Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маѓесништво, во разни историски, антрополошки, религиски и митолошки контексти е употреба на натприродни или магични моќи. Волшепството ја одразува употребата на такви моќи со цел да се нанесе штета или да се повредат луѓето во некоја заедница или нивната сопственост. Други употреби на поимот се однесуваат на разликите помеѓу лоша маѓија и добра маѓија, добрата маѓија се користи за да се отстрани лошата маѓија од некого. Концептот на волшепството е третирано како културна идеологија, средство за да се објасни човечката несреќа со префрлање на вината врз надмоќно суштество или познато лице во заедницата
Историчарите на европското волшепство изнашле антрополошка дефиниција која не е во сооднос со европското и британското волшепство, а не одговара ниту на африканските модели. Присуството или отсуството на магичните техники малку ги загрижува оние кои учествуваат во вештерски ритуали, некои од обвинетите се обиделе да нанесат штета со изведување на такви ритуали.. Како и во антропологијата така и историчарите гледаат на вештерството како идеологија за објаснување на несреќата, сепак оваа идеологија се појавува на различни начини. Постојат неколку типови на вештерки според народното верување и неколку типови на луѓе обвинети за вештерство од различни причини. Ричард Кикхефер (Richard Kieckhefer) ги поделил обвинетите во три категории: Оние фатени на дело на правење на добра или лоша магија; добронамерни вештери или лекувачи кои ја изгубиле довербата на луѓето или властите; и оние кои се непријатели со сите соседи. Кристина Ларнер ( Christina Larner) додава и четврта категорија: Оние одбиените да бидат вештерки а опкружени со аура на вештерски верувања. Вештерка од соседството или народна вештерка : Вештерка која го проколнува соседот по некоја расправија. -Маѓепсничка или волшебничка Професионална лекувачка, волшебничка, гатачка или бабица, или личност која се збогатува преку магија, со здогледување на несреќата кај соседите или нивниот имот, поради соперништвото од нејаснотијата помеѓу добрата и лошата магија, таквите идндивидуи се етикетираат како вештерки. -Натчовечката или ноќната вештерка: Отсликани од многу раскажувачи како демон кој се појавува во визии и соништа. Вештерките во соседството се производ на тензијата меѓу соседите а се пронајдени само во мали рурални села каде што жителите се потпираат еден на друг Таквите обвинувања обвинувања се случуваат по кршење на некои општествени норми, како навремено невраќање на некој позајмен предмет, а секоја личност дел од општествената размена може потенцијално да падне под сомневање. Тврдењата за “волшебнички” и “натприродни” вештерки иако не во сите случаи се издигаат од општествените тезнии: натприридните вештерки често немаат никаква врска со општинските конфликти, туку изразените тензии меѓу луѓето и натприродното: а во Источна и Југоисточна Европа овие натприродни вештерки станаа идеологија во објаснување на штети во што верува целата заедница.
Под монотеистичните религии на Левантот (имено, христијанството и исламот), маѓесништвото се поврзува со ересот и одметнувањето помеѓу католиците, протестантите и во вековното водство на доцниот средновековен/почетокот на модерниот европски период, стравот од волшебништвото доведе до големи ловења на вештерки. Throughout this time, it was increasingly believed that Christianity was engaged in an apocalyptic battle against the Devil and his secret army of witches, who had entered into a diabolical pact Севкупно, стотици, илјадници луѓе се убиени а други затворени, измачувани, прогонувани а им биле одземани и земјата и покуќнината. Поголемиот дел од обвинетите се жени а во некои религии пак поголемиот дел се мажи. Обвинувањата за вештерство се чести со другите обвинувања за ерес кај групи како што се Катарите и Валдензијанците. Malleus Maleficarum познатиот прирачник за ловење на вештерки подеднакво употребуван и од католиците и протестантите, појаснува како да препознаете вештерка, што ја прави жената да биде вештерка, како да судите вештерка и како да казните вештерка. Книгата ги дефинира вештерките како зли и со женски пол.
