Азори или Азорски Острови (службено: Автономен регион Азори, португалски: Região Autónoma dos Açores) се португалски острови во северниот дел на Атлантски Океан, околу 1.500 км западно од брегот на Европа, односно, од копнениот дел на Португалија. Азорите се истовремено и автономна покраина на Португалија, а нејзин најголем град и центар, Понта Делгада, е и управно седиште на покраината. Како што Азорите имаат статус на автономна покраина, така директно се составен дел на Европската Унија како нејзин краен дел. Во оваа територија се издвојуваат девет значајни острови. На запад се Флориш и Корву, во средината се Грасиоза, Терсејра, Сао Жоржи, Пику и Фајал, додека Сао Мигел и Санта Марија се на исток. Азорите се создадени од вулканска активност што се случила пред илјадници години и се наоѓаат во средината на Атлантскиот Океан. На повеќето од плажите на островите песокот има потемна боја, токму поради вулканското потекло[5]„Магичните Азорски Острови“. ИГЕО-ПОРТАЛ. Посетено на 2018-12-05.</ref>.

Кратки факти Азори Açores, Земја ...
Азори
Açores
Автономен регион на Португалија
Thumb
Планината Пику симбол на Азорите
ThumbThumb
Етимологија: açor, Португалски за северен јастреб (Accipiter gentilis, pt:Açor), вид граблива птица
Гесло: Antes morrer livres que em paz sujeitos
(македонски: "Попрво умри слободен отколку помирен со ропство")
Thumb
Местоположба на Азорите во однос на Португалија (зелено) и остатокот од Европската Унија (темносина)
Земја Португалија
Автономен регион Азори
РегионАтлантски Океан
ПодрегионСредноатлантски гребен
ПоложбаАзорско плато
Населба15 август 1432
Административна автономијаоколу 1895
Политичка автономија4 септември 1976
Главни градовиПонта Делгада, Хорта, Ангра ду Хероизму
Управа
  ПретседателВаско Кордеиро
Површина
  Вкупна2.333 км2 (901 ми2)
Население (2012)
  Вкупно245.746
  Густина110/км2 (270/ми2)
Час. појасAZOT (UTC−1)
  Лето (ЛСВ)AZOST (UTC) (UTC)
Пошт. бр.9XXX-XXX
Повик. бр.(+351) 29X XX XX XX[1]
HDI (2017)0.795[2]
high · 7th
Се вози надесно
ДемонимАзореец
ПатронимEspírito Santo
Празник51ви ден (понеделник) по Велигден (Dia da Região Autónoma dos Açores)
ХимнаA Portuguesa (национална)
Hino dos Açores (regional)
ВалутаЕвро (€)[3]
Мреж. местоwww.azores.gov.pt
Географски детаљ од CAOP (2010)[4] запис од Instituto Geográfico Português (IGP)
Затвори

Историја

Thumb
Стара мапа на Азорите
Thumb
Карта на Азорите

Азорите се познати од 14 век, како што може да се види во еден Каталонски атлас. Тие биле откриени во 1427 година од страна на Португалецот Хенрик Морепловецот, кој ги открил случајно враќајки се од Канарските Острови кон Португалија.

Мал број на наводни хипогеи, земјени структури врежани во карпите, биле идентификувани на островите Корву, Санта Марија и Терсејра од страна на португалскиот археолог Нуно Рибејро, кој шпекулира дека тие би можеле да датираат од пред 2000 години, алудирајќи на човечко присуство на островот уште пред Португалците.[6] Ваквите структури се користеле на Азорите за складирање на житни култури, но тврдењата на Рибејро дека истите би можеле да бидат гробници,остануваат непотврдени. Недостасува детален преглед и датирање за да се потврди валидноста на овие шпекулации.[7] Не е јасно дали овие структури се природни или вештачки и дали претстоеле при португалската колонизација на Азорите од 15 век. Цврстата потврда за човечко присуство во архипелагот пред Португалците сè уште не е објавена.

