Вејн Руни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вејн Марк Руни (англиски: Wayne Mark Rooney) (роден на 24 октомври 1985 , во Ливерпул) — англиски фудбалер, напаѓач на Ди Си Јунајтед и поранешен репрезентативец на Англија. Тој е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед. Тој исто така е еден од најтрофејните англиски играчи кој ги освоил сите можни титули во англискиот, европскиот и континенталниот фудбал со исклучок само на Суперкупот на Европа.
Вејн Руни | |||
---|---|---|---|
Руни со Манчестер Јунајтед во 2017 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 24 октомври 1985(1985-10-24) (38 г.) | ||
Роден во | Ливерпул, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | &100000000000001760000001,76 м | ||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Дарби Каунти (менаџер) | ||
Младинска кариера | |||
Евертон | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003-2005 | Евертон | 67 | (15) |
2005-2017 | Манчестер Јунајтед | 393 | (183) |
2017-2018 | Евертон | 31 | (10) |
2018-2020 | Ди Си Јунајтед | 48 | (23) |
2020-2021 | Дарби Каунти | 30 | (6) |
Репрезентација ‡ | |||
2001-2002 | Англија 15 | 4 | (2) |
2002-2003 | Англија 17 | 12 | (7) |
2003 | Англија U19 | 1 | (0) |
2004-2018 | Англија | 120 | (53) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 14 август 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 26 март 2011 |
На возраст од девет години, Руни се приклучил на младинскиот тим на Евертон, за кого го направил своето професионално деби во 2002 година. Тој поминал две сезони во тимот од Мерсисајд, пред да се преселил во Манчестер Јунајтед за сума од 25.600.000 £ во 2004 година во летниот трансферен прозорец. Руни освоил 16 титули со Јунајтед, вклучувајќи четири титули во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите во сезоната 2007-2008. Тој, исто така има по два вицешампионски медали од Премиер Лигата и од Лигата на шампионите. Тој постигнал 253 гола за Јуанјтед во сите натпреварувања што го прави нивниот најдобар стрелец на сите времиња, а 183 гола во Премиер лигата е најмногу постигнато од некој играч за кој било клуб.
Руни го направил своето деби за сенирскиот тим на Англија во 2003 година и стана најмладиот играч што ја претставувал Англија (рекордот подоцна е скршен од Тио Волкот), а исто така тој е најмладиот стрелец на Англија досега. Тој играше на Евро 2004 и постигна четири гола, со што стана најмлад стрелец во историјата. Руни играше и на Светските првенства во 2006 и 2010 година и нашироко се смета како најдобар играч на неговата земја. Тој е добитник на награда играч на годината во Англија двапати, во 2008 година и 2009 година. Почнувајќи од септември 2003 година, тој има одиграно 73 репрезентативни меча и постигнато 28 гола. Заедно со Дејвид Бекам, Руни е играчот со најмногу црвени картони за Англија.
Во сезоната 2009-10, на Руни му била доделена наградата за играч на годината во Премиер лигата и фудбалер на годината. Руни има освоено исто така трофеј и за Гол на сезоната во Премиер лигата, награда од страна на ББС. Тој бил именуван во "ФИФА про World 11" за 2011 година. Руни е третиот најскапо платен фудбалер во светот по Лионел Меси и Кристијано Роналдо, со годишен приход од € 20.7m (£ 18m), вклучувајќи и спонзорски договори.