Амазон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Амазон (шпански и португалски: Amazonas) — значајна река во Јужна Америка и најголемата река во светот во однос на волуменот на количество вода која тече поголем од 8-те најголеми реки заедно. Амазон, кој има најголем речен слив, се смета дека околу една петтина од сите речни текови во светот. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу 190 км и 210 км широк. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.
Амазон | |
Amazonas, Apurímac, Ene, Tambo, Ucayali, Amazonas, Solimões | |
Залез на Амазон кај Летисија, Колумбија | |
Земји | Бразил, Колумбија, Перу |
---|---|
Притоки | |
- леви | Марањон, Жапура/Какета, Рио Негро/Гвајнија, Путомајо |
- десни | Укајали, Пурус, Мадејра, Тапажос, Шингу |
Град | Икитос (Перу); Летисија (Колумбија); Табатинга (Бразил); Тефе (Бразил); Итакоатиара (Бразил) Паринтинс (Бразил); Обидос (Бразил); Сантарем (Бразил); Алмејрим (Бразил); Макапа (Бразил) |
Извор | Анди |
- место | Мисми, Арекипа, Перу |
- височина | 5.170 м |
- координати | 15°31′5″S 71°45′55″W |
Утока | Атлантски Океан |
- височина | 0 м |
- координати | 0°42′28″N 50°5′22″W [1] |
Должина | 6.437 км [2] |
Слив | 7.050.000 км2 [2] |
Истек | |
- просечен | 209.000 м3/с [3] |
Сливот на Амазон
|
Додека Амазон е најголема река во светот во однос на повеќето мерки, моментално географската заедница смета дека е втора по должина, само за малку пократка од Нил. Дел од научниците од Бразил и Перу на ја прифаќаат оваа теорија.