Бекерова мускулна дистрофија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бекерова мускулна дистрофија или БМД (Becker muscular dystrophy) — X-поврзано рецесивно наследно нарушување кое се одликува со бавнонапредувачка мускулна слабост на нозете и карлицата. Тоа е еден вид дистрофинопатија .[1][2] Ова е предизвикано од мутации на генот на дистрофин, кој ја кодира белковината дистрофин. Бекеровата мускулна дистрофија е поврзана со Дишеновата мускулна дистрофија со оглед што и двете се резултат на мутација на генот на дистрофин,[3] но има поблаг тек.[4]