From Wikipedia, the free encyclopedia
Островот Пику (Ilha do Pico, португалски изговор: [ˈiʎɐ du ˈpiku]), е остров во Централна Група на португалските Азори. Одлика на пејзажот е истоимениот вулкан, Понта ду Пику, којшто е највисоката планина во Португалија, на Азорите, и воедно, највисоката кота на Средноатланскиот Гребен. Во традицијата на португалски поет, Раул Брандан, Пику е познат како Ила Прета ("Црниот Остров"), поради неговата црна вулканска почва.
Пику Ilha do Pico Ила Прета | |
---|---|
Остров | |
Островот Пику, виден од централно северниот брег, со градот Сао Роки во преден план и Планината Пику во позадина | |
Етимологија: pico, португалски за врв | |
Прекар(и): Црниот Остров | |
Местоположбата на островот Пику во архипелагот на Азорите | |
Земја | Португалија |
Автономен регион | Азори |
Острови | Централна Група |
Површина | |
• Вкупна | 447 км2 (173 ми2) |
Демоним | Пикуенци |
Етнички групи | Португалци |
Население | 14,806 (2001) |
Густина | 35.3 /км2 (91.4 /sq mi) |
По пуштањето стада на островот во првата половина на 15 век, првите колонии биле формирани околу 1460 од страна на доселеници од северна Португалија (преку Терсеира и Грасиоза). Првиот капетан-донатарио бил Алваро де Орнелас а првото вистинско село било Лажес. Доселениците првично се занимавале со одгледување на пченица во прилог со истражување на индустријата за индиго (бот. Isatis tinctoria) од лишаите кои се извезувале во Фландрија за производство на бои, и во голема мера под влијание на извозните индустрии на соседниот остров, Фајал.
Набрзо, поради климата и богатата почва започнало да се развива лозарството и виновите насади. Развој на винарството е непрекинат освен при вулканските ерупции во текот на 18 век. Во 1723, Мадалена добил статус на "град" и ја потврдил својата економска важност на островот и неговите комерцијални врски со Фајал (Хорта била живеалиште на многу трговци и винарит). На Пико се одгледува сортата вердељо, повеќе од два века, ценета во многу земји (вклучувајќи Англија и во Америка, па дури и во палати на руската czars). Во текот на средината на 19 век поради болести (филоксера) биле уништени голем број лозови насади, состојба која создала криза на островот, која траела до 20-от век.
Присуството на американски китоловци во водите на Азорите на крајот на 18 век вовело нова економија која послужила за стабилизирање на економијата. Китовите станале примарна индустрија на островот до 1970-тите.
Островот е 17.5 км јужно од Сао Жоржи и само 7 км источно од Фајал, во Централната Група, подрачје коешто локално го нарекуваат Триангуло (Триаголник). Пику е 46 километри долг остров и достигнува максимална широчина од 16 километри и е втор по големина помеѓу Азорите. Во централниот дел кон запад се издига стратовулканот Пику. Долж централната рамнина на вулкански конуси на источниот брег, пејзажот е прекриен со остатоци од кратери и езера исполнети со конуси, а доминира стариот вулкан Топу. Геоморфолошки, островот е составен од три единици:
Генерално, на островот Пико има тектонски структури во правец запад-северозапад кон исток-југоисток и североисток кон југозапад оска.
Слични на геоморфолошките структури опишани погоре, вулканските форми се идентификувани од Мадејра (1998) во следниве единици:
Последната вулканска ерупција се случила во 1963 година, со мала подводна ерупција на северозападниот брег (северно од Качоро во Санта Луција). Пред ова, голема вулканска активност била евидентна во областите Преиња (1562-64), Санта Луција (1718), Сао Жоао (1718) и Силвеира (1720). Патеките по кои течела лавата уште се видливи. Оние во 16 век, а особено, големата ерупција од 1718, се протегаат на повеќе од 10 километри. Денес, единствениот видлив доказ за активноста на вулканите се појавува на врвот на Пику и на Пикантињо (мал врв на врвот). Постојат нерегуларни емисии од пукнатините во оваа зона. Покрај тоа, постојат и емисиите на источните падини на 1500-2000 метри надморска височина.