Thumb
Пристугнување на шпански трупи на островот Терсејра за време на кризата на португалската сукцесија од 1580 година (фреска на манастирот Св. Лоренс од Ескоријал).

Населување

Населувањето на островите почнало во 1439 година.[5] Тамошното население оттогаш до денес развило свој оригинален идентитет и културни каректеристики како комбинација на португалските културни каректеристики и примеси од имиграцијата на разни народи со нивните култури кои се населиле на островите во минатите векови.[5]

Thumb
Ангра ду Хероизмо, најстариот постојано населен град во архипелагот на Азорите и Светското наследство на УНЕСКО

На Санта Марија немало крупни животни па затоа, по откривањето и пред населувањето на островот пуштиле овци како ресурс за храна на идните доселеници. Меѓутоа, населувањето не се случило веднаш. Кај Португалците немало голем интерес да се населат во изолиран архипелаг дотогаш непознат за цивилизацијата. Сепак, Гонсало Велхо Кабрал трпеливо ги собирал ресурсите за доселениците во следните три години (1433-1436) и отпловил да формира колонии отпрвин на Санта Марија, а потоа и на Сао Мигел.

Населениците ги расчистиле грмушките и карпите за да посадат житни култури, винови лози, шеќерна трска и други растенија погодни за локална употреба и со комерцијална вредност. Тие донеле домашни животни, како што се кокошки, зајаци, говеда, овци, кози и свињи, изградиле куќи и утврдиле села.

Архипелагот во голема мера се населил од копното на Португалија. Португалските доселеници дошле од провинциите Алгарве, Мињу, Алентежо и Рибатежу, како и од Мадејра. Сао Мигел првпат бил населил во 1449 година со доселеници главно од Естремадура, Алто Алентежо и Алгарве, на копното Португалија, под команда на Гонсало Велбо Кабрал. Првите доселеници биле португалски сефардски Евреи кои избегале од притисоците за инквизиција во Португалија. Во 1522, Вила Франка до Кампо, тогаш главен град на островот, бил уништен од земјотрес и лизгање на земјиштето при што загинале околу 5.000 луѓе, а главниот град бил преместен во Понта Делгада. Градот Вила Франка ду Кампу повторно бил изграден на првичното место и денес е просперитетно пристаниште за јахти. Понта Делгада го добила својот градски статус во 1546 година. Првите доселеници се занимавале со земјоделство и до 15 век островот Грасиоза извезувал пченица, јачмен, вино и ракија. Стоката била праќана во Терсејра во голема мера поради близината на островот.

Во XVIII и XIX век, на Грасиоза престојувале многу истакнати личности, меѓу кои и Шатобријан, францускиот писател кој поминал оттука додека бегал во Америка за време на Француската револуција, Алмејда Гарет, португалски поет и принцот Алберт од Монако, океанограф од 19 век, кој водел неколку експедиции во водите на Азорите. Тој пристигнал на својата јахта Хирондел, и ја посетил фурна да калдеира, познатата пештера на топли извори. Во 1869 година, авторот Марк Твен ја објавил книгата "Невини во странство" (англиски: The Innocents Abroad), во која го опишал времето поминато на Азорите.

Островот Сао Жоржи за првпат се спомнува во 1439 година, но вистинскиот датум на неговото откривање е непознат. Во 1443 островот веќе бил населен, но активното населување започнало само со доаѓањето на фламанскиот благородник Вилхелм ван дер Хеген. До 1490 година, на островите Терсејра, Пику, Фајал, Сао Жоржи и Флориш живееле 2.000 Фламанци. Бидејќи имало толку голема фламанска населба, Азорите станале познати и како Фламански Острови или Острови на Фландрија.