Во Англија поимот “вештерка” не е употребуван само за да се опише зол волшебник, туку исто така и за лукав човек. Постоеле многу променливи термини за овие практиканти „бели“ „добри“ или „добронамерни“ вештерки, благословувачи, врачеви, маѓепсници, сепак најчести се лукавец и итрец. Современистот Региналд Скот изјавил „Денес не е поразлично да се каже на англиски јазик, таа е вештерка или таа е итра жена“ додека итреците се здобивале со почит јавното мислење за нив сепак не било многу позитивно, бидејќи се верувало дека тие како што може да излекуваат така може и да наштетат. Многу од овие мажи и жени биле осудувани за вештерство. Многу вештерки од Англија се обвинети дека се дружат со демони, а многу всушност биле мудри луѓе чии познавања за самовилите се демонизирани: Многу Француски devins-guerisseurs се обвинети за вештерство, а половината од обвинетите вештерки во Унгарија биле исцелители.
Некои од исцелителите и вражалците обвинувани за вештерство се сметале себеси за посредници помеѓу обичниот свет и духовниот свет, еквивалентни на шамани. Таквите луѓе ги опишувале контактите со самовилите, духовите или мртвите како вонтелесно искуство и патување низ кралствата на ″другиот свет″. Верувањата од овој тип се вметнати во преданијата во поголемиот дел од Европа и нашироко се опишани обвинетите вештерки во централна и источна Европа. Повторувања на теми вклучува учество во повикување на мртвите или големи гозби често водени од женско божество кое подучува магија и дава пророштва: и учество во борби против злите духови, вампири или вештерки, да обезбеди плодност и просперитет за заедницата.
Практикувањата со кои историски се одбележува волшепството се оние кои влијаат врз умот, телото или споственоста на друго лице против неговата или нејзината волја или во кои верува личноста која го обележува тоа, да го потцени општествениот или религискиот поредок. Некои модерни толкувачи сметаат дека пакосната природа на маѓесништвото е дело на христијанството. Концептот на маѓепсничар кој влијае врз телото или сопственоста на друго лице против неговата волја е јасно претставено во многу култури, бидејќи постои традиција и во народната магија и религиската магија кои имаат за цел да се спротивстават на лошата магија или да идентификуваат практиканти на лоша магија. Многу примери може да се најдат во древните текстови, како што се оние од Египет и Вавилон каде што се верува дека лошата магија има моќ да вијае врз умот, телото и сопственста, практикантите на лошата магија стануваат веродостојна причина за болести, заболувања кај животни, лоша среќа, ненадејна смрт, неплодност и слични несреќи. Волшепството од општествено поприфатлив карактер е она кое го одбива злото и го идентификува наводниот злосторник за да го казнат. Народната магија која се користи да се препознае или заштити човек од лоша магија, често е заменета со онаа која ја користат вештерките. Во народното верување исто така постои концептот за бели вештерки и бела магија која е строго добротворна. Многу неопагански вештерки се повикуваат на овој концепт, и пророчуваат етички кодови кои им забрануваат да изведуват магија врз лица без нивна согласност Каде верувањето во практикување на лоша магија постои, овие практиканти се прогонувани со закон а кај општата населеност се омразувани и набљудувани со страв, додека добротворната магија се толерира и е прифатена од народот – иако православието се противи на тоа.
Најверојатно најочигледната одлика кај вештерките е способноста за фрлање на магија, “магија” е збор употребен да ги означи средствата употребени за остварување на целта. Магијата може да се состои од група зборови, формула или стих, или ритуал, или пак комбинација од истите.
Остро кажано “некромантијата” е обред на повикување на духовите на мртвите за божествување или пророштво – иако терминот се употребува и за повикување на мртвите и за други цели. Вештерките сè уште одат по патиштата и гробиштата со нивната лажна магија и го повикуваат ѓаволот, тој им доаѓа во ликот на мажот закопан таму, небаре се издига од мртвите.
