Говорени јазици |
| ||||||||
Вероисповед | Римски политеизам сè до 380 Христијанство/православие (толерирано по миланскиот едикт во 313 г.; државна религија по 380) | ||||||||
Уредување | Автократска монархија | ||||||||
Владетел | |||||||||
Историски период | доцна антика кон доцен среден век | ||||||||
Население | |||||||||
• 565 г. | 26,000,000b | ||||||||
• 780 г. | 7,000,000 | ||||||||
• 1025 г. | 12,000,000 | ||||||||
• 1143 г. | 10,000,000 | ||||||||
• 1204 г. | 9,000,000 | ||||||||
Валута | Солидус, Хиперпирон и Фолис | ||||||||
| |||||||||
|
Во 285 година, царот Диоклецијан (владеел 284–305) го поделил управувањето на Римското Царство на источен и западен дел.[2] Помеѓу 324 и 330, Константин Велики (владеел 306–337) го пренел главниот град од Рим во Византион, подоцна познат како Константинопол („Градот на Константин“) и Нова Рома („Нов Рим").[n 1] За време на владеењето на Теодосиј I (владеел 379–395), христијанството станало официјална државна религија на империјата и другите религии како римскиот политеизам биле прогонети. И конечно, за време на владеењето на Ираклиј (владеел 610–641), војската и управата на империјата биле реконструирани и грчкиот јазик бил прифатен за официјална употреба, на местото на латинскиот.[4] Така што иако тоа го продолжило Римското Царство и ги одржало римските државни традиции, денешните историчари го одвојуваат Византион од Стариот Рим пред сè поради настроеноста кон грчката култура, а не кон латинската и воедно бил окарактеризиран од православното христијанство наместо од римскиот политеизам.[5]
Границите на империјата значително се менувале во текот на нејзиното постоење, минувајќи низ неколку циклуси на опаѓање и закрепнување. За време на владеењето на Јустинијан I (владеел 527–565), империјата го достигнала најголемото територијално проширување по повторното заземање на историското западно римско средоземно крајбрежје, вклучувајќи ја Северна Африка, Италија и самиот Рим, кој бил задржан уште два века. За време на владеењето на Маврикиј (владеел 582–602), источната граница на империјата била проширена и северната се стабилизирала. Сепак, атентатот врз него ја предизвикал Византиско-персиската војна (602-628), која ги исцрпела ресурсите на империјата и резултирала со големи територијални загуби за време на муслиманските освојувања од VI век. Само за неколку години империјата ги загубила своите најбогати провинции, Египет и Сирија, сè до Арапскиот Полуостров.[6]
За време на Македонската династија (X и XI век), империјата повторно се проширила и ја доживеала двовековната Македонска ренесанса, која завршила со загубата на поголемиот дел од Мала Азија по поразот од Селџуците во Битката кај Манцикерт во 1071 година. Оваа битка им го отворила патот на Турците за да се населат во Анадолија како нивна татковина.
Последните векови на империјата биле проследени со општ правец на опаѓање. Империјата се обидувала да закрепне во текот на XII век, но таа го примила својот смртен удар за време на Четвртата крстоносна војна, кога Цариград бил опустошен и империјата се распаднала и поделила на конкурентни византиски грчки и латински царства. И покрај евентуалното обновување на Цариград и повторното воспоставување на империјата во 1261 година, Византион останал само еден од неколкуте мали конкурентни држави во областа последните два века од своето постоење. Неговите преостанати територии биле последователно придружени од Османлиите во XV век. Падот на Цариград во рацете на Османлиското царство во 1453 значело крај за Византија.