Астрономски каталог — список или табела на астрономски објекти, групирани по ист тип, морфологија, потекло, средство на пронаоѓање или начин на откривање. Се изработуваат со извидување и попишување на објектите на небото.
Главна статија: Ѕвезден катало
„Книга на неподвижните ѕвезди“ (арап. كتاب سور الكواكب) од персискиот научник Абдурахман ел-Суфи (Азофи), објавен во 964 г. - дава подробен опис на над илјада ѕвезди и првиот опис на галаксијата Андромеда[1] (Гумно) и Големиот Магеланов Облак.[2][3]
„Историја на британското небо“ (лат.Historia coelestis Britannica) од англискиот астроном Џон Флемстид - објавено во 1725, ги наведува ѕвездите по т.н. Флемстидово означување: двоцифрени број и генитивниот назив на матичното соѕвездие, како на пр. 61 Cygni (61 Лебед).
каталог „Хенри Дрејпер“ (англ. Henry Draper Catalog) од американскиот астроном Хенри Дрејпер (обј. 1918-1924) - содржи над 225.000 најсјајни ѕвезди, именувани со ознаката HD и шестцифрен број.
Колдвелов каталог (англ.Caldwell catalogue) - составен од англискиот астроном Патрик Мур во 1995 како дополнување на Месјеовиот каталог. Наведените се 109 сјајни ѕвездени јата, маглини и галаксии. Ознаките се движат од C1 до C109. Ова не е вистински астрономски каталог во потесна смисла на зборот, туку збирка од интересни објекти наменета за аматерите.
2MASS - најамбициозниот потфат за заведување на објектите на небото. Меѓу целите на проектот се вбројуваат кафеави џуџиња, опсежно попишување на нискомасивни ѕвезди и сите откриени ѕвезди и галаксии. Заведени се над 300 милиони точкести и 1 милион просторни извори.