Сегашната проценка на бројот на луѓето погубени поради вештерство варива од 40.000 до 100.000. Вкупниот број на судења на вештерки во Европа за кои се знае дека се завршени со погубувања изнесува околу 12.000. Во раната модерна Европска традиција, стереотипно, и не секогаш точно, но вешрерките биле. Ловот на вештерки за првпат се појавува во Швјацарија и Германија за време на 15 и 16 век. Врвот на ловот на вештерки во Германија е достигнат помеѓу 1561 до 1670. Познатата вештерка од фолклорот и популарните суверенија се комбинација на бројни влијанија Карактеризацијата на вештерките како практиканти на зла магија се развила со текот на времето Раните преобратувања во Христијанството, се потпирале врз христијанското свештенство да употребуваат магија поефикасно отколку со старите методи кај Романскиот паганство, христијанството обезбедило методологија што вклучува светци и остатоци, слични на божествата и талисманите во паганството. Откако христијанството стана доминантна религија во Европа, неговата грижа околу магијата се намали. Вештерките или вештерите вклучени во тие обреди наводно го отфрлале Исус и жртвите: практикувале Вештерски собири ( изведување на пеколни обреди што често ги исмејувала жртвувањата на црквата ) : оддавале божествена чест на Принцот на Темнината: а за возврат добивале од него натприродни моќи. Постои верување во фолклорот дека Ѓаволскиот знак како жигот кај стоката е стиснат на кожата на вештерките за да се означи дека е направен пактот. Вештерките најчесто се опишуваат како жени. Вештерките го расипуваат општеството, а поконкретно, бракот Се верува дека вештерките обично склопувале пакт со ѓаволот да се здобијат со моќ за да се справат со неплодноста, поради голем страв за доброто на децата или одмазда на љубовникот. Црквата и Европското општество не биле отсекогаш така желни за лов на вештерки или нивно обвинување за лошите случувања. Светецот Бонифациј објавил во 8 век дека верувањето во постоењето на вештерки не е Христијански начин.. Одрекувањето е прифатено со Канонскиот закон, сè додека не беше повратен назад во подоцните векови кога ловот на вештерките стапи во сила. Во 1307 судењето на Витешкиот темплар покажува паралели на обвинувања за вештерство, напакостување и маѓесништво, а може е и почетокот на големиот Европски лов на вештерки.. Црквата не ја измисли идејата за лов на вештерките како потенцијално опасна сила за практикантите да се осудат на смрт Оваа идеја е честа и пред Христијанската религија Според учителот Макс Дашу, концептот на средновековното волшепство содржи многу од своите елементи уште пред појавата на христијанството Овие може да се најдат во Bacchanalias особено во времето кога се предводени од свештеничката Paculla Annia (188-186). Сепак, дури и подоцна се верувало дека не сите вештерки употребуваат зла магија Во Англија обезбедувањето на оваа исцелителна магија е работа на Вештерскиот доктор попознат како итрец, бел вештер, или врач. Поимот Вештерски доктор е во употреба во Англија и пред да се поврзе со Африка Врачарите биле способни да уништат зла магија (други народни маѓесници си имале свои гледишта. Опфатни мерки специјализирани во дијагнозирање на сојузи од самовили, додека додека магиски лекови за пообични болести како изгореници или забоболка се лекувале со волшебници.) Во Северниот дел од Англија, суеверението е огромно Ланкашир се опколува со доктори-вештери и бајачи кои се преправаат дека лечат болести предизвикани од ѓаволот Докторот-вештер лаже и е попознат под името итрец, имал голема практика во областите Линколн и Нотингем
Такви “итреци” не се нарекувале себеси вештери и ги отфрлале обвиненијата дека се Сепак, записите од средниот век покажуваат дека на обичниот човек не му било многу јасно дали практикантот на магија е вештер или итрец Дополнително, се чини дека многу од населението е подготвено да на овие групи или за лекување или за гатање Кога се знаело за некоја личност дека е вештерка, луѓето сепак барале начин да ги искористат нивните исцелителни способности: сепак што не е случај со итреците, луѓето исто така најмувале вештерки зи проконат непрителите Битната разлика е тоа што постојат записи од луѓе кои пријавуваат наводни вештерки на властите, додека итреците не се толку инкриминирани, повеќе се гонети под обвинение дека ги измамувале луѓето за пари. Долготрајниот резултата на ова здружување на разлишни типови на маѓесници во една група е значајна збрка за тоа што всушност работеле, без разлика дали лекувале или напакостувале, која е улогата (ако ја има) во заедницата, дали може да се идентификуваат како вештерки од други култури или постоеле само како обична проекција. Денешните верувања за вештерките од историјата им додаваат елементи од фолклорот чиишто моќи на врачот, лукавите мажи и жени, божеството и астрологот Типично за европските вештерки вклучувале претворање на храната во отровна или да не може да се јаде, летање на метла или вила, фрлање на магија, проколнување луѓе, разболување на стока , уништување на посед и создавање страв и локален хаос. Рускиот збор за вештерка е ведьма буквално “оној кој знае” од стариот словенски збор вѣдъ "знае"
Двата суда обвинија 29 луѓе за занимавање со вештерство Деветнаесет од обвинетите, четиринаесет жени и петмина мажи се обесени Еден човек којшто одбил да поднесе молба бил каменуван до смрт, во обид да го натераат да направи така. Берем пет од останатите умреле во затвор Иако општо познато како Салем, вештерските судења, прелиминарните судења во 1692 се спроведувани во мноштво градови низ областа Салем Вилиџ, Ипсвич, Андовер како и Салем Таун, Масачусетс Најдобрите судења се спроведени во судот во Ојер (Oyer) и Терминер во 1962 во Салем Таун Сите дваесет и шестмина кои биле на ова судење се обвинети Четирите сослушувања на Врховниот суд на правдата во 1693, одржани во Салем Таун , но исто така во Ипсвич, Бостон и Чарлстаун, обвинија само троица од триесет и едното спроведено сослушување. Наводното вештерство не е изолирано во Нова Англија.
