From Wikipedia, the free encyclopedia
Арон Мој (роден на 15 септември 1990 во Сиднеј) — поранешен австралиски фудбалер, играч од средниот ред.
Арон Мој | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Арон Франк Мој[1] | ||
Роден на | 15 септември 1990 | ||
Роден во | Сиднеј, Австралија | ||
Држава | Австралија | ||
Висина | м | 1,86||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 30 јуни 2023 (32 г.) | ||
Младинска кариера | |||
НСВИС | |||
Болтон | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2009-2010 | Болтон | 0 | (0) |
2010-2012 | Ст. Мирен | 21 | (12) |
2012-2014 | Вестерн Сиднеј В. | 49 | (4) |
2014-2016 | Мелбурн Сити | 7 | (0) |
2016 | Манчестер Сити | 0 | (0) |
2016-2019 | Хадерсфилд Таун | 111 | (11) |
2019-2020 | Брајтон | 31 | (2) |
2020-2022 | Шангај СИПГ | 23 | (6) |
2022-2023 | Селтик | 29 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2006 | Австралија 17 | 2 | (0) |
2009-2010 | Австралија 20 | 10 | (4) |
2011-2012 | Австралија 23 | 4 | (2) |
2012-2022 | Австралија | 57 | (7) |
* Ажурирано на: 11 јануари 2012 ** Ажурирано на: 11 јануари 2012 |
Мој ја започнал својата кариера во Европа како младински стипендист во школата на англискиот клуб Болтон Вондерерс, откако бил забележан од Крис Сали.[2]
Сепак, тој го напуштил Болтон без да забележи ниту еден настап за првиот тим на клубот, откако одбил да го продолжи договорот во јули 2010 година, барајќи поголема минутажа.[3][4]
На 23 октомври 2010 година, Мој му се приклучил на Сент Мирен, клуб од Шкотската Премиер лига,[5] и дебирал истиот ден во поразот со 3–0 од Хартс.[6] На 18 јануари 2011 година, го постигнал својот прв гол за светците, во повтрениот натпревар од четвртото коло на Купот на Шкотска, кој Сент Мирен го добил со убедливи 6–1 против Питерхед.[7] Откако запишал 18 настапи и еден гол во сите натпреварувања, на Мој му бил понуден нов договор во април 2011 година,[8] пред конечно да потпише продолжување за уште две години во мај.[9]
Сезоната 2011-2012, за негова несреќа била обележана од стресната фрактура на грбот која што ја доживеал уште за време на претсезоната.[10] Сепак, како што минувале месеците, неговото закрепнување започнало да оди добро.[11] Откако посетил специјалист за се увери дека повредата е залечена,[12] Мој се вратил во акција на 17 декември 2011 година, влегувајќи како замена, во ремито 1-1 против Мадервел.[13] Во следниот натпревар, одигран на католички Бадник 2011, тој го постигнал својот прв првенствен гол за клубот против Ренџерс на Сент Мирен Парк во победата со 2-1.[14]
Поради веќе споменатата повреда, втората сезона со Сент Мирен ја завршил со само 12 настапи, 8 во првенството и 4 во купот, и еден постигнат гол.
Откако го напушти Сент Мирен со слободен трансфер, Мој се вратил во Австралија на 25 јуни и бил најавен како едно од трите инаугуративни засилувања на новиот клуб член на А-лигата, Вестерн Сиднеј Вондерерс.[15] Тој го направил своето деби во воведниот натпревар од сезоната во ремито 0-0 против Сентрал Коуст Маринерс[16] а на 23 февруари 2013 година, тој го постигнал својот прв гол, во победата со 1–0 над Перт Глори.[17] Тој одиграл 23 настапи и постигнал еден гол во својата прва сезона со Вондерерс, кои го завршиле регуларниот дел од сезоната на првото место и се пласирале во големото финале во нивната инаугуративна сезона. Мој учествувал и во неговото второ последователно големо финале на А-лигата следната сезона; сепак клубот од неговиот роден град одново бил поразен во финалниот натпревар овојпат од Бризбејн Роар.
Откако бил отпуштен од Вестерн Сиднеј Вондерерс на 21 мај 2014 година,[18] истиот ден, било објавено дека тој ќе се придружи на еден од најголемите ривалите на клубот во А-лигата, Мелбурн Сити. Тој го постигнал својот прв гол против Брисбејн Роар, а исто така постигнал гол и на двата натпревари против неговиот поранешен клуб Вестерн Сиднеј Вондерерс. На крајот на сезоната, тој ја освоил титулата во А-лигата со Мелбурн Сити, притоа бил избран за играч на годината на клубот и бил најдобар стрелец на клубот за таа сезона (со 7 гола), а исто така имал и осум асистенции.
