Бла Јунгфрун
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бла Јунгфрун, познат и како „ Блакула “, на англиски понекогаш буквално наречен како и Сината девојка [2] е шведски остров во Балтичкото Море . Се наоѓа во Калмарскиот Проток, помеѓу копнената провинција Смоланд и островската провинција Оланд . Административно, ненаселениот остров е дел од општината Оскаршамн и зафаќа површина од приближно 0,7 km² ( 0,27 mi² ) со средна надморска височина од 86m ( 282 ft ) . Дом на црни гилемоти и шведски национален парк од 1926 година, слободата на шетање во Бла Јунгфрун е ограничена со забрана за преноќување од страна на посетителите на островот или палење огнови.
Национален парк Бла Јунгфрун | |
---|---|
Национален парк Бла Јунгфрун | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Калмарска земја, Шведска |
Најблизок град | Oскаршамн |
Координати | 57°15.1′N 16°47.6′E |
Површина | 1,98 km2 (0,76 sq mi)[1] |
Воспоставен(а) | 1926, проширена 1988[1] |
Посетители | 9,700 (во 1976) |
Управно тело | Агенција за заштита на животната средина (Шведска) |
Мрежна страница | Swedish Environmental Protection Agency |
Островот делумно се состои од карпи, големи минерални фрагменти, а остатокот е покриен со густа дрвна шума. Има неколку пештери и древен камен лавиринт од кој е забрането да се отстрануваат камења.
Геолошки, островот е древен инселберг што се издига од Суб-камбриската рамнина . По неговото формирање во прекамбрискиот период, Бла Јунгфрун бил покриен со песочник, што го заштитил од каква било понатамошна ерозија, сè додека конечно не бил ослободен од својата покривка во облик на песочник во геолошки поново време.[3]
Островот игра важна улога во шведскиот фолклор, каде што се смета за злобно и магично место. Името Бла Јунгфрун најпрвин го користеле морнарите за да избегнат провоцирање на злите духови кои живееле на островот. Според широко распространето верување, раскажано веќе од страна на Олаус Магнус во 1555 година, вештерките се среќаваат таму секој Велики четврток . Карл Линеј, кој го посетил островот во 1741 година, бил скептичен:
„Жените и бајките...генерално велат дека сите вештерки ќе дојдат тука (навистина прилично тешко патување) секој Велики четврток; но оние кои еднаш го посетиле местото, веројатно нема да се вратат и треба да ја откријат причината за басната: Ако некое место во светот изгледа ужасно, ова е сигурно едно од најсуровите.“
Во Шведска и деловите на Финска каде што се зборува шведски, за да го одбележат патувањето на вештерките до Блакула или според некои традиции Бла Јунгфрун, децата се облекуваат како вештерки, старите жени и старците на Велигден и одат од врата до врата за слатки почести слични на традицијата на trick-or-treating Ноќта на вештерките. Децата понекогаш подаруваат рачно изработени картички и други честитки.[4]
Помеѓу 1904 и 1925 година црвениот гранит на Бла Јунгфрун бил извлечен во три каменоломи на јужниот дел на островот. Се увезувал главно во Германија како украсен камен. Уништувањето доведе до напори за заштита на островот. Донацијата од шведскиот претприемач Торстен Кројгер овозможила да се купи островот и да се престане со извлекувањето на камен. Националниот парк е основан во 5 февруари 1926 година од Владата на Шведска .[5]
Во лето, островот може да се посети со туристички чамци од Оскаршамн или од Бикселкрок .[6] Редовните патувања започнаа во 1950-тите. Водичот на паркот на Бла Јунгфрун ги информира посетителите за националниот парк и неговите прописи. Посетата на островот трае околу 3,5 часа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.