Верувањата во меѓесништвото и неговата употреба се доста распространети во минатото Одиграло значаен дел и во Египет и во Вавилон, како што покажуваат постоечките записи) Таму се вели: Ако човек фрли магија на друг човек неоправдано, оној на кого е фрлена магијата ќе оди до светата река и ќе се искапе Ако реката го совлада и овој се удави, оној кој ја фрлил магијата ќе му ја земе куќата Ако реката го прогласи за невин и овој остане неповреден, човекот кој ја фрлил магијата ќе биде убиен Оној кој се искапал во реката ќе му ја земе куќата а оној кој ја фрлил магијата
Според Ново заветната католичка енциклопедија: Врските во Светото писмо за меѓесништвото се чести а строгите осудувања на таквите практики не е заснована толку при наводната измама колку што се при одојноста од самата магија. Сепак, Kashaph буквално значи или брборење ( од единечен корен) или еквивалентот pharmakeia што значи отров Поблизок превод би бил корисник на напивки ( дополнително pharmakeia означува зла намера) или поопшто оној кој користи магија да им наштети на другите Писмото дава докази дека овие заповеди се спроведувани од Еврејските кралеви Саул се маскирал, облекол друга облека и заедно со двајца мажи ноќе отишле кај жената. Рекол ти се молам тебе божество да го повикаш духот којшто ќе го именувам Жената рече, Стој, знаејќи што им прави Саул на оние што повикуваат духови ќе треба да се молам за животот, ќе умрам? Еврејскиот глагол Hichrit (הכרית) преведен кај Кралот Џејмс како отсекување, може да се преведе како истребувањеЗабележете дека еврејскиот збор ob преведен како познат дух во горниот цитат, има различно значење отколку кај обичното Англиско, имено се однесува на духот со кој жената е запознаена, отколку за дух кој се појавува во облик на животно
Новиот збор во Новиот завет е преведен како “Маѓесништво” “маѓесник” отколку “Вештерство” “вештерка”.
Еврејските закони гледаат на практиката на магија како обожување и/или некромантија: двете се сериозни и теолошки прекршоци во Јудизмот Според Традиционалниот Јудизам , утврдено е постоењето на бела магија, но забрането е да се практикува, бидејќи вклучува обожување на други богови. Рабините на Талмудот исто така ја осудуваат употребата на магија, кога прави илузија, даваат пример за двајца мажи коишто употребиле магија да берат краставици (Синедрион 67а) Оној кој ја прави илузијата за берење краставици не треба да биде казнет, туку само оној кој ги бере со помош на магија Сепак, некои Рабини и самите практикуваат "магија” На пример, Рабинот направил човек и го пратил на Rabbi Zera, Rabbi Hanina и Rabbi Oshaia учеле заедно секоја вечер Сабат и направиле мало теле да го изедат (Синедрион 65b). Во овие случаи “магијата” се гледа како божествено чудо (т.е доаѓа од Бога отколку од паганите божества ) како вештерството. Јудизмот објаснува дека Евреите нема да се обидат да учат за вештерките и дека истите треба да се убијат Егзодус.
