![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/63/Pulmonary_aspergillosis_%25281%2529_invasive_type.jpg/640px-Pulmonary_aspergillosis_%25281%2529_invasive_type.jpg&w=640&q=50)
Аспергилоза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аспергилозата е група на заболувања предизвикани од одреден тип на мувла (габа). Овие заболувања најчесто го афектираат респираторниот систем. Оваа габа е насекаде распространета и повеќето типови на габата се безопасни и не предизвикуваат заболувања. Но, некои од нив може да предизвикаат сериозни болести, кога нивните спори се вдишувани од страна на лицата кои имаат ослабен имунолошки систем, или веќе постоечка белодробна болест, како што е астма или цистична фиброза. Аспергилозата е габично заболување предизвикано од мувлата Аспергилус за која се познати околу 180 видови, но само околу 40 предизвикуваат болест. Мувлата е распространета низ целиот свет, и тоа во почвата, во органските материи во фаза на распаѓање, во домовите, во уредите за греење и ладење. Здравите луѓе секојдневно ги вдишуваат нивните спори, а потоа ги исфрлаат. Но, кај луѓето со ослабен имунолошки систем (имуносупресивна терапија, СИДА), или одредени белодробни заболувања (цистична фиброза, ХОБС), овие спори можат да предизвикаат сериозни, па дури и животозагрижувачки состојби.
Аспергилоза | |
---|---|
![]() | |
Хистопатолошка слика од белодробна инвазивна аспергилоза во пациент со интерстицијална пневмонија. Материјал од аутопсија. | |
Специјалност | Заразна болест ![]() |
![]() | Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Алергиската бронхопулмонална аспергилоза се развива кај лица болни од астма или цистична фиброза. Хроничната пулмонална аспергилоза се забележува почесто кај лица со туберкулоза, ХОБС или саркоидоза, како и кај лица кои во минатото имале хируршки зафат на белите дробови поради рак или пневмоторакс. Инвазивната аспергилоза се развива кај лица со ослабен имунолошки систем и лица кои имаат низок број на неутрофили во крвта, лица кои се на хемотерапија, лица кои примаат имуносупресорни лекови, и сл.
Преку некои истражувања се потврдил фактот дека кај некои индивидуи постои генетска предиспозиција за развој на аспергилоза, и дека комбинацијата на генетските фактори со имунолошките и околината можат да предизвикаат развој на одредени форми на аспергилоза. На одредени форми од видот аспергилус им е одреден геномот со што се отвораат вратите за понови и посовремени тераписки методи.[1]