![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2b/Deventer_IJssel.jpg/640px-Deventer_IJssel.jpg&w=640&q=50)
Ајсел
река во Холандија, растока на Рајна / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ајсел (холандски: IJssel, холандски долносаксонски: Iessel(t)) — растока на реката Рајна во Холандија тече на север и на крајот завршува во Ајселското Езеро (пред изградбата на насипот Афслаутдајк во 1932 г. наречен Заусерзе), природно сидриште во Северното Море. Тече во канал исток-југ околу полдерот Флевополдер, Флеволанд кој се одржува на надморска височина од 3 метри. Оваа водна површина потоа се пумпа во Ајселското Езеро.
Ајсел IJssel | |
---|---|
![]() Ајдел во Девентер | |
Ајсел со темносино | |
Местоположба | |
Земја | Холандија |
Покраини | Гелдерланд, Оверајсел |
Области | Лимерс, Веливе, Ахтерхук, Саланд |
Градови | Арнем (предградија), Дусбург, Зутфен, Девентер, Зволе (предградија), Кампен |
Физички особености | |
Извор | Долна Рајна |
• место | Вестерворт, Гелдерланд, Холандија |
• надм. вис. | 6 м |
Устие | Кетелмер, Флеволанд |
• место | Кампен, Саланд, Оверајсел, Холандија |
• координати | 52°34′58″N 5°50′24″E |
• надм. вис. | −3 м |
Должина | 125 км |
Проток | |
• просечен | 340 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Рајна, Панерденски Канал, Ајсел |
Притоки | |
• десни | Стар Ајсел, Беркел, Схипбек |
Реката понекогаш се нарекува Гелдерски Ајсел (Gelderse IJssel) за да се разликува од реката Холандски Ајсел. Се протега во покраините Гелдерланд и Оверајсел. Римјаните ја нарекувале Изала (Isala). Тече од Вестерворт на источната страна на градоот Арнем.
Слично на Долна Рајна (Недеррајн), оваа рекаа е спореден истек од Рајна. Во местото на раздвојување го добила името Вал. Ова раздвојување е западно од германската граница. Вал се преплетува со други реки и долното течение на Долна Рајна, и го носи збирното име Делта Рајна-Меза-Шелда.