Обожувањето и магијата во исламот опфаќаат широк опсег на практики, вклучувајќи црна магија, одбивање на злото око, изработка на талисмани и друга магична опрема, баење, фрлање магија, астрологија, и физиономија. Муслиманите веруваат во магија и ја забрануваат нејзината употреба Sihr се преведува од арапски како маѓесништво или црна магија Најдобро позната референца на магија во исламот е Surah Al-Falaq (означува зора или зазорување) најдобро позната како молитва на Алах за да се отстрани црната магија Кажи Барам прибежиште со господарот на зората од пакоста на створените работи: од пакоста на Темнината како што се шири: од пакоста на оние кои практикуваат тајни вештини, а и од пакоста на завидливот бидејќи завидува (Куран 113:1 - 5) Според Куранот Го следат она кое ѓаволите лажно го поврзаа против кралството на Соломон Соломон не поверува, но ѓаволите не веруваа, го учеа човештвото на маѓесништво и она кое им беше откриено на двата ангела во Вавилон, Харут и Марут Сигурно знаеја дека оној кој се влече таму нема да има среќа и понатаму, а и цената е зла за која си ги продадоа душите, но само да знаеја (Куран 2:102) Сепак, правењето на чуда во исламската свест е својствено само за гласниците и пророците и за натприродните работи се верува дека се изведувани само од Awliyaa – духовно просветлените Неверувањето во чудата на пророците се смета за чин на неверие, додека пак верување во чудата на кој било друг не се смета. Не се сметаат ниту за магија, туку за знаци на Алах, на рацете на оние блиски до него кои се случуваат само по негова волја. Некои од муслиманските практиканти веруваат дека може да побараат помош од џин маѓесништвото Често верување е дека xinot може да опседне човек, оттука потребно е Истерување Практиката на барање помош од Јин е забранета и се смета исто како барање помош од Ѓаволот Верувањето во Јин е дел од Муслиманската вера Пророкот Имам Муслим рече: Алах ги создаде ангелите од светлото, Јин од пламенот од оган, а Адам од она опишано на вас (т.е Глина) Исто во Куранот, Поглавје за Јин Личностите меѓу луѓето барале прибежиште со тие од Јин, така ги намамувале на злодела (Светиот Куран) (72:6) Да се истера Јин од телото на опседнатиот се користи „ruqya“, од пророкот сунах Ruqya содржи стихови од Куранот како и молитви специјално наменети против демони. За Маѓесничко познавање се смета познавањето на кој начин се користат стиховите од Куранот Студентите на историјата на религијата повраа неколку маѓеснички практиканти во исламот со преисламски турски и Источно Африкански обичаи Најзначајно од сите овие обичаи е церемонијата Зар (Zar Ceremony). . Фавза Фалих Мухамад Али е осуден на смрт опоради практикување маѓесништво во 2006 година. Не постои правна дефиниција за меѓесништво во Саудија, но во 2007 година египетски фармацевт е обвинет, осуден и убиен поради верувања дека е вештер. Саудиските власти изрекоа смртна казна за Лебанската ТВ водителка Али Сабат, која го изведувала аџилак (исламското поклонение).
Верувањето во наприродното е големо во одредени делви од Индија, поава на маѓесништво се појавува одвреме - навреме во печатот. Одговорните лица потвдрија дека над 100 жени се измачуваат, парадираат голи или злоупотребуваат годишно. Социјален активист забележува дека тие случаи се само мал дел од вкупниот број.
Во јапонскиот фолклор вештерките се делат во две категории Оние што употребуваат змии и оние што употребуваат лисици.