Пико, многу сличен на другите острови, е подложен на сеизмички настани, иако нивните епицентри првенствено се локализирани во Каналите Фајал-Пику или Пику-Сао Жоржи. Најсилниот земјотрес регистриран во последните 30 години се случил на 9 јули 1998 година, со епицентар 5 километри североисточно од Понта да Рибеириња, на островот Фајал, со интензитет 5.8, ниво VII на Меркалиевата скала. Други силни земјотреси со влијание на островот ги вклучуваат сеизмичките настани од 1957-58, поврзани со ерупцијата на вулканот Капелињос (на Фајал), февруари 1964 година, земјотрес на островот Сао Жоржи и земјотресот од 1926 година, чиј епицентар бил регистриран во Каналот Фајал-Пику.
Островот Пику има студена средоземна клима (Кепенова класификација на климата :Csb).[1] Дождот во лажес ду Пику паѓа главно во зима, со релативно малку дожд во летната сезона. Средната температура е 16.916.9 °C (62.4 °F) а врнежите 1,0121,012 mм (3.320 стапки).
Климатски поатоци за Лажес ду Пику, Остров Пику, Азори | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Нов | Дек | Година |
Средна висока °C (°F) | 16.0 (60.8) |
15.6 (60.1) |
16.1 (61) |
17.0 (62.6) |
18.7 (65.7) |
21.0 (69.8) |
23.6 (74.5) |
24.8 (76.6) |
23.8 (74.8) |
21.0 (69.8) |
18.5 (65.3) |
17.0 (62.6) |
19.4 (66.9) |
Дневна °C (°F) | 13.9 (57) |
13.3 (55.9) |
13.8 (56.8) |
14.6 (58.3) |
16.1 (61) |
18.3 (64.9) |
20.7 (69.3) |
21.9 (71.4) |
21.0 (69.8) |
18.6 (65.5) |
16.3 (61.3) |
14.9 (58.8) |
16.9 (62.4) |
Средна ниска °C (°F) | 11.8 (53.2) |
11.1 (52) |
11.6 (52.9) |
12.2 (54) |
13.6 (56.5) |
15.7 (60.3) |
17.9 (64.2) |
19.0 (66.2) |
18.2 (64.8) |
16.2 (61.2) |
14.2 (57.6) |
12.8 (55) |
14.5 (58.1) |
Средни врнежи mm (inches) | 122.0 (4.803) |
107.0 (4.213) |
103.0 (4.055) |
67.0 (2.638) |
57.0 (2.244) |
46.0 (1.811) |
35.0 (1.378) |
48.0 (1.89) |
83.0 (3.268) |
113.0 (4.449) |
119.0 (4.685) |
112.0 (4.409) |
1,012 (39.843) |
Source: "climate-data.org"[2] |
Главните населби се во Мадалена, што е и главен град,во Сао Роке ду Пику и Лажес ду Пику. Бкупното население е 15,761 жители (од 2007 година).
Островот имал развиено индустрија за китови до 1980 година. Позицијата на островот на Срединоатлантскиот Гребен значи дека е блиску до длабоките води. Активните индустрии го вклучуваат туризмот, бродоградбата и производството на вино. На островот Пику лозовите насади се запишани на списокот светско наследство на УНЕСКО од 2004 година. Таа има неколку значајни вина кои се комерцијализирани во Португалија и извезени во странство.
Во 2012 година, Пику ја добил наградата QualityCoast Gold за неговите напори да стане одржливо туристичко одредиште. Поради оваа награда, Пику бил избран за вклучување во глобалниот атлас за одржлив туризам DestiNet.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.