Во 1583 година, Филип II од Шпанија, ја испратил својата флота на Азорите. По успехот на неговата флота во Битката кај Понта Делгада, Шпанија ги држела Азорите под „заробеништво“ од 1580-1642 година. После војната со Шпанија за повраток на независноста, Португалија си го вратила архипелагот. Во доцниот 16 век, Азорите и Мадејра почнале да се соочуваат со пренаселеност. Заради економски причини, некои луѓе почнале да емигрираат во Бразил.[8]

Во 1836, архипелагот бил поделен на три административни окрузи:

  • Ангра округот ги вклучувал островите Тецеира, Сао Хорхе и Грасиоза. Главниот град Ангра до Хероизмо бил на островот Терсејра.
  • Хорта округот ги опфаќал островите Пику, Фајал, Флориш и Корву. Главниот град Хорта бил на островот Фајал.
  • Понта Делгада округот ги вклучувал островите Сао Мигел и Санта Марија. Главниот град Понта Делгада бил на островот Сао Мигел.

Во 1868 година, Португалија почнала да ги печати Азорите на поштенски марки. Помеѓу 1892 и 1906 година, биле печатени посебни поштенски марки за употреба во трите административни области.

Во 1944 година, САД изградила мала и краткотрајна воздухопловна база на островот Санта Марија.[9] Во 1945 година, на островот Терсејра била изградена нова база, Лажис Филд. Оваа воздушна база е во областа наречена Лажис и е заеднички американско-португалски потфат. Лажис Филд продолжува да ги поддржува американските и португалските вооружени сили. За време на Студената војна, американските морнарички борбени единици П-3 Орион патролирале во Северниот Атлантски Океан заради подморниците на советската морнарица и површинските воени бродови.

Во 1976 година Азорите станале автономен регион а поранешните три окрузи (Ангра, Хорта, Понта Делгада) биле укинати во 1978 година.

На 16 март 2003 година, на „Азорскиот Самит“ се сретнале на американскиот претседател Џорџ Буш, британскиот премиер Тони Блер, шпанскиот премиер Хосе Марија Азнар и португалскиот премиер Жозе Мануел Баросо, на разговори за иднината интервенција во Ирак[10].

Географија

Thumb
Карта на Азорите.
Повеќе информации Остров, Површина ...
Површина на островите на архипелагот
Остров Површина
км2 sq mi
Сао Мигел759293 293
Пику446172 172
Терсејра403156 156
Сао Жоржи24695 95
Фајал17367 67
Флориш14355 55
Санта Марија9737 37
Грасиоза6224 24
Корву177 7
Затвори

Архипелагот се наоѓа на приближно истата ширина како Лисабон (од 39 ° 43 'до 39 ° 55' северна географска ширина). Има многу влажна океанска клима со релативно мали годишни варијации. Вулканското потекло на сите острови, кое се должи на жешката точка на Азорите, се докажува преку постоењето на многубројни конуси на исфрлената згура и неколку стратовулкани со калдеири. На повеќето острови се јавува интензивна сеизмичка активност. Вулканот Понта ду Пику на островот Пику се издига на надморска височина од 2,351 метри со што претставува највисока точка Азорите и на Португалија.

Деветте острови се поделени во три природни географски групи:

Thumb

Површината на сите острови изнесува 2.355 км2. Нивната поединечна површина варира помеѓу 747 км2 на најголемиот (Сао Мигел) и 17 км2 на најмалиот (Корву). Азорите произлегле од она што се нарекува Азорско плато, регион од 5,8 милиони км2 кој е морфолошки нагласен со длабочина од 2.000 метри.[11][12]

Од геоструктурна перспектива, Азорите се наоѓаат над активната тројна спојка помеѓу трите големи тектонски плочи во светот (Северноамериканска Плоча, Евроазиска Плоча и Африканска Плоча), што придонесува за постоење на многу фрактури во регионот на Атлантикот.[13] Најзападните острови на архипелагот (Корву и Флориш) се наоѓаат на Северноамериканската Плоча, додека останатите острови се наоѓаат во рамките на границата помеѓу Евроазиската и Африканската Плоча.