Вештерка-лисица која е начеста вештерска фигура во Јапонија Различните регионални верувања ги подели оние кои употребуваат лисици во две категории: the kitsune-mochi и tsukimono-suji. Првите ја намамуваат лисицата со јадење Па потоа се договараат да се грижат за неа секој ден, а за возврат да ги добијат маѓесничките услуги од лисицата Лисицата во Јапонскиот фолклор е моќно итро животно, со моќи за менување на формата, опседнување и илузија. Овие суштества се или злобни, се преправаат во жени за да заробат мажи, или се добри како во приказната за „Благодарната лисица“. Сепак кога еднаш ќе потпадне под човечката моќ станува сила од која треба да се плашиме. Лисицата под влијание на човекот, може да обезбеди многу услуги Може да стане невидлива и да ги дознае тајните што нејзиниот господар сака да ги дознае, а сепак да ги задржи моќите за илузија, што господарот ги користи за да ги измами непријателите Најстрашната моќ на kitsuni-mochi е способноста да ја натера лисицата да опседна други луѓе. Овој процес се нарекува Kitsunetsuki Најзабележителни случаи на искористување на лисици во модерна Јапонија се направени од tsukimono-suji или т.н наследни вештерки. Традиционално tsukimono-suji е фамилија позната по искористувањето на лисиците. Лисиците се пренесуваат во фамилијата со години, обично преку женките, овие лисици се способни да го направат истото она како оние кај kitsune-mochi Дополнително, ако лисиците се добро згрижени и среќни, ќе донесат многу среќа и просперитет во куќата Како и да е, помошта што тие ја даваат, секогаш е засенета од општествените и мистичните сплетки како член на такво семејство Во многу села, статусот на локалните семејства како tsukimono-suji е секојдневна работа Тие фамилии се почитуваат но и се плашат од нив, а исто така и јавно се избегнуваат Поради наследството таквиот статус се смета за заразен Поради ова често не е возможно на членовите од таквите семејства да го продадат имотот или друга сопственост поради страв дека лисиците ќе им го растурат домот Понатаму, поради верувањето дека лисиците се пренесуваат по женска линија, речиси е невозможно жена од таква фамилија да си најде маж чијашто фамилија ќе се согласи за бракот меѓу нив Во таа заедница статусот на Tsukimono-suji се префрла на мажот кој ќе се ожени со неа.
Африканците имаат широк опсег на гледиште на традиционалните религии. Африканските христијани ја прифаќаат христијанската догма како и нивните сонародници во Азија. Поимот доктор-вештер придаван на Зулу, често се греши, наместо да означува „човек кој дијагностицира и лекува болести предизвикани од вештерки“ во „лекувач кој употребува магии“ кобинацијата од романо-католички верувања и практики и традиционалните западно африкански религиозни верувања, особено Западно африканското Вуду се неколкуте синкретички религии во САД свлучувајќи Вуду, Обеа Кандомбле, Квимбанда и Сантерија.
Во Јужно Африканските традиции постојат три класификации за некого кој користи магија Thakathi (такати) вообичаено се преведува на англиски како Вештерка а означува зајадлива личност која прави пакост на другите На некој начин се занимава и со медицина Inyanga (Инуанга) обично се преведува како доктор-вештер (иако многу Источноафриканци не го сакаат ова објаснување, бидејќи води до погрешно верување дека вештер-докторот се занимава со зла магија). Задачата на инуанга е да лечи болести и повреди и да им обезбедува на луѓето маѓични предмети за секојдневна употреба. Од овие три категории thakatha (таката) е речиси секогаш жена, sangoma (сангома) исто така, додека пак inyanga (инуанга) речиси секогаш е од машки пол. Децата може да бидат обвинети за вештерство, на пример внуката може да биде обвинета дека е вештерка за болест на некој роднина Многу од овие случаи остануваат непријавени бидејќи луѓето кои сведочат за тоа се премногу исплашени да не бидат обвинети за соучество Се верува дека и волчебството може да се пренесе преку доење Родителите не им дозволуваат на децата да се дружат со луѓе за кои се врува дека се вештерки од 25.000 до 50.000 деца во 2006 год во Киншаса, Демократска Република Конго се обвинети за вештерство и се исфрлени од дома Во април 2008 година во Киншаса, полицијата уапсила 14 осомничени жртви за (крадење на машки полови органи) и маѓесништво, под обвинение дека употребувале црна магија или волшепства да го украдат или да направат машкиот полов орган да исчезне, односно да се намали за да изнудат пари за лекување. Апсењата сè со цел да се избегне крвопролевањето кое се случило во гана пред 10 години кога 12 наводни крадачи на пениси се претепани до смрт од страна на полицијата на 21 мај 2008 година во Кенија е објавено дека полицијата живи запалила најмалку 11 лица обвинети за вештерство. 