Антонио Кабрини
италијански фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Антонио Кабрини (роден на 8 октомври 1957 година во Кремона) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.
Антонио Кабрини | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 8 октомври 1957(1957-10-08) (66 г.) | ||
Роден во | Кремона, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | &100000000000001770000001,77 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 1988 (33 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Кремонезе | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1973-1975 | Кремонезе | 29 | (2) |
1975-1976 | Аталанта | 35 | (1) |
1976-1989 | Јувентус | 297 | (33) |
1989-1991 | Болоња | 55 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
1978-1987 | Италија | 73 | (9) |
Раководител на екипите | |||
2000-2001 | Арецо | ||
2001 | Кротоне | ||
2004-2005 | Пиза | ||
2005-2006 | Новара | ||
2012-2017 | Италија (жени) | ||
† Учества (Голови). |
Сметан за еден од првите модерни бекови, како и еден од најголемите толкувачи на таа улога ширум светот,[1][2] неговото име се врзува главно за Јувентус, тим во кој одиграл тринаесет сезони помеѓу 70-тите и 80-тите години на дваесеттиот век, и бил капитен од 1988 година до 1989 година. Заедно со голманот Дино Ѕоф, либерото Гаетано Ширеја и другиот бек Клаудио Џентиле, соиграчите во Јувентус но и во репрезентацијата, Кабрини формирал една од најдобрите одбранбени линии во историјата на фудбалот.[3]
За „бјанконерите“ одиграл 440 натпревари и постигнал 52 гола, освојувајќи шест скудета, два Купа на Италија и сите големи клупски натпреварувања на УЕФА: станувајќи заедно со гореспоменатиот Ширеја првиот играч кој успеал да го постигне ова.[4] За репрезентацијата на Италија одиграл 73 натпревари и постигнал 9 гола, што го прави најплодниот стрелец меѓу дефанзивците во историјата на Аѕурите.[5]
Како кандидат за добивање на Златната топка неколку пати, најдобриот пласман го забележил во 1978 кога завршил 13-ти.[6]
Во 2022 година, тој бил примен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.[7]