Мој станал најмладиот марки играч во историјата на А-лигата кога повторно потпишал со Мелбурн Сити за сезоната 2015–2016. На 29 септември, тој постигнал хет-трик против Хајделберг Јунајтед во четвртфиналето на ФФА купот, а два од погодоците биле постигнати со удар надвор од шеснаесетникот; со ова тој исто така станал прв играч на Сити кој постигнал хет-трик во ФФА купот. За време на неговиот престој во Мелбурн Сити, селекторот на австралиската репрезентација Анге Постекоглу го означил Мој како „најдобар и највозбудлив играч во А-лигата“, додека поранешниот голман на сокеросите Марк Боснич го опишал како „најдобриот австралиски играч од средниот ред кој игра било каде во светот“.[19] Добрите игри на Мој не останале не забележани ниту од другите екипи ширум светот, па така Мелбурн Сити одбил една понуда од 2 милиони долари од клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср.[20] На 5 март 2016 година, тој му асистирал на Бруно Форнароли за два од неговите три гола за да стигне до 20 асистенции за сезоната; рекорд на сите времиња во А-лигата.[21]
На 30 јуни 2016 година, Мој потпишал тригодишен договор со Манчестер Сити.[22]
Само шест дена по потпишувањето за Манчестер Сити, Мој бил позајмен Хадерсфилд Таун во Чемпионшип.[23] Тој го направил своето деби за Хадерсфилд во нивната победа од 2–1 над Брентфорд на 6 август,[24] и го постигнал својот прв гол за нив на 10 септември во победата со 1–0 над Лидс Јунајтед во дербито на Западен Јоркшир.[25] На 28 ноември 2016 година, тој постигнал моментален израмнувачки погодок во поразот со 2–1 на домашен терен од Виган Атлетик.[26] На крајот од регуларниот дел од сезоната навивачите на Хадерсфилд Таун го изгласале Мој за најдобар играч на сезоната, која завршила со промоција на териерите во Премиер лигата откако клубот бил победник во финалето на плејофот во кое го совладале Рединг по изведување на пенали; Мој бил еден од сигурните изведувачи за својата екипа.
На 15 јуни 2017 година, било објавено дека Хадерсфилд се договорил со Манчестер Сити да го потпише Мој на трајна основа. Надоместокот бил пријавен на 8 милиони фунти, со потенцијално зголемување на 10 милиони фунти во зависност од додатоците. Сити би имал и откупна клаузула за враќање на Мој.[27] Трансферот бил финализиран на 30 јуни.[28] Мој го направил своето деби во Премиер лигата за Хадерсфилд во нивниот прв натпревар од сезоната 2017–2018, победата од 3–0 над Кристал Палас, а самиот Мој учествувал во два од головите.[29] Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата една недела подоцна, единствениот гол во натпреварот со кој Хадерсфилд го победил Њукасл Јунајтед.[30] На 21 октомври 2017 година, Мој го постигнал воведниот гол кога Хадерсфилд го изненадил Манчестер Јунајтед со 2–1 во пресметката во Премиер лигата на стадионот Џон Смит.[31]
Во неговата трета сезона во Хадерсфилд, Мој одиграл 29 натпревари и 3 гола, но не можел да го спречи испаѓањето на териерите од Премиер лигата.
На 8 август 2019 година, Мој се приклучил на Брајтон енд Хоув Албион на позајмица од Хадерсфилд Таун.[32] Своето деби за галебите го направил влегувајќи како замена во ремито 1–1 на домашен терен против Вест Хем Јунајтед на 17 август.[33] Првиот гол за клубот го постигнал на 28 декември 2019, во победата со 2-0 на домашен терен над Борнмут.
На 24 јануари 2020 година, Мој направил постојан трансфер во Брајтон потпишувајќи договор на три и пол години.[34]
На 28 август 2020 година, било објавено дека Мој потпишал за кинескиот клуб Шангај СИПГ, откако тие ја активирале ослободителната клаузула во неговиот договор од 4 милиони фунти.[35] Менаџерот на Брајтон, Греам Потер рекол по неговото заминување „навистина уживав да работам со него, и во име на сите во клубот би сакал да му се заблагодарам за неговиот придонес и да му посакам добро во иднина“.[36]
Дебитирал во кинеското првенство на 15 септември 2020 во победата со 1-2 на гостувањето кај Вухан, постигнувајќи го притоа вториот од погодоците на неговиот тим.
На 19 јули 2022 година, Мој му се приклучил на Селтик потпишувајќи двегодишен договор со клубот.[37]
Мој имал право да ги претставува Германија или Холандија преку неговите родители.[38]
Во периодот 2008 и 2009 година, Мој одиграл 10 натпревари и постигнал четири гола за австралиската репрезентација под 20 години. Тој играл на Светското првенство за играчи под 20 години, каде настапил во два натпревари од групната фаза пред Австралија да биде елиминирана, постигнувајќи гол во неговиот втор натпревар против Бразил. Тој бил повикан во сениорската репрезентација во август 2009 година.[39]
Кон крајот на 2011 година, Мој изјавил дека сака да игра за Австралија на Летните олимписки игри 2012,[40] сепак, тие биле неуспешни во нивната квалификациска кампања за Лондон 2012.