Средноатлантскиот Гребен е главната граница меѓу американската тектонска плоча и африканско-евроазиските плочи што поминува кај Азорите помеѓу островите Флориш и Фајал од север кон југ, потоа кон југозапад. Истата е сеизмички активна и подложна на вулканска активност.

Вулканизмот на островот е поврзан со раседнувањето по должината на тројната спојка а ширењето на кората по постоечките фрактури предизвикува многу активни вулкански и сеизмички настани[14].[15] Поголемиот дел од вулканската активност е центрирана првенствено по должината на Терсејранскиот расед. Од почетокот на населбата на островот, околу 15 век, биле регистрирани 28 регистрирани вулкански ерупции (15 копнени и 13 подморски). Последната значајна вулканска ерупција, вулканот Капелињос (португалски: Vulcão dos Capelinhos) се случила на брегот на островот Фајал во 1957 година. Најновата вулканска активност се случила во подводните вулкани од брегот на Серета и во каналот Пику-Сао Жоржи.[16]

Thumb
Островот Флориш


Thumb
Планината Пику

Островите на архипелагот биле формирани преку вулканска и сеизмичка активност во периодот на неогенот. Првите површини почнале да се појавуваат во водите на Санта Марија за време на миоценската епоха (пред околу 8 милиони години). Редоследот на формирањето на островите генерално се одликува според следново: Санта Марија (8,12 Ма), Сао Мигел (4,1 Ма), Терсејра (3,52 Ма), Грасиоза (2,5 Ма), Флориш (2,16 Ма), Фајал (0,7 Ма) Сао Жоржи (0,55 Ма), Корву (0,7 Ма) и најмладиот, Пику (0,27 Ма).[17] Иако сите острови доживеале вулкански ерупции за време на нивната геолошка историја, во историјата на човечката населба, островите Санта Марија, Грасиоза, Флориш и Корву не доживеале никакви вулкански ерупции. Покрај активните фумароли и топли извори, останатите острови имале спорадични ерупции уште од 14 век. Освен вулканот Капелињос во 1957-58 година, последниот забележан пример на "островско формирање" се случил на брегот на Сао Мигел, кога островот Сабрина бил накратко формиран.

Thumb
Ерупцијата Сабрина на Азорите во 1811 година

Поради геодинамичното опкружување, регионот е центар на интензивна сеизмичка активност, особено по тектонските граници на Средноатлантскиот гребен и Терсејрнскиот расед. Сеизмички настани, иако чести, обично тектонски или вулкано-тектонски по природа, со ниски до средни интензитети, повремено нагласени на ниво 5 или поголемо на скалата на Рихтер.[18][19] Најсилниот земјотрес бил регистриран во 1757 година, во близина на Калета на островот Сао Жоржи, кој надминал 7 степени според Рихтер. За споредба, земјотресот од 1522 година што бил споменат од историчарот Гаспар Фрутусо изнесувал 6,8 а ефектите биле оценети како X (Extreme) на Меркалиевата скала,[20] и бил одговорен за уништувањето на Вила Франка ду Кампу и лизгање на земјиштето и повеќе од 5.000 загинати.

Thumb
Големите карпи на островот Сао Жоржи, формирани од фисуралниот вулканизам.

Демографија

Во 2016[21], населението на Азорите броело 245283 жители а густината изнесувала 106 жители на м2.

Стапката на наталитетот била 12.5% а на морталитетот 10.2% (2004).

Населението е нееднакво распоредено на островите[22] :

Повеќе информации Острови, Број на жители во 2016 ...
Острови Број на жители во 2016
Санта Марија 5.653
Сао Мигел 138.138
Терсејра 55.955
Грасиоза 4.301
Сао Жоржи 8.491
Пику 13.834
Фајал 14.759
Флориш 3.692
Корву 460
Затвори

Поголеми градови на островите се :

  • Понта Делгада, на островот Сао Мигел со 64000 жители е главен град на архипелагот.
  • Ангра ду Хероизму, на островот Терсејра(35000 жители) ;
  • Хорта, на островот Фајал (15000 жители).
Thumb
Панорамски поглед близу Сао Матео, Терсејра, јуни 2004

Население

Thumb
Фаџа Гранде, најзападно село на Азорите, Португалија и Европа

Според Пописот од 2011 година, населението на Азорите изнесувало 246.746, со густина од 106 жители по квадратен километар (270 / sq mi).

