From Wikipedia, the free encyclopedia
Автомобилска индустрија е гранка на индустријата која се занимава со проектирање, развој, производство, маркетинг и продажба на моторни возила. Некои компании и организации кои се вклучени во автомобилската индустрија се нарекуваат производители на автомобили. Автомобилската индустрија не ги опфаќа индустриите посветени на одржување на автомобилите по испорака до крајниот корисник, како што се продавниците за автомобили, механичарските работилници и бензинските пумпи.
Основни производи во автомобилската индустрија се патнички автомобили и лесни комерцијални возила (камионети), вклучувајќи ги пикапите, спортските и комби возила. Комерцијалните возила (камиони и автобуси), иако се важни за индустријата, заземаат споредна улога во автомобилската индустрија.
Автомобилските индустрии овозможиле автомобилот да биде составен дел од животот на голем број луѓе. Автомобилот овозможил преминување на голем број на растојанија за кратко време, побрз и полесен транспорт меѓу градовите, и на крај им помогнал на луѓето во заштедување на времето.
Развојот на денешните автомобили започнал во 1885 година кога во Германија во Манхајм Карл Бенц го патентирал својот автомобил на три тркала Моторваген, прв функционален автомобил во светот. Во тоа време Моторваген бил револуционерен и технички супериорен. Тркалата со метални краци и со гумa обложен круг се исто така изум на Бенц, како и мотор поставен под седиштето на возачот, и федерите на задните тркала кои овозможувале удобност при преминување преку нерамнините на патот. Карл Бенц до 1899 конструирал околу 572 автомобили и така неговата компанија Бенц & Ц.и.е истата година станала најголема авто компанија во светот.
Покрај Бенц, во Франција во 1890 година Емил Левасор и Арманд Пежо започнале со производство на автомобили и така настанала Француската индустрија за автомобили. Во САД, во 1895 година Џорџ Селден го конструира својот прв автомобил од американско производство. На почетокот на XX век се развиле многу мануфактури за производство на автомобили, претежно на северноамериканското и европското подрачје. Автомобилите во тоа време биле поголеми играчки за богаташите отколку што биле наменети за поширок спектар на клиенти. За таквата ситуација било заслужно скапото и споро производство на автомобили. Трошоците за ваков начин на производство условувале висока цена на автомобилите. Многу автомобили од тој период користеле дрвена рачка наместо волан за управување. Во текот на 1903 година моделот Рамблер имал стандардизиран волан префрлајќи ја така положбата на возачот на левата страна од возилото. Повеќето од автомобилите се движеле користејќи само една брзина. Преносен ланец на силата бил подоминантен во однос на погонското вратило, а затворените автомобили многу биле ретки. Тапан сопирачките биле воведени од страна на Рено во 1902 година. До почетокот на 20 век автомобилската индустрија го започнала својот раст во Западна Европа, особено во Франција, каде се произведени 30.204 парчиња автомобили во 1903 година што претставувало 48,8 % од тогашното светско производство. Во САД браќата Чарлс и Френк Дурјеа ја основале Дурјеа мотор компанијата. Во следните неколку години вртоглаво пораснал асортиманот на автомобилската технологија која произведувала над стотици произведувачи низ западниот свет. Автомобилите на парен, електричен и дизел-бензискиот погон се натпреварувале веќе со децении со бензиските мотори со внатрешно согорување остварувајќи доминација на почетокот на 20 век. Дизајнирани се мотори со два, три или дури и четири мотори, а волуменот на моторите пораснал на повеќе од десет литри. Многу од тогашните современи решенија вклучувајќи ги гасните и електричните хибриди биле отфрлени од страна на производителот.
