италијански архитект и вајар From Wikipedia, the free encyclopedia
Арнолфо ди Камбио (италијански: Arnolfo di Cambio; ок. 1240 – 1300/1310) — италијански архитект и вајар. Ја проектирал Фирентинската катедрала, нејзините украси и шестиот градски ѕид на Фиренца (1284–1333),[1] а во вајарството се истакнал со споменици на кардинали и папи.[2]
Арнолфо ди Камбио Arnolfo di Cambio | |
---|---|
Биста на Арнолфо ди Камбио во родното Коле ди Вал д'Елса | |
Роден(а) | 1232/1240 Коле ди Вал д'Елса |
Починал(а) | 8 март 1302 Фиренца | /1310
Националност | Италијанец |
Арнолфо е роден во Коле Вал д'Елса, Тоскана.
Работел како главен помошник на Никола Пизано во изработката на проповедница на Сиенската катедрала (1265–1268), но набргу почнал со самостојна работа на важни скулптури во гробници. Во 1266–1267 г. работел во Рим за кралот Карло I Анжујски, и го извајал во познатата статуа сместена во Кампидољо. Околу 1282 г. го завршил споменикот на кардиналот Гијом де Бре во црквата „Св. Доминик“ во Орвјето, вклучувајќи устоличена Богородица (Маеста) која ја работел по урнек на статуа на римската божица Абунданција; тијарата на Богородица и скапоцените камења на неа ја подражаваат онаа на божицата.[3] Во Рим Арнолфо имал прилика да ја проучи козматската уметност, и нејзиното влијание е забележливо во интарзијата и разнобојните стаклени украси во базиликата „Св. Павле надвор од ѕидините“ и црквата „Св. Кикилија во Трастевере“, каде работел во 1285 и 1293 г. Во овој период работел и на божиќните јасли на базиликата „Голема Богородица“ (Санта Марија Маџоре), на црквата „Пресв. Богородица на Небесниот жртвеник“ (Арачели), на споменикот на папата Бонифациј VIII (1300) и бронзената статуа на апостол Петар во базиликата „Св. Петар“ во Рим.
Во 1294–1295 г. работел во Фиренца, претежно како архитект. Според биографот Џорџо Вазари, тој бил главен мајстор на градската катедрала, за која изработил разни статуи кои некогаш го краселе долниот дел на фасадата, но бил уништен во 1589 г. Преостанатите статуи денес се изложени во Музејот на делата на Катедралата. Му се припишува и Базиликата на Светиот Крст (Санта Кроче), но ова тврдење е многу оспорено. Вазари му го припишува и урбанистичкиот план на новиот град Сан џовани Валдарно.
Монументалниот карактер на делата на Арнолфионо оставиле траен белег врз изгледот на Фиренца. Неговите погребални споменици станале пример за готрската погребална уметност.
Џорџо Вазари ја обработил неговата биографија во делото „Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти“.
Данте Алигиери го почестил Арнолфо, споменувајќи ја Битката кај Коле Вал д'Елса (1269) двапати во книгата „Чистилиштето“. Данте се запознал со архитектот додека работел на Фирентинската катедрала, а подоцна и кога Данте служел како приор (црковен настојник) на градот во 1300 г.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.