From Wikipedia, the free encyclopedia
Буштрање — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Се наоѓа во Прешевската долина веднаш до границата меѓу Србија и Македонија, каде гравитира длабоко кон кумановско-липковскиот регион. Месната заедница на селото се наоѓа во општина Прешево, на левата страна од главниот автопат на 5 км од градот. Во селото постои и селска амбуланта. Канцеларија на месна заедница не постои, додека терени за спорт и рекреација постојат.
Буштрање Буштрање албански Bushtrani | |
---|---|
село | |
Координати: 42°19′50″N 21°45′18″E | |
Држава | Србија |
Округ | Пчињски Округ |
Општина | Општина Прешево |
Население (2002) | |
• Вкупно | 872 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Повик. бр. | 017 |
Потребно е асфалтирање на патната мрежа во селото. Електрификацијата е на многу ниско ниво, додека уличното осветлување е многу слабо. Водоснабдувањето е на многу лошо ниво, се користат поединечни бунари. Направена е три километарска атмосферска канализација.
Постојат 50 телефонски приклучоци. Исто така во селото има и вештачко езеро чијшто потенцијал не е искористен на прав начин (постои иницијатива за мини централа и користување на езерото за наводнување на земјиштето во месната заедница). Во селото нема никакви полјоделски активности.
Според пописот од 2002. селото имало 872 жители (според пописот од 1991 селото имало 905 жители).
Во Буштрање живеат 535 полнолетни жители, а просечната старост изнесува 31,3 години (29,6 кај мажите и 32,9 кај жените). Во селото има 201 домаќинство, а просечниот број на членови по домаќинство е 4,34.
Ова село е главно населено со Албанци (според пописот од 2002), а во последните три пописи е забележан пад во бројот на жители. Токму и затоа голем дел од населението (203) оди на привремена работа во странство.
Српското население во селото го слават Св Ѓорѓи, Митровден, Св. Архангел, Св. Никола и Св. Андрија. Населението е староседелско и доселено во првата половина на 18. век од Црна Гора, кон средината на 19. век од околината на Бујановац и подоцна од Горна Пчиња.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.