0д март 2007 год се убиени 25 албина. Во областа Меату пола од убиствата се ″убиства на вештерки″ Организацијата за човекови права (human rights Amnesty International) изјави дека во Гамбија во март 2009 година околу 1000 луѓе обвинети за вештерство се затворени во притвор и присилени да пијат опасни халуциногени напивки. Во Централноафриканската република секоја година илјадници луѓе се обвинети за вештерство. Дополнителни забелешки се појавуваат од страна на домородните Конголијци Може да се развие лек против вештерството кој ќе ја издигне нашата државаВештерството заслужува почит може да разубави или да искупиПретците биле опремени со заштитно маѓесништво од кланот ... Можеле да ја соберат моќта од животните во свои раце кога им била потребна ... Ако го искористиме ова вештерство, нашата земја брзо ќе се здобие со знаење од различни видовиВие вештерки, просветлете не со вашата наука за сите да имаме корист, надарете ја нашата раса Помеѓу Менде (Сиера Леоне) судењата и обвинувањата за вештерство имаат добитен ефект за обвинетите Откривачот на вештерки го предупредува селото да го обезбедат просперитетот на обвинетиот и казнетиот.... стари луѓе ... Шест месеци подоцна сите обвинети луѓе, биле обезбедени, добро нахранети и посреќни од кога било, требало да климнат и луѓето доаѓале со храна или што и да е потребно ... Наместо таквите стари луѓе да бидат оставени беспомошни или во (западното општество) ставени во старечки домови, овие се реинтегрирани во општеството и обезбедени во староста . ... Старите луѓе се погодни за овој тип на обвинување бидејќи се изолирани и ранливи а од друга страна погодни се за социјална безбедност од истите причини. Христијанските пастори биле вклучени во измачување и убиство на деца обвинети за вештерство. Над 1000 лица се убиени а некои и живи заплени во последната деценија. Христијанските проповедници со цел да се разликуваат од конкуренцијата ги здобивале своите акредитации со обвиненија на деца за вештерство. На барање на коментар за случаите, црквата одбива да коментира.
Модерните практики идентификувани од практикувачите како „вештерство“ се издигнале во дваесеттиот век кои може нашироко да се претстават под поимот Неопаганство Сепак, иако формите н Неопаганство може да бидат различни и да имаат различно потекло, овие претставувања може да варираат значително и покрај заедничкото име Практиката на природна медицина, народна медицина и духовно исцелување се чести како и алтернативните медицински и Новите начини на лекување Some schools of modern witchcraft, such as traditional forms of Wicca, are secretive and operate as initiatory secret societies. Постои голем број на пагански практиканти, како што се Пол Хјусон. Кој тврди дека има наследство од тие традиции. Од неодамна движење да се реобноват прехристијанските традиции зазема форма како политеистички реконструкционализам, вклучувајќи практики како обожување и различни форми на шаманизам.
Вистината за барањето на Гарднер сега е дискутабилно, бидејќи различни историчари нудат докази за или против религиското постоење на свештеникот Гарднер Виката што Гарднер ја проповедал е вештерска религија која била многу слична со оној хипотетички култ на Маргарет Миреј во 1920 г. Всушност напиша вовед во Гарднеровото Вештерството денес со нејзиниот печат за одобрување и маќите и жените се подеднакво именувани како „вештери/ки“ Практикуваат форма на дуотеистичка универзалност По смртта на Гарднер во 1964 година Виката која ја создаде тој стана најголемата традиција од различните традиции во западниот свет, а тој влијаеше и врз други неопагански култни движења.
Вештерките на Леланд не го гледаат Луцифер како зла Сатана на христијанскиот мит, туку како благонаклонет Бог на Сонцето и Месечината Ритуалниот формат на современата стрегерија е многу сличен на оние Неопагански вештерски религии како што е Виката. Пентаграмот е најчестиот симбол на религиозното препознавање.
Традицијата Фери е модерна маѓесничка практика од Виктор Андерсон и жена му Кора Тоа е естетска традиција со голем акцент врз сензуалното искуство и свест, вклучувајќи сексуален мистицизам кој не се ограничува само на Хетеросексуална основа. Повеќето од практикантите обожуваат три главни божества: Ѕвездената Божица и двете божествени близначки, едната од нив е Сината Божица. Веруваат дека постојат три делови од човечката душа, верување преземено од хавајската религија Хуна, опишана од Макс Фридом Лонг.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.