До пресвртница во полето на производството на автомобили дошло во Америка во 1914 година, кога Американскиот конструктор Хенри Форд ги вовел производните линии. Форд го нашол решението за проблемот кој го мачел на најнеобично место. Посетувајќи ја фабриката за пакување на месо вниманието му го привлекла подвижната линија над главата на работникот на која биле обесени големи парчиња на месо кои се движеле од еден до друг работник. Тој едноставен и ефикасен систем штедел на времето затоа што работата им ја донесувал на работникот. Форд исто така учел како да работи брзо и без проблеми затоа што секој работник бил определен за еден дел од работата. Во мај во 1969 година Форд ги применил линиите во својата фабрика за автомобили и на таков начин го намалил времето на склопување на возилата. Покрај првата подвижна линија за производство, зградата имала 4 спрат. На највисокиот спрат се произведувала школката за автомобили, па автомобилот слегувал на третиот спрат каде се фарбал и добивал шасија и гуми. На вториот спрат автомобилот ги добивал останатите делови, а на првиот бил ставан моторот и била работена финалната инспекција. Заблагодарувајќи му се на оваа темпо во 1910 година било продадено околу 19.000 автомобили, а две години подоцна дури преку 78.000. Настанала линија, која го сочинува темелот на современото масовно производство. Со ваков начин на спојување на автомобилите времето за составување е намалено од 12 часа на помалку од 93 минути. Тоа значи дека од подвижната лента во текот на еден ден на секои 15 минути се симнувал нов автомобил.
Долг процес на изработка и високата Цена на автомобилите го прекинал Форд со претставување на автомобилот кој ќе ја промени авто-индустријата и начинот на кој луѓето патуваат. Скромниот модел Т познат како Тин Лизи. Автомобилот бил практичен и едноставен, но бил направен од издржлив материјал. Во првата година од производството на автомобилот Форд модел Т, продадени биле околу 10.000 примероци. Неговата епициклична преносливост на педалот значело дека лесно можеле да се менуваат брзините и поудобно возење, а поради ефикасниот мотор го засакале луѓето во градовите и надвор од нив. Најважно е тоа што Тин Лизи било возило со прифатлива цена од 825 долари, со оглед на неговите многу бенефиции. Тоа била просечната годишна плата на квалификуваниот работник. Форд Т се произведувал толку брзо, пак единствено црната боја можела на време да се исуши. Компанијата Форд ја користела само црната боја сè до 1926 година кога бил измислен лак во боја кој брзо се сушел. Вкупно било произведено околу 15.000.000 модели од Т, што го направило да биде најпродаваниот автомобил скоро 100 години.
Генијалниот изум на Форд забрзо почнале да го усвојуваат и другите фабрики. Првата европска фабрика која го усвоила овој начин на производство на автомобили била Ситроен. Набргу Форд на европската територија отворил неколку фабрики поделени по цела Европа. Фабриките кои не го прифатиле овој вид на производство забрзо банкротирале. Автомобилската индустрија во тој период доживеала процут. Автомобилите биле се поевтини и помасовни, технологијата забрзано почнала да се развива и автомобилите напредувале со полна брзина.
Предвоениот период започнал со големата светска криза во 1930 година, а се завршил со светскoто закрепнување по Втората светска војна во 1948 година. Почетокот на Првата светска војна ја ставил автомобилската индустрија во втор план, и со самото тоа го инхибирала нејзиното понатамошно развивање. Продажбата на автомобилите била се помал пад напоредно со куповната моќ на пазарот. Кризата на авто-индустрија траела сè до крајот на Втората светска војна, која зад себе оставила многу срушени фабрики. Во овој период на развој возилата со интегрирани браници и потполно затворени кабини почнале да доминираат во светот. Автомобилите имале ново лимузинско тело со патнички дел кој вклучувал ковчег или багажник за товар на задниот дел. Старите автомобили со отворени кровови како што е рунабоут патеон и тоуринг постепено почнало да ги снемуваат, а на новите автомобили се појавиле предни и задни крила, поголеми страници и предни светла (фарови) кои постепено интегрирале со телото на автомобилот. До 1930 година измислена е повеќето од механичката технологија која се користи во денешните автомобили, иако некои работи подоцна се "повторно измислени" од страна на некој друг пронаоѓач. Во периодот на Втората светска војна, поточно во 50-ите години од 20 век авто-индустријата доживува процут.