Азорите биле ненаселени кога португалските навигатори пристигнале на почетокот на 15 век. Процесот на населување беше инициран во 1439 година со луѓе од различни региони на копното Португалија и од Мадејра. Островите биле населени главно од португалски имигранти од Алгарве, Алентежо и Мињу. Сепак, во обид да избегаат од опасностите од португалската инквизиција на копното Португалија, многу португалски сефардски Евреи се населиле на островите во голем број. Азербејџанските Евреи имале презимиња како што се Родригес, Пачеко, Оливеира, Переира, Пиментел, Нуне, Мендес, Пинто, Алварес, Хенрике, Кардозо, Тејсеира, Васконселос и др. Островите се населиле и со маорски затвореници и со африкански робови од Гвинеја, Кејп Верде и Саун Томе. Фламанците и Французите исто така, придонеле за првата населба.

Природата на економијата диктирала африканското ропство никогаш да не стане вообичаено на Азорите, бидејќи биле испраќани во Бразил и на Карибите. Само неколкумина останале на Азорите за да помогнат во домашните задолженија, макар што островите понекогаш служеле како патна точка за бродовите што носеле африкански робови.[23][24]

Клима

Thumb
Северниот брег на Сао Мигел

Во зима, просечната дневна температура изнесува од 12 до 16 степени и никогаш нема снег, освен на највисокиот врв Пику. Во летните месеци, од јуни до септември температурата се движи од 17 до 25 степени, а од октомври до март, претежно е дождливо, а понекогаш се случува летните сончеви денови да бидат прекинати со поројни дождови.

Архипелагот се шири во областа помеѓу 37 ° С и паралелите на географската ширина што минуваат низ лисабонската област (38 ° 43 '/ 38 ° 55' N), што ја дава главно млаката, океанска, суптропска клима, со лесни годишни осцилации. Дневните максимални температури обично се движат помеѓу 15 и 25 °C (59 и 77 °F). Просечните годишни врнежи се зголемуваат од исток кон запад, од 700 до 1600 милиметри (27,6-63 инчи) на исток, и достигнуваат 6.300 милиметри (250 инчи) на планината Пику,[25] највисока португалска планина на 2.351 м (7.713 ст.). Високата област Азорис, со висок атмосферски притисок, е именувана по островите. Според Кепеновата климатска класификација, постојат различни локални клими, една од нив е "суволетна суптропска", честопати нарекувана "средоземна". Податоците на Ривас Мартинес, презентираат неколку различни биоклиматски зони за Азорите[26] Азорите имаат најтопла зима во Европа (се уште во рамките на европската континентална плоча). Август е најтопол месец. Никогаш немало мраз, снежни врнежи или замрзнување што било забележано на кој било од островите. Најстудено време во зима обично доаѓа од северозападните воздушни маси кои потекнуваат од Лабрадор во Канада. Но, бидејќи овие воздушни маси се менуваат додека минуваат низ потоплиот Атлантскиот Океан, дневните температури дури и тогаш надминуваат 10 °C (50 °F).

