Прешево

From Wikipedia, the free encyclopedia

Прешево

Прешево (албански: Presheva) — град и седиштето на истоимената општина во Пчињскиот Управен Округ во Србија. Се наоѓа на крајниот југ на Србија, недалеку до границата со Косово и Македонија во Прешевската долина и Поморавието, на надморска височина од 463 метри. Територијата на оваа општина се наоѓа на вододелницата на Егејското и Црното Море.

Кратки факти Прешево Прешево, Држава ...
Прешево
Прешево
Град и Општина
Thumb
Прешево
ThumbThumb
Thumb
Прешево
Координати: 42°18′23.79″N 21°39′0.8″E
ДржаваСрбија
Управен ОкругПчињски
ОпштинаПрешево
Надм. вис.&10000000000000463000000463 м
Население (2022)
  Град14,219
  Општина33,449
Час. појасCET
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC)
Пошт. бр.17523
Повик. бр.017
Рег. таб.VR
Мреж. местоpresevo.rs
Затвори
Thumb
Градскиот центар во Прешево

Вкупната површина на територијата на општина Прешево е 264 км2. Според пописот од 2022 градот броел 14.219 жители, а во општината 33.449 жители.

Историја

Првиот пишан документ за Прешево датира од 14 век. Во средновековната српска историја, е познато дека во 1389 година, кога, како се верува, во Прешевско поле се одиграла битка, која била вовед во Косовската битка меѓу Србите и Албанците. При крајот на 14 век и почетокот на 15 век, со градот владее кралот Углеша, и Прешево станува значајна населба, која се споменува како паланка, место и мало гратче, кој се наоѓал на самиот средновековен пат Приштина-Ќустендил (преку прешевска Скопска Црна Гора). Во 16 век гратчето Прешево имаше значителен број на население - според пописот од 1519, имало 59 христијански фамилии; според пописот од 1528, 76 христијански фамилии; според пописот од 1570 во Прешево живееле 90 христијански фамилии и 85 жители неомажени/неоженети.

Градот е под турска власт, од 1454 до 1912 година. Во поголем обем, како и околните села, зафатено е значајно иселување на Србите во текот на турското владеење, почнувајќи од 1690 година и подоцна, кога постепено се населуваат Албанци. нивното доселување најголема изразеност има по Втората австриско-турска војна од првата половина на 18 век.

При крајот на 19 век Прешево е центар на Прешевската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година, Прешево било населено од 2.000 жители арнаути муслимани. Според Димитар Мишев, во градот имало и мал број на христијанско население, вкупно 280 жители.

Од 1929 до 1941 Прешево беше дел од Вардарската бановина. Во текот на априлската војна, Кралството Југославија капитулираше по 12 дена од воени дејствија против Силите на Оската. На 20 април, Бугарија окупираше дел од кралството Југославија, вклучувајќи го и Прешево. Фашистичкиот режим на Бугарите го окупираше овој дел сè до 7 септември 1944 со голем терор, кога ја предадоа власта на Нацистичкиот режим на Германија. Албанските сојузници на Нацистичкиот режим, Бали Комбетар, подоцна владееше со овој дел. Кон средината на ноември, Југословенските партизани ги присилија на повлекување, окупациските Албански сили.

При крајот на 80-тите во текот на СФРЈ локалните Срби предлагаа да се направи српска општина Источно Прешево. Но, таа идеја не беше прифатена и денес Србите во градот се во многу мал број.

Случувања во 2013

Кон крајот на 2012, српскиот премиер Ивица Дачиќ му упати ултиматум на локалните водачи на Албанците во Србија за да се тргне споменикот на ОВПМБ во центарот на Прешево. Ова наиде на отпор од страна на локалните водачи при што во средината на јануари 2013 година, споменикот беше отстранет од локацијата.

Населени места

Општина Прешево се состои од 35 населби: Алиџерци, Берчевац, Бујиќ, Букаревац, Букувац, Буштрање, Гаре, Големи Дол, Горна Шушаја, Госпоѓинце, Депце, Долна Шушаја, Жуинце, Илинце, Курбалија, Љаник, Маѓаре, Миратовац, Норча, Ораовица, Печено, Прешево, Рајинце, Ранатовце, Рељан, Свињиште, Сефер, Славујевац, Станевце, Стрезовце, Трнава, Цакановац, Церевајка, Црнотинце, Чукарка.

Thumb
Општина Прешево во карта на Србија

Повеќето села во општината Прешево имаат апсолутно албанско мнозинство, освен селата: Љаник, Свињиште, Славуевац и Цакановац каде Србите се етничко мнозинство, но има и некои села каде Србите во Прешевската долина живеат и сочинуваат значително малцинство како: Буштрање, Рељан, Стрезовце, Чукарка и градот Прешево.

Демографија

Во градот Прешево живее 8.641 жител, додека просечната старост на населението изнесува 29,9 години (29,2 кај мажите и 30,5 кај жените). Овој град и општина е главно населен со Албанци и претставува културен, административен центар на Албанците во Србија.

Според пописот на населението од 2002 година, во општината живеат 34,904 жители во 35 населени места.[1] 89,10% од населението се Албанци и мал дел Срби кои го говорат торлачкиот дијалект. Во општината исто така се зборува и турскиот и ромскиот јазик.

Според попис од 2011, општината Прешево има 3.066 жители, затоа што Албанците го бојкотирале пописот.

Според српската историографија, Србите во околината на Прешево се раселувале во текот на големите селби во 1690 и 1737 година и во текот на целиот 18 век сè до почетокот на 19 век. Тие Срби кои преживеале на своите вековни огништа се протерани од страна на Арнаутите. Турците до крајот на 17 век па сè до почетокот на 19 век, масовно доселувале Албанци од Албанија а оние преостанати Срби од околината на Прешево се иселувале во околината на Бујановац, Врање и останатите делови на Србија.

Етнички состав во градот
Повеќе информации Етнички групи 2022 година ...
Етнички групи 2022 година[2]
Албанци
 
92,7 %
Срби
 
4,8 %
Роми
 
1,5 %
Затвори
Етнички состав во општината
Повеќе информации Етнички групи 2022 година ...
Етнички групи 2022 година
Албанци
 
93,7 %
Срби
 
4,8 %
Роми
 
0,6 %
Затвори

Политика

Во 1992, Албанците во овој дел организираа референдум во кој тие гласаа, Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон Косово. Меѓу 1999 и 2001, Албанска сепаратистичка организација наречена „Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац“ (ОВПМБ), оперираше во овој регион, со цел да ги одцепи овие три општини од СР Југославија и да ги припои кон идното и независно Косово. Овие активности привлекоа помал меѓународен медиски интерес во споредба со случувањата во Косово и Македонија. Терористите беа победени од страна на српските сили, во операција која не одзеде долго време и каде трупите на НАТО помогнаа контролирајќи, терористите да не ги префрлат борбите од Косово. Моменталната ситуација е стабилна, но Албанците прават некои тензии поради нееднаквиот однос од страна на Владата на Србија кон нив.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.