Од Втората светска војна автомобилскот дизајн доживел револуција со менување на тогашно прифатениот понтон стил. Автомобилскиот дизајн и производството конечно излегле од воените ориентации и останатите сенки од војната во 1949 година. Во текот на 1950-тите години моќта на моторите и брзината значително се зголемила, дизајнот станал повеќе интегриран. Пазарот малку се сменил во 1960-ите кога Детроит почнал да се грижи за странската конкуренција, кога европските произведувачи усвојувале се подобра технологија, а Јапан се појавил како сериозна авто-произведувачка нација. Џенерал моторс, Крајслер и Форд се обидуваат да произведуваат мали автомобили, но во тоа имале многу малку успех. Трендот на корпоративната консолидација на автомобилската индустрија и на пазарот ја достигнала Италија преку произведувачите Масерати, Ферари и Ланче. На технолошкиот фронт, најголема смена во тоа време имала распространетата употреба на независните суспензии и широка примена на инекцијата на горивата во моторот како и сè поголемиот фокус на безбедноста. Најновите технологии во 1960-ите имале модел НСУ со ванкел моторите, гасни тубрини и турбо мотори. Од нив само последната тубро технологија која ја патентирал Џенерал моторс, а ја популаризирале БМВ И САБ, имала своја висока примена. Мазда имала комплициран мотор за одржување. До крајот на деценијата бројот на автомобилските брендови знатчително опаднал. Во САД перформансите стануваат основен фокус на маркетингот.
Што се однесува на Европската автомобилска индустрија, секако најзначателниот автомобил во овој период е сега веќе легендарната Фолксваген буба. Буба е замислена како евтин семеен автомобил кој ќе ги моторизира големите народни маси што поминало многу успешно. Буба е симбол на европската авто-индустрија во последните 50 години. Продадена е во преку 21.000.000 примероци. На крилјата на успехот на Буба, Фолксваген направил неколку варијанти од овој "народен" автомобил, помеѓу кои е секако најпознатото комбе верзија "транспортер" кој станал култен симбол на хипи движењето. Кога станува збор за естетиката, дури тогаш бил стантардизиран изгледот на автомобилите каков го знаеме денес. Тркалата станале покриени со каросерија, моторот останал напред, а се појавува и багажниот простор зад задното седиште.
Кон крајот на 1950-ите и почетокот на 1960-ите години на 20 век естетиката на автомобилите станува главна тема на произведувачите. Произведувачите се натпреварувале чиј автомобил ќе биде поголем, подобар, посилен. Цените паѓале, автомобилите растеле, станувале естетски попримамливи, и сето тоа за среќа на купувачите кои биле во дилема кој да го одберат. Оваа време на автомобилизмот ја обележила американската авто-индустрија, чии произведувачи го презеле водството во конструирање на монструозно силни и многу убави модели на автомобили. Развојот на технологијата им овозможил на произведувачите конструирање на многу силни мотори со голем работен волумен, со помош на кои нивните автомобили можеле да развиваат многу големи брзини. Циклус на моделите бил околу две години што значи дека произведувачите на пазарот константно објавувале нови модели. Во тој период се создава ера на "автомобилите на Масел". Тоа биле исклучително убави автомобили во кои била спакувана тогаш најмодерната технологија и најјаките мотори кои произведувале неверојатен звук. Овие автомобили станале култ кој и ден денес неверојатно се почитува. Најпознат меѓу нив бил Фордовиот модел мустанг кој и ден денес претставува предмет на обожавање и недостижен сон на многу луѓе. Овие автомобили поради својата голема моќ, трошеле големи количини на горива и биле спектакуларно нерационални.
Ерата на "автомобилите на Масел" траела до почетокот на 1970-тите години. Луѓето не внимавале на тоа што автомобилите им трошеле големи количини на гориво и тогаш во 