Карлица или пелвис (латински: pelvis) — масивен коскен појас формиран од карличните коски споени со сакрумот и тртичната коска. Карлицата е сместена во долниот дел на трупот под стомакот и меѓу бутовите, нејзината улога е да ја пренесува тежината на телото од ’рбетниот столб на долните екстремитети.
гранична линија (латински: linea terminalis), со помош на граничната линија карлицата е поделена на:
голема карлица (латински: pelvis major), ограничена е со двете бедрени јами и крсната коска;
мала карлица (латински: pelvis minor) од задната страна стрчи промонториумот и претставува коскен канал отворен на двата краја;
горен отвор, кај мажите е со кружна форма, а кај жените е напречно- валчест, големината на горниот отвор кај женската карлица има големо практично значење поради текот и исходот на породување.
Најзначајни функции на карлицата се:
функција на поврзување, карлицата се поврзува со ’рбетниот столб од задната страна и со бутните коски од предната страна, се поврзува и со некои групи на мускули;
потпорна функција, карличниот појас е многу поцврст и посилен во споредба со раменскиот појас и претставува поткрепа на долниот дел од трупот;
заштитна функција, карлицата ги штити органите (делови од уринарниот тракт, внатрешни репродуктивни органи) сместени во карличната празнина.
Карлицата е поврзана со:
крснобедрен зглоб (латински: articulatio sacroiliaca) го градат ушестите зглобни површини (латински: facies auricularis) од крсната и карличната коска. Зглобот е полуподвижен и во него се вршат мали движења при пренесување на тежината од телото на долните екстремитети;
срамна симфиза (латински: symphysis pubica), срамната симфиза е неподвижен рскавичен спој што ги соединува предните краишта од двете срамни коски.
Пречници на карличниот влез.
Двете карлични коски (лева и десна) во состав на карлицата.
Скршеница на карлица.
Предна и задна страна на карлицата.
Карлица
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.