Повеќе информации Климатски податоци за Ponta Delgada, Месец ...
Климатски податоци за Ponta Delgada
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 20.2
(68.4)
20.4
(68.7)
22.8
(73)
22.6
(72.7)
23.2
(73.8)
25.6
(78.1)
28.2
(82.8)
28.8
(83.8)
28.6
(83.5)
26.2
(79.2)
25.5
(77.9)
22.6
(72.7)
28.8
(83.8)
Прос. висока °C (°F) 16.8
(62.2)
16.6
(61.9)
17.0
(62.6)
17.7
(63.9)
19.1
(66.4)
21.4
(70.5)
23.9
(75)
25.3
(77.5)
24.3
(75.7)
21.9
(71.4)
19.4
(66.9)
17.8
(64)
20.1
(68.2)
Прос. ниска °C (°F) 12.2
(54)
11.5
(52.7)
12.0
(53.6)
12.3
(54.1)
13.6
(56.5)
15.8
(60.4)
17.8
(64)
19.0
(66.2)
18.4
(65.1)
16.5
(61.7)
14.3
(57.7)
12.9
(55.2)
14.7
(58.5)
Најниска забележана °C (°F) 4.4
(39.9)
3.7
(38.7)
4.2
(39.6)
5.5
(41.9)
6.6
(43.9)
8.3
(46.9)
12.0
(53.6)
13.0
(55.4)
12.2
(54)
10.4
(50.7)
7.6
(45.7)
6.2
(43.2)
3.7
(38.7)
Прос. врнежи мм (ин) 96.9
(3.815)
84.0
(3.307)
87.7
(3.453)
76.7
(3.02)
72.0
(2.835)
39.6
(1.559)
26.6
(1.047)
46.1
(1.815)
91.9
(3.618)
108.5
(4.272)
108.7
(4.28)
146.9
(5.783)
985.6
(38.804)
Сред. бр. сончеви часови месечно 97 103 120 141 174 163 208 213 175 142 109 93 1.738
Извор бр. 1: Instituto de Meteorologia[27]
Извор бр. 2: NOAA (sun, 1961–1990)[28]
Затвори
Thumb
Островот Флориш

Покрај тоа, Институтот за метеорологија ги идентификувал следниве екстремни временски услови:

Thumb
Една од фламанско инспирираните ветерници, кои сè уште се дел од пејзажот на Азорите (оваа е на островот Грасиоза)
  • Највисока минимална температура на воздухот: 24,3 °C (75,7 °F), во Ангра ду Хероизму, Терсејра (30 јуни 1996)
  • Најниска минимална температура на воздухот: -3.5 °C (25.7 °F), во Ча дас Лагоњас, Сао Мигел (2 јануари 1973)
  • Највисока максимална температура на воздухот: 39.0 °C (102.2 °F), во јули (точниот датум и локација непозната)
  • Најниска максимална температура на воздухот: 4.0 °C (39.2 °F), Ча дас Лагоњас, Сао Мигел (20 февруари 1972)
  • Максимални врнежи во 24 часа: 276 мм (0.91 ст.), Фурнас, Сао Мигел (3 октомври 1974)
  • Максимална брзина на ветер:> 168 км / час, Ангра ду Хероизму, (Терсејра 2 ноември 1995)[29]

Азорите се познати по мали урагани. Вкупно 14 тропски или суптропски циклони го погодиле регионот во историјата. Повеќето од нив биле или екстратропични или тропски бури кога тие влијаеле на регионот, иако неколку урагани од Категорија 1 стигнале до Азорите. Само еден голем ураган некогаш влијаел на Азорите: Ураганот Офелија во 2017 година, според интензитетот, од категоријата 3.

Следниве бури влијаеле на регионот, со сила од категоријата 1: ураганот Фран во 1973 година, ураганот Еми во 1976 година, ураганот Гордон во 2006 година, ураганот Гордон во 2012 година и ураганот Алекс во 2016 година.

Неколку тропски бури го погодиле регионот, вклучувајќи ја тропската бура Ирма во 1978 година, ураганот Бони во 1992 година, ураганот Чарли во 1992 година, ураганот Ерика во 1997 година и ураганот Гастон во 2016 година. Бурите што биле екстратропични кога го погодиле регионот се ураганот Тања во 1995 година, тропската бура Ана во 2003 година и тропската бура Грејс во 2009 година. Покрај тоа, суптропската бура Азорес во 2005 година го погодила регионот во октомври 2005 година.

