Систематика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Систематиката е биолошка наука чијшто предмет на проучување е разнообразието и класификацијата на организмите (археи, бактерии, протисти, габи, растенија и животни). Целта на систематиката е детерминација на филогенијата. Систематичарите наидуваат на големи тешкотии при нивната работа, поради обемноста на живиот свет. Секоја година се опишуваат нови видови, посебно од недоволно истражените подрачја на Земјата, како тропските. Денес се претпоставува дека на Земјата живеат вкупно околу 50 милиони видови на организми.