На 7 декември 2012 година, тој го направи своето деби за сениорската репрезентација против Гуам постигнувајќи гол од слободен удар за да го отвори резултатот во натпревар во кој Сокеросите победиле со 9-0.[41] Во следниот натпревар против Кинески Тајпеј, Мој повторно постигнал гол од слободен удар кога Сокерос победиле со 8–0 и се квалификувале за ЕАФФ источноазискиот куп.
На 11 март 2015 година, тој бил избран во составот за натпреварите против Германија и Македонија. На 3 септември 2015 година, тој го постигнал петтиот гол во победата со 5–0 над Бангладеш во квалификациите за Светското првенство 2018 во Перт.[42] Како еден од главните играчи на Австралија во овој квалификациски циклус, Мој им помогнал на Сокерос да стигнат до завршниот турнир во Русија со успехот над Хондурас во интерконтиненталниот плејоф, завршен со вкупен резултат 3-1 за Австралија.
Во мај 2018 година, тој бил избран во австралискиот состав од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија,[43] правејќи го своето мундијалско деби на 16 јуни во Казањ во поразот со 2-1 од подоцнежниот светски првак Франција во првиот натпревар од групата. Мој ги одиграл целосно и другите два натпревари на Австралија против Данска и Перу, но Сокерос биле елиминирани откако освоиле само еден бод во групната фаза.
Четири години подоцна, тој ја претставувал Австралија на своето второ светско првенство во Катар 2022.[44] Како и пред четири години, тој играл во сите натпревари на својата земја во фазата по групи, но овојпат Австралија имала повеќе среќа; иако почетокот бил идентичен како и на претходното првенство, со пораз од Франција, потоа тие ги совладале Тунис и Данска со 1-0 и како втори зад триколорите минале во осминафиналето каде се сретнале со Аргентина. Мој го одиграл целиот натпревар против гаучосите, во кој неговата репрезентација загубила со 2-1 и го завршила настапот на катарското првенство.
Статистиката е ажурирана на 2 ноември 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2010-2011 | Сент Мирен | ШПЛ | 13 | 0 | КШ+ЛК | 5+0 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 1 |
2011-2012 | ШПЛ | 8 | 1 | КШ+ЛК | 4+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 12 | 1 | |
Вкупно Сент Мирен | 21 | 1 | 9 | 1 | - | - | - | - | 30 | 2 | |||||
2012-2013 | Вестерн Сиднеј Вондерерс | АЛ | 22+1[45] | 1+0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 23 | 1 |
2013-2014 | АЛ | 23+2[45] | 3+0 | - | - | - | АЛШ | 5 | 1 | - | - | - | 30 | 4 | |
Вкупно Вестерн Сиднеј Вондерерс | 45+3 | 4+0 | - | - | 5 | 1 | - | - | 53 | 5 | |||||
2014-2015 | Мелбурн Сити | АЛ | 25+2[45] | 7+0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 27 | 7 |
2015-2016 | АЛ | 24+2[45] | 11+0 | КА | 4 | 6 | - | - | - | - | - | - | 32 | 17 | |
Вкупно Мелбурн Сити | 49+4 | 18+0 | 4 | 6 | - | - | - | - | 59 | 24 | |||||
2016-2017 | Хадерсфилд Таун | ФЛЧ | 45+3[46] | 4+0 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 51 | 4 |
2017-2018 | ПЛ | 36 | 4 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 4 | |
2018-2019 | ПЛ | 29 | 3 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 3 | |
авг. 2019 | ФЛЧ | 1 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Хадерсфилд | 81+3 | 11+0 | 6 | 0 | - | - | - | - | 90 | 11 | |||||
2019-2020 | Брајтон | ПЛ | 31 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 2 |
2020 | Шангај СИПГ | КСЛ | 4+6[46] | 1+0 | КК | 1 | 0 | АЛШ | 6 | 0 | - | - | - | 17 | 1 |
2021 | КСЛ | 13 | 5 | КК | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 14 | 5 | |
Вкупно Шангај СИПГ | 17+6 | 6+0 | 2 | 0 | 6 | 0 | - | - | 31 | 6 | |||||
2022-2023 | Селтик | ШПЛ | 29 | 4 | КШ+ЛК | 4+4 | 3+0 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 42 | 7 |
Вкупно во кариерата | 289 | 46 | 30 | 10 | 16 | 1 | - | - | 335 | 57 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.