From Wikipedia, the free encyclopedia
Анонимус (англиски: Anonymous, што значи „анонимен“) е хактивистичка група која се појави во 2003 година како неформална мрежа која се бори против цензурата на интернетот, а некои експерти ја сметаат и за наследник на мрежното место Викиликс[2]. Групата најчето напаѓа мрежни места кои, според нивното мислење, дејствуваат на штета на слободата на интернетот.
Знамето ја пренесува симболиката поврзана со Анонимус. Сликата на "костум без глава" претставува организација без водач и анонимност [1] | |
Поединци се појавуваат во јавноста како Анонимус, носат маски на Гај Фокс, популаризирана од графичкиот роман и филм V for Vendetta | |
Основана | 2003–денес |
---|---|
Вид | Интернет феномен Виртуелна заедница Здружение |
Цел | Интернет активизам Интернет трол Антиглобализам кибервојна |
Регион | Глобално |
Членство | Група за притисок |
Од активноста на Анонимус настрадале платните системи Visa, Mastercard, кои ги замрзнале сметките на Џулијан Асанж, како и PayPal, бидејќи одбил да прима переводи на името на Асанж [3] . Освен тоа, на напади биле подложени вдомувачот Amazon, швајцарските банки PostFinance, EveryDNS, мрежното место на шведскаото обвинителство и мрежното место на поранешниот гувернер на Алјаска, Сара Пејлин.
Акцијата за заштита на мрежното место Wikileaks Анонимус нарекуваат операција «распали". Нападите на Анонимус се изведуваат со програмата LOIC.
Нападите на Анонимус се засилуваат по затворањето на мрежното место на коешто се разменуваа податотеки Мегааплоад. Мрежните места на американските владини институции, како и тие на големите музички и филмски корпорации во САД, една недела постојано биле хакирани од групата „Анонимус“, која се одмаздувала за апсењето на најпознатиот светски хакер Ким Дотком Шмиц, кој беше уапсен во петокот во Оукленд, Нов Зеланд. Шмиц е обвинет во САД дека преку своето мрежно место „Мегааплоуд“ им овозможил на корисниците бесплатно да преземаат филмови, музика, книги и апликации од интернет, со што тој нелегално заработил 175 милиони долари, а ги оштетил сопствениците на пиратираните авторски права за над половина милијарди долари.
„Анонимус“ упаднаа на мрежните места на повеќе државни институции, меѓународни организации и политички партии низ светот, обвинувајќи ги дека ги задушуваат слободата и демократијата. Омиленото оружје на „Анонимус“, кои се борат за слобода на интернетот, не е класичното хакирање на страницата, туку пренасочување на сообраќајот кон посакуваната страница, која поради големиот прилив на корисници на таа адреса, се блокира.
Во јануари 2011 година во Велика Британија се уапсени пет хакери од групата "Анонимус". Во 2011 година "Анонимус" објавиле дека започнале координирани напади врз мрежното место на владата на Египет. Од активностите на хакерите биле настрадале ресурси на египетското министерство на информациите. На 21 јуни 2011 година "Анонимус" се обединиле со хакерската група LulzSec, поради сличните ставови, а на 4 јули и со хакерите од The Script Kiddies.
Во јули 2011 година „Анонимус“ објавуваат тајни податоци, украдени од опслужувачот на американската консултанска компанија Booz Allen Hamilton. Групата истакнала дека тоа е направено со цел да се покаже слабоста на системите за заштита, користени од фирмата во сопствените мрежи.
„Анонимус“ се вклучија во протестот окупирај го Вол стрит заканувајќи се дека ќе напаѓаат мрежното место на Њујоршката берза (NYSE). На 11 октомври со DDoS напади тие успеаја за еден час да ја нарушат работата на мрежното место.
Повеќе десетици илјади лица, на кои им се приклучуваат и многу европски експерти, правници, новинари и политичари, протестираа на улиците на бројни европски градови, против контроверзниот меѓународен договор за заштита на интелектуалната сопственост на интернет - АКТА, кој, како што сметаат, ќе ја ограничи слободата на користење на мрежата и ќе ја зголеми можноста за контрола на граѓаните. Меѓу првите се собраа критичарите на овој договор во литванската престолнина Вилнус, каде со натписите "Стоп АКТА" пред зградата на Владата протестираа неколку илјади луѓе.
Во Германија протестите против овој договор собраа околу 41.000 лица, а најголемите собири се одржаа во Минхен и во Берлин, каде одделни демонстранти имаа залепен селотејп преку устата. Еден од поголемите протести е одржан во Софија, каде во протестен митинг пред зградата на Владата учествуваа околу 4.000 лица. Завчера и чешките и полските демонстранти ги поддржаа граѓаните на Германија, Австрија, Финска, Франција, Бугарија, Словачка, Хрватска и други земји од Средна и Источна Европа, протестирајќи против антипиратскиот договор АКТА.
Дел од учесниците во овие протести носеа маски на Гај Фокс од филмот "В како Вендета", кои ја симболизираат хакерската група "Анонимус". Европскиот трговски договор АКТА бара построго следење на заштитата на авторските права на интернет и на пазарот на информатичките технологија. Договорот против фалсификувањето и интернет-пиратерија АКТА (Anti-Counterfeiting Trade Agreement) кон крајот на јануари 2012 го потпишаа 22 членки на Европската унија и повеќе други земји во светот, меѓу кои и САД, Јапонија, Швајцарија и Австралија. Ратификација на АКТА во ЕУ треба да се случи 2012 годинава во Европскиот парламент. Меѓутоа, протестите, барем засега, ја одложија ратификацијата на АКТА во Чешка, Германија, Латвија, Полска и Словачка.
По серијата протести на "Анонимус" и нивните приврзаници низ Европа, "Анонимус" го урнаа мрежното место на Меѓународната полициска агенција (Интерпол), само еден ден откако упадна и на мрежното место на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).
Еден од претставниците на Анонимус, со псевдоним Ладнокрвниот (Coldblood), во интервјуто за англискиот весникот Гардијан ја објаснил филозофијата на групата, со следните зборови:
Како киберкултура, естетика на Анонимус е засновани врз различни форми на шок хумор, вклучително и жанрови на надреален и црн хумор. Анонимус го користат мотото: "Ние сме Анонимус. Ние сме Легија. Ние не простуваме. Ние не забораваме. Очекувајте не.” Составен дел од иконографијата на Анонимус е маската на Гај Фокс. Членовите на Анонимус или нивните симпатизери оваа маска ја користат на разните простести низ светот.
Во сите свои напади групата Анонимус ја користи програмата LOIC (Low Orbit Ion Cannon) и нејзината наследничка HOIC (High Orbit Ion Cannon) - програми, развиени од Анонимус програмери на порталот 4chan. Целта на програмата е со неа да може да делува дури и човек кој никогаш не се обидел да изврши DDoS напади. Единствено е потребно корисникот на програмата да воведе информации за целта и да почне нападот. Одлика на програмата LOIC е дека таа може да се поврзе со IRC-канал или Twitter, што овозможува да се координира сериозен напад врз опслужувачот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.