Култура

Thumb
Фестивалот на Господ Светиот Христос на чудата, во Понта Делгада, островот Сао Мигел.

Азорејците развиле свој посебен регионален идентитет и културни особини, комбинација на континентални португалски обичаи донесени од различни бранови на имиграција и локални политички и еколошки фактори.

Религиозните фестивали и традиционалните празници го означуваат календарот. Најважните религиозни настани се врзани со фестивалите поврзани со култот на Светиот Дух, Духовден (или Еспирито Санто), кои се одржуваат на сите острови од мај до септември. Овие фестивали се многу важни за луѓето од Азорите кои се главно римокатолици. Настаните се фокусираат на членовите на локалните парохии, а не на туристите, но сите се добредојдени, бидејќи споделувањето е еден од главните принципи.

Thumb
Процесијата на фестивалот на Господ Светиот Христос на чудата, во Понта Делгада, островот Сао Мигел.

Друг настан е Фестивалот на Господ Свети Христос на Чудата (или Сањор Санто Кристо дос Милагрес) во Понта Делгада на островот Сао Мигел кој е најголемиот поединечен верски настан на Азорите. Аџии од португалската дијаспора вообичаено патуваат во Понта Делгада за да учествуваат во попладневната поворка зад сликата на Христос по улиците на градот украсени со цвеќе. Иако свечената поворка се одржува само на еден ден, настаните на Фестивалот Сањор Санто Кристо траат цела недела и вклучуваат ритуал за поместување на сликата помеѓу главната црква и манастирот, што на крајот кулминира во процесијата, која се емитува низ Азорите и португалската дијаспора. Свеченостите на Санџанина во Ангра ду Хероизмо на Терсејра се одржуваат во јуни во чест на Свети Антониј, Свети Петар и Свети Јован Крстител, на голема верска прослава.

Фестивалот на Пресвета Богородица од Лурд (или Носа Сењора де Лурдес), света заштитничка на китовите, започнува во Лајес на островот Пику во последната недела од август. Се обележани со социјални и културни настани поврзани со традицијата на лов на кит. Фестивалот за вино (Феста дас Виндимас) се одржува во текот на првата седмица од септември и е вековен обичај на луѓето од Пику.

На Корву луѓето на 15 август секоја година ја слават својата света заштитничка Пресвета Богородица, покрај фестивалите на Божествениот Свети Дух.

Фестивалот Маре де Агосто се одржува секоја година, почнувајќи од 15 август на островот Санта Марија. Исто така, во август во градот Хорта, на Фајал, се одржува Семана ду Мар (Морската недела) посветена речиси исклучиво на спортовите на вода.

Карневал се слави и на Азорите со жива музика, шарени костуми, рачни маски. Традиционално се одржуваат настани како трчањето на бикови на улиците.

Thumb
Сао Мигел

Туризам

Од описот на островите за нивната место положба, уникатност, климатските каректеристики и друго, Азорите привлекуваат голем број на туристи од целиот свет со најразлични вкусови, побарувачки и разнобаразен вид и тип на одмор: луѓе кои сакаат уникатен и далечен магичен одмор, мир и медитација, посета на геотермални појави, стари вулкански остатоци (т.е. лава и кратери), љубители на фолклорот и традицијата (стари автентични села непроменети од нивното настанување со улици од калдрми, фармерскиот живот и сл.), дегустација на вина и сирења на местата каде се произведуваат, морска храна, пешачење или јавање на коњ по бујните зелени пејзажи, едрење, пливање со делфините и китовите, морски риболов, нуркање во прекрасните кристално чисти води, тури со џип и влегување во многубројните пештери, слушање на мистичните приказни од трансатлантските авантури на морнарите од минатото и сето тоа и многу повеќе може да го доживеат токму на овие острови.[5]

Се организираат тури по островите кои нудат запознавање на тамошната историја, изучување и прочување на флората и фауната каде што туристите со огромно задоволство ги користат овие тури. Сместувачките капацитети се разновидни од желбата и вкусовите. Сместувачките опции вклучуваат:

Thumb
  • Луксузни хотели кој се наоѓаат на работ од некоја карпа кој имаат базенти со прекрасни цветни градини и поглед кон океанот.
  • Хотели или вили кој поседуваат ресторани под лозници каде се служат домашни традиционални јадења од риба, месо и вегетаријанска храна.
  • Вили во периферните делови на острови кои се изолирани од населените места за љубителите на мирот и медитацијата.
  • Селски куќички за љубителите на селскиот туризам и итн.

