From Wikipedia, the free encyclopedia
Бруно Едуардо Регуфе Алвес (роден на 27 ноември 1981 во Повоа де Варзим) — португалски поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Бруно Алвес | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 27 ноември 1981 | ||
Роден во | Повоа де Варзим, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м | 1,87||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 5 јуни 2022 - (40 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1992–1999 | Варзим | ||
1999–2000 | Порто | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1999–2002 | Порто Б | 58 | (8) |
2002–2010 | Порто | 119 | (14) |
2002–2003 | → Фаренсе | 46 | (3) |
2003–2004 | → Виторија Гимараеш | 26 | (1) |
2004–2005 | → АЕК Атина | 27 | (0) |
2010–2013 | Зенит Ст. Петербург | 71 | (1) |
2013–2016 | Фенербахче | 75 | (3) |
2016–2017 | Каљари | 36 | (1) |
2017–2018 | Ренџерс | 20 | (1) |
2018–2021 | Парма | 85 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2001–2002 | Португалија 20 | 10 | (1) |
2002–2004 | Португалија 21 | 19 | (2) |
2004 | Португалија 23 | 3 | (0) |
2007-2018 | Португалија | 96 | (11) |
* Ажурирано на: 7 март 2017 ** Ажурирано на: 13 ноември 2016 |
Својата кариера ја започнал и го поминал најголемиот дел од неа во екипата на Порто, со која освоил вкупно 9 титули и за која одиграл 171 официјален натпревар. Тој исто така освоил неколку трофеи и во Русија со екипата на Зенит Санкт Петербург, и во Турција со Фенербахче.
Како сениорски репрезентативец на Португалија од 2007 година, Алвес ја претставувал својата земја на три Светски првенства (2010, 2014 и 2018), три Европски првенства (2008, 2012 и 2016, на кое Португалија била победник) и еден Куп на конфедерации.
Тој е син на поранешниот бразилски фудбалер Вашингтон Хералдо Дијас Алвес, а неговите браќа Хералдо Алвес и Хулио Алвес се исто така фудбалери.[1]
Алвес е роден во Повоа де Варзим и започнал да игра фудбал во локалниот клуб ФК Варзим, пред да премине во младинските категории на Порто на возраст од 17 години. После три последователни позајмици во периодот 2002-2005, две во Португалија[2] и уште една во Грција во АЕК Атина,[3] тој се вратил во Порто за сезоната 2005–2006, продолжувајќи го својот договор со клубот до 2010 година[4] и се борел за место во почетната постава со Рикардо Коста и Жоао Пауло. Алвес одиграл седум првенствени натпревари за подоцнежните шампиони, но бил и неславно исклучен на 15 октомври 2005 година во поразот на домашен терен со 0-2 од Бенфика, по удирањето со глава на противничкиот играч Нуно Гомеш.
Пристигнувањето на тренерот Жезуалдо Фереира на клупата на Порто во летото 2006 година, било пресвртница во кариерата на Алвес.[5] Тој ја добил битката со тешката конкуренција за почетното место во тимот кај новиот тренер, формирајќи цврсто партнерство во центрарот на одбраната со Пепе. Импресивната кампања (2006-2007), му донела на играчот голем број на пофалби за неговите перформанси за време на сезоната, во која тој одиграл 28 од 30-те натпревари на Порто во лигата, а клубот освоил уште едно државно првенство.
На 7 април 2009 година, раната грешка на Алвес во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд довела до изедначувачки погодок на Вејн Руни[6]– натпреварот завршил нерешено 2–2 а Порто бил елиминиран со вкупен резултат 3-2. Сепак, на 10 мај, тој со удар со глава го постигнал единствениот погодок во победата на домашен терен против Насионал, што на клубот и на играчот им ја обезбедила четвртата последователна национална титула.[7] Алвес исто така бил избран и за Фудбалер на годината во Примеира лигата за 2009.
На 3 август 2010 година, на возраст од 28 години, Алвес потпишал за рускиот клуб Зенит Санкт Петербург во трансфер вреден 22 милиони евра,[8] придружувајќи име се во составот на сонародниците Дани и Фернандо Меира. Веднаш по неговото доаѓање, тренерот Лучано Спалети го опишал Алвес како многу важен играч за тимот, забележувајќи го неговото искуство, способност за игра во воздухот и силен карактер.[9]
Своето деби за новиот клуб го направил на 14 август 2010, во натпревар на домашен терен против Динамо Москва во Руската Премиер лига кој завршил нерешено 1-1, играјќи ги комплетните 90 минути. Својот прв гол за Зенит го постигнал на 30 септември 2010, против неговиот поранешен клуб АЕК Атина во групната фаза од Лигата на Европа.[10] Својата прва полусезона во Зенит ја завршил со 14 првенствени настапи, помагајќи му притоа на клубот да стане шампион на Русија.
Следната сезона Алвес одиграл 45 натпрвевари за Зенит во сите натпрвеварувања, помагајќи му на клубот да ја одбрани титулата во руското првенство и да го освои Суперкупот, со победа над ЦСКА Москва.
На 5 јуни 2013, Алвес се согласил да му се приклучи на турскиот Фенербахче, потпишувајќи тригодишен договор за плата од 2.5 милиони евра по сезона, во трансфер вреден 5.5 милиони евра.[11][12] Дебитирал за Фенер на 31 јули 2013, во натпреварот против Ред Бул Салцбург одигран во Австрија во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите кој завршил 1-1. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 31 август 2013, во победата со 5-2 на домашен терен над Сиваспор во третото коло од турското првенство. Тој одиграл 25 натпревари и постигнал два гола во неговата прва сезона во Истанбул, помагајќи му на клубот да ја освои титулата во Турската Супер лига.
На почетокот на следната сезона, Алвес играл во Суперкупот на Турција во кој тие го победиле Галатасарај на пенали на 25 август 2014.
На 18 октомври 2014 година, Алвес добил директен црвен картон за удирање на Блерим Џемаили, во поразот со 2-1 од Галатасарај на Турк Телеком Арена.[13] На 25 мај 2015 година, тој повторно бил исклучен правејќи прекршок за пенал против Истанбул Башакшехир, со што станал вториот од четворицата играчи на Фенер кој биле исклучен во тој натпревар кој завршил нерешено 2-2, со што жолто-црните и дозвоиле на Галатасарај да ја осигура титулата во првенството.[14]
На 5 јуни 2016, Алвес потпишал двегодишен договор со Каљари, повратникот во италијанската Серија А.[15] Своето деби за клубот го направил на 15 август 2016, во победата со 5–1 на домашен терен над СПАЛ во Купот на Италија,[16] а дебито во Серија А го имал шест дена подоцна во натпреварот Џенова-Каљари 3-1. Својот прв и единствен погодок за Каљари го постигнал од слободен удар на 11 септември, во поразот со 2-1 од Болоња на Дал'Ара.[17]
Сезоната ја завршил со 36 настапи во Серија А и еден во Купот на Италија и еден постигнат гол.
На 31 мај 2017, Алвес потпишал двегодишен договор со шкотскиот Ренџерс за необјавена сума.[18][19]
Во летото 2018, Алвес се вратил во Италија, потпишувајќи договор со новопромовираната екипа во Серија А Парма до 30 јуни 2019.[20] Веднаш по доаѓањето тој бил назначен за водач на тимот и му била доделена капитенската лента по заминувањето на Алесандро Лукарели кој се пензионирал по завршувањето на претходната сезона во Серија Б. Дебитирал за емилијаните на 19 август 2018 во првото коло од Серија А 2018-2019, во натпреварот Парма-Удинезе 2-2.
Алвес играл за Португалија на Летните олимписки игри 2004, каде што репрезентацијата го завршила учеството во Грција после само три натпревари. Претходно тој бил член и на репрезентациите под 20 и под 21 година.
Своето деби за сениорската ререзентација го добил од страна на селекторот Луис Фелипе Сколари во јуни 2007 година, против Кувајт во пријателски натпревар што завршил нерешено 1–1.[21][22] Следната година тој бил избран во составот за Европското првенство 2008, играјќи во поразот со 0–2 од Швајцарија во групната фаза.[23]
Тој бил постојан стартер во репрезентацијата за време на квалификациите за Светското првенство 2010, а во еден од овие натпревари против Албанија на 6 јуни 2009, го постигнал својот прв гол за Португалија и тој се покажал како победнички во успехот со 2-1, дозволувајќи и на Португалија да обезбеди место во баражот.[24] Таму, во првиот натпревар одигран во Лисабон, тој исто така бил стрелец (на единствениот гол во натпреварот) против Босна и Херцеговина,[25] помагајќи им на португалците да обезбедат пласман на мундијалот со вкупен резултат 2-0; тој, исто така ги одиграл сите натпревари и минути на завршниот турнир во Јужна Африка, каде неговата земја била елиминирана во осминафиналето.
Алвес ги одиграл сите натпревари и минути и на следниот голем турнир на кој Португалија настапила, Европското првенство 2012, играјќи во тандем заедно со поранешниот тимски колега од Порто Пепе. Во полуфиналето, против Шпанија, тој бил еден од двата играчи на Португалија што промашиле пенал во поразот со 4-2 на пенали откако по 120 минути резулататот бил 0-0.[26]
Десет дена подоцна, откако бил вклучен во изборот од 23 играчи на селекторот Пауло Бенто за Светското првенство 2014,[27] Алвес го постигнал победничкиот гол во пријателскиот натпревар против Мексико што завршил 1-0, а тоа бил негов 10-ти гол за сениорската репрезентација. Дебитирал на Светското првенство 2014 во првиот натпревар од групната фаза, поразот со 0-4 од Германија;[28] тој, исто така, започнал и во следните два натпревари на турнирот во Бразил, во испаѓањето на репрезентацијата уште во групната фаза.
Алвес бил избран и во составот за Европското првенство 2016 во Франција.[29] Во претпоследниот натпревар од подготовките за турнирот против Англија на 2 јуни, тој добил црвен картон на десеттина минути пред крајот на првото полувреме за старт со високо подигната нога кон главата на Хари Кејн;[30] што бил неговиот прв црвен картон во репрезентативниот дрес. Својот прв настап на турнирот го имал дури во полуфиналето против Велс поради повредата на Пепе,[31] и ги одиграл комплетните 90 минути во победата со 2–0 во Лион.[32]
Во мај 2017 година, Алвес бил избран во тимот на европскиот шампион за Купот на конфедерации 2017.[33] Тој одиграл 4 натпревари на турнирот, а Португалија го освоила третото место.
Следната година, бил избран во португалскиот состав за Светското првенство 2018 кое исто така се одржало во Русија.[34] Сепак, таму не одиграл ниту еден натпревар, а Португалија била елиминирана во осминафиналето.
Статистиката е ажурирана на 22 април 2019.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1999-2000 | Порто Б | СД | 4 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 |
2000-2001 | СД | 36 | 6 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 36 | 6 | |
2001-јан. 2002 | СД | 17 | 2 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 17 | 2 | |
Вкупно Порто Б | 58 | 8 | 58 | 8 | |||||||||||
јан.-јун. 2002 | Фаренсе | ПЛ | 15 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 15 | 0 |
2002-2003 | СЛ | 31 | 3 | КП | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | 3 | |
Вкупно Фаренсе | 46 | 3 | 2 | 0 | - | - | - | - | 48 | 3 | |||||
2003-2004 | Виторија Гимараеш | ПЛ | 25 | 1 | КП+ЛКП | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 26 | 1 |
2004-2005 | АЕК Атина | АЕ | 27 | 0 | КГ | 10 | 1 | КУ | 5 | 0 | - | - | - | 42 | 1 |
2005-2006 | Порто | ПЛ | 7 | 0 | КП+ЛКП | 1+0 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | - | - | - | 11 | 0 |
2006-2007 | ПЛ | 28 | 2 | КП+ЛКП | 0+0 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | СП | 0 | 0 | 36 | 2 | |
2007-2008 | ПЛ | 27 | 2 | КП+ЛКП | 3+0 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | СП | 1 | 0 | 39 | 2 | |
2008-2009 | ПЛ | 30 | 5 | КП+ЛКП | 4+1 | 0 | ЛШ | 10 | 1 | SP | 1 | 0 | 46 | 6 | |
2009-2010 | ПЛ | 27 | 5 | КП+ЛКП | 5+2 | 0 | ЛШ | 8 | 1 | СП | 1 | 1 | 43 | 7 | |
Вкупно Порто | 119 | 14 | 16 | 0 | 37 | 2 | 3 | 1 | 175 | 17 | |||||
2010 | Зенит Ст. Петербург | ПЛ | 14 | 0 | КР | 2 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2[35]+7 | 0+1 | - | - | - | 25 | 1 |
2011-2012 | ПЛ | 36 | 0 | КР | 3 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СР | 1 | 0 | 45 | 0 | |
2012-2013 | ПЛ | 21 | 1 | КР | 3 | 1 | ЛШ+ЛЕ | 5+1 | 0 | СР | 1 | 0 | 31 | 2 | |
Вкупно Зенит | 71 | 1 | 8 | 1 | 20 | 1 | 2 | 0 | 101 | 3 | |||||
2013-2014 | Фенербахче | СЛ | 25 | 2 | КТ | 0 | 0 | ЛШ | 4[36] | 0 | СТ | 1 | 0 | 30 | 2 |
2014-2015 | СЛ | 24 | 0 | КТ | 5 | 1 | - | - | - | СТ | 1 | 0 | 30 | 1 | |
2015-2016 | СЛ | 26 | 1 | КТ | 3 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2[37]+10[38] | 0 | - | - | - | 41 | 1 | |
Вкупно Фенебрахче | 75 | 3 | 8 | 1 | 16 | 0 | 2 | 0 | 101 | 4 | |||||
2016-2017 | Каљари | А | 36 | 1 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 1 |
2017-2018 | Ренџерс | ШПЛ | 20 | 1 | КШ+ЛКШ | 2+3 | 0+1 | ЛЕ | 0 | 0 | - | - | - | 25 | 2 |
2018-2019 | Парма | А | 30 | 4 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 4 |
Вкупно во кариерата | 507 | 36 | 51 | 4 | 78 | 3 | 7 | 1 | 643 | 44 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.