село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ајтос или Аетос (грчки: Αετός) — село во Леринско, Егејска Македонија. Тоа е исто така центар на Општина Суровичево.
Ајтос Αετός | |
---|---|
Координати: 40°39.38′N 21°33.15′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Суровичево |
Надм. вис. | м | 612
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 759 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото Ајтос е оддалечено 12 км југозападно од Суровичево. Сместено е на надморска височина од 640 метри[2]. Атарот опфаќа 16 км2и се наоѓа во полето, а веднаш над него се издига планината Радож, која е разгранок на Вичо планина. Според записите на Ѓорче Петров селото Ајтос се наоѓа 4 часа на југ од градот Лерин, и е расположено на јужната падина на разгранокот којшто се испушта од Невешката Планина на исток кон Островското Езеро[3]. Тоа е едно од високите планински села во Леринската каза. Од него се гледа целиот Сариѓол. Граничи со селата Горицко, Невеска и Зелениче на запад, Негован на север, Љубетино на исток[3]. На југ се граничи со Врапчанското и Зазерското Езеро и селата кои се расположени крај нив, имено: Свето Тодори и Инско[3].
Името го добило од некој бег Аеги, кој живеел во соседното село Горицко, а Ајтос бил неговиот чифлик. Селото Ајтос се среќава во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде е запишано дека вкупно имало 59 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 69 товари, јачмен до 16 товари, 'рж до 13 товари, граор до 3 товари, бостан, овошје, лен, просо, леќа, обработувале лозја, чувлае свињи, кожурци и имало оревови дрвја и 10 воденици за што селото остварувало свкупен приход од 6839 акчиња[4]. Ајтос била и сè до денес останала чисто македонска населба[2]. Се претпоставува дека селото е формирано од пребегнати македонски семејства од напуштеното село Бегна (Островско) и други села. На основа на податоци според записите на Ѓорче Петров од 1896 година селото имало 125 куќи со 690 жители од кои 80 куќи со 440 жители биле македонски – егзархистички, а 45 куќи со 250 жители биле македонски – гркомански.[3]. Во текот на Втората светска војна и во Грчката граѓанска војна селото настрада и даде повеќе жртви. Неколку семејства побараа спас во Југославија - околу 20 лица, а во источноевропските земји околу 40 лица. Подоцна се јавила и миграцијата во прекуокеанските земји.
Основните занимања на населението за земјоделството и сточарството.
Селото во 1913 г. имало 830 жители, во 1920 г. - 758, во 1928 г. - 941, во 1940 г. - 1189, во 1951 г. - 1056, во 1961 г. - 1016, во 1971 г. - 823, во 1981 г. - 860 и во 1991 г. имало 819 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1189 | 1056 | 1016 | 823 | 860 | 819 | 857 | 759 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.