Сообраќај

Thumb
Базата Лажис Филд

Авиотранспорт

Секој од деветте острови има аеродром[30].

Аеродромите се:

  • Санта Марија: Santa Maria Airport (LPAZ)
  • Сао Мигел: João Paulo II Airport (LPPD)
  • Терсејра: Lajes Field (LPLA) Лажиз Филд воена база (Португалски сили и силите на САД)
  • Сао Жоржи: São Jorge Airport (LPSJ)
  • Пику: Pico Airport (LPPI)
  • Фајал: Horta Airport (LPHR)
  • Грасиоза: Graciosa Airport (LPGR)
  • Флориш: Flores Airport (LPFL)
  • Корву: Corvo Airport (LPCR)

Поморски сообраќај

Thumb
Поставеност на 9те острови

Азорите имаат долга историја на воден транспорт за надминување на растојанијата и воспоставување контакти и трговија меѓу заедниците. Како резултат на тоа, бродоградежништвото се развило на многу острови, од мали рибарски бродови до поголеми патнички услуги.[31] Патничкиот сообраќај кон главните острови (Сао Мигел, Санта Марија, Терсејра и Фајал) започнал во 17 век, а помеѓу 18-19 век, Пику Јахт ја контролирал доходовната линија во сообраќајна сезона.[32]

По 1871 година, Инсулана Шипинг Компани било единственото тело одговорно за редовниот сообраќај помеѓу островите (освен Корву), Мадејра и САД.[33] Сепак, товарниот и патнички превоз престанал во 1970-тите, а бродовите биле продадени или претворени во рибарски чамци за туна. Во следните 20 години, комерцијалната поморска служба меѓу островите престанала (освен меѓу Фајал-Пику и Лажис дас Флориш-Вила ду Корву).[34]

Трансмасор (Transportes Marítimos Açorianos, Lda.) бил основан на 22 декември 1987 година, како резултат на соединувањето на Empresa das Lanchas do Pico, Ld, сопственици на бродовите Еспаламака и Калета (бродови кои патувале низ каналот помеѓу Фајал и Пику); Empresa Açoreana de Transportes Marítimos, Lda, кое управувало со бродот Тера Алта; и Трансканал (Transportes Marítimos do Canal, Lda.) оператор на традиционалните чамци Пикарото и Мануел Хосе.[35][36] Во централната група, транспортната компанија опслужува четири до шест линии дневно помеѓу Хорта и Мадалена во текот на годината, користејќи ја својата мала флота на бродови (Cruzeiro das Ilhas, Cruzeiro do Canal, Expresso das Ilhas и Expresso do Triangulo), покрај меѓуостровски линии помеѓу Фајал, Пику, Сао Хорхе и Терсејра во летните месеци.[37]

На 20 јуни 2011 година, регионалната влада објавила дека ќе купи 60% од Трансмасор, што е еквивалентно на 500.000 евра од капиталот на компанијата.[38] Со оваа трансакција, Автономната влада на Азорите ја отстапила контролата, од која имала 88% од капиталот.[39] Потпишаниот Меморандум за разбирање ги заврши преговорите меѓу различните вклучени страни, според кои одговорноста на Трансмасор (во вредност од вкупно 8 милиони евра) подеднакво била поделена помеѓу Регионот и стопанственикот Хосе Алмеида, кој сега е носител на мнозинскиот удел во компанија.[40]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.