Босанска бановина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бановина Босна (српскохрватски: Banovina Bosna/Бановина Босна), или Босанска бановина) — средновековна држава со седиште во денешна Босна и Херцеговина. Иако унгарските кралеви ја сметале Босна како дел од унгарските крунисани земји, Босанската бановина била де факто независна држава, во најголем дел од своето постоење. [1] [2] [3] Основана е во средината на 12 век и постоела до 1377 година со прекини во времето на семејството Шубиќ помеѓу 1299 и 1324 година. Во 1377 година била издигната во кралство. Поголемиот дел од нејзината историја била обележана со религиополитичка полемика која се вртела околу родната христијанска Босанска црква осудена како еретичка од доминантните никејски христијански цркви, имено од римокатоличката и источно-православната, со тоа што католичката црква била особено антагонистичка и ги прогонувала членовите.[4] [5]
Бановина Босна Banovina Bosna Бановина Босна | ||||||
Бановина на на Кралство Унгарија | ||||||
| ||||||
| ||||||
Територијална еволуција на Босна | ||||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1154 | ||||
- | Твртко I крунисан како Крал на Босна | 1377 | ||||
Денес во | Босна и Херцеговина Хрватска |
Дел од темата Босна и Херцеговина |
Античка историја |
---|
Рана историја |
Портал:Босна и Херцеговина |