село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Бухин или Бојне (грчки: Ανθηρό, Антиро; до 1928 г. Μπουχίνι, Бухини[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 25 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]
Бухин Ανθηρό | |
---|---|
Координати: 40°27′N 21°20′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | м | 890
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 25 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа во областа Костенарија, на 20 км југозападно од градот Рупишта, во јужното подножје на планината Одре, на надморска височина од 890 м.[3]
Сместено е во непосредна близина на селата Нестиме на север, Жиковишта на југ, Чрчишта на исток и Долени, Мангила и Либешево од запад и југозапад.[3]
Во XIX век Бухин било македонско село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Бојне имало 240 жители, сите Македонци.[4][5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бохин е чисто македонско село во Костурската каза со 30 куќи.[4][6] Истовремено се појавува и Бухин како чисто македонско село со 30 куќи во Населичката каза.[4][7] Најверојатно се работи за истото село.
На почетокот на XX век целото население на Бухин било под врховенството на Цариградската патријаршија, но според Христо Сиљанов по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Во 1904 г. при реорганизацијата на Костенариот револуционерен реон по Илинденското востание, во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.[9]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бухин има 240 Македонци под влијание на патријаршијата.[4][10]
Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Бухин во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[4][11]
Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 30 македонски семејства[4][12], а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[13]
На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Бојне е означено како македонско село.[4][14]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 251 жител. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 230.[3] Во 1928 г. името на селото било променето во Антиро (Ανθηρό).[2]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Бојини имало 37 куќи на Македонци христијани.[15]
Селото прилично настрадало во Граѓанската војна (1946-1949), поради што во пописот од 1951 г. е евидентирано со 177 жители.[3]
Селото се смета за мошне сиромашно, поради што жителите во минатото оделе на печалба. Населението се занимава со земјоделството и сточарството.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 269 | 177 | 169 | 117 | 101 | 58 | 45 | 24 | 25 |
Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жиковишта, во кој влегуваат и селата Лучишта и Жиковишта.
Родени во Бухин
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.