галаксија во Месната Група From Wikipedia, the free encyclopedia
Андромеда (макед. народно име: Гумно[11], Месје 31, M31, или NGC 224; во постари текстови „маглина Андромеда“) — џиновска спирална галаксија оддалечена приближно 2,5 милиони светлосни години во соѕвездието Андромеда, што лежи во северната полутопка на небото. Таа е доста слична на нашата галаксија.
Андромеда | |
---|---|
Галаксијата Андромеда | |
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездие | Андромеда |
Ректасцензија | 00ч 42м 44,3с[1] |
Деклинација | +41° 16′ 9″[1] |
Црв. помест. | z = -0,001001 (знакот минус означува сино поместување)[1] |
Радиј. брзина на ореолот | −301 ± 1 км/с[2] |
Оддалеченост | 2,54 ± 0,11 мсг (778 ± 33 кпс)[2][3][4][5][6][б 1] |
Вид | SA(s)b[1] |
Маса | ~1×1012[2][7] M☉ |
големина (сг) | ~100 исг |
Бр. на ѕвезди | 1 билион (1012)[8] |
Прив. димензии (V) | 190′ × 60′[1] |
Прив. величина (V) | 3,44[9][10] |
Апс. величина (V) | −21,5[б 2][4] |
Други ознаки | |
M31, NGC 224, UGC 454, PGC 2557, 2C 56 (јадро),[1] LEDA 2557 | |
Поврзано: Галаксија, Список на галаксии |
Првпат е забележана во 905 од арапскиот астроном Абдурахман ел-Суфи, кој ја опишал како „мал облак“. Првиот опис на галаксијата со помош на телескоп е направен од Симон Мариус во 1612 (на него често му се припишува дека ја открил галаксијата).
За Андромеда се сметало дека е најголемата галаксија од Месната Група на галаксии што се состои од Андромеда, Млечниот Пат и галаксијата Триаголник, како и 30 други помали галаксии. Според најновите истражувања засновани на подобрени мерења и податоци, научниците сметаат дека Млечниот Пат содржи повеќе темна материја, и дека можеби е помасивна во групата. Сепак, скорешните опсервации од вселенскиот телескоп Спицер открија дека Андромеда содржи еден билион (1012), многу поголем од бројот на ѕвезди во нашата галаксија.
Андромеда се состои од:
Галаксијата Андромеда е лесно видлива со голо око во умерено темно небо, иако такво небо постои само во помалите градови и изолираните области што се наоѓаат доволно далеку од големите градови и изворите на светлосно загадување. Всушност Андромеда е единствената галаксија во северната полутопка која е видлива со голо око без некои посебни атмосферски погодности (на јужната полутопка тоа се Малиот Магеланов Облак и Големиот Магеланов Облак). Изгледа доста мала без телескоп бидејќи само средишниот дел е доволно светол да биде видлив.
Во астрономијата е познато дека оваа галаксија е единствената друга галаксија која се гледа со голо око, а е надвор од нашата галаксија Млечен Пат. Галаксијата Андромеда се гледа како мала белузлава маглина со облик на диск, и кај нашиот народ е позната под името „Гумно“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.