Пад на Цариград (1453)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Падот на Цариград — крупен историски настан кој траел од 2 април до 29 мај 1453 г. и дошол до својата разврска кога во ноќта на 28-29 мај султанот Мехмед II дал заповед за последен напад на градот. Првите две негови единици биле одбиени од страна на одбраната на градот па затоа султанот решил во напад да ги пушти јаничарите. Тие успеале да ја пробијат одбраната. Во освоениот Цариград започнале масовни пљачки и убиства. Повеќе од 60.000 жители биле заробени. Според отоманскиот обичај султанот ја оставил војската да ограбува низ градот два дена, а на третиот ден наредил да се престане со тоа. Потоа тој влегол во идната престолнина и наредил да ја претворат црквата Света Софија во џамија, а себеси се прогласил за римски кесар (Kayser-i Rum; како директен престолонаследник на Константин XI).
Опсада на Цариград | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Опсада на Цариград | |||||||||
Османлиите го освојуваат градот (слика од 1499) |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Римско Царство | Османлиско Царство | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Константин XI † Лукаш Нотарас Џовани Џустинијани †[2] | Мехмет II Заган-паша Сулејман Балтоглу |
||||||||
Сила | |||||||||
7.000[3] 26 брода[4] | 80.000[5]-200.000[2][6] 126 брода[7] |
||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
4.000 убиени[8] | непознато |
Утрото во тој несреќен вторник на 29 мај 1453 година, кога Цариград[9][10][11][12] паднал во рацете на Османлиите, откако се расчистило небото од чадот од османлиските топови, станало јасно дека не е ставен крај само на Римското Царство. Светот се променил - средновековието станало минато. Во Западна Европа ренесансата веќе била во својот ек. Ова повторно раѓање, заедно со изумувањето на Гутенберговата печатница со подвижни букви, ќе значат многу за полесно пренесување и зачувување на античките знаења (улога која претходно ѝ припаѓала на Римското Царство за време на средниот век) и со тоа ќе се обележи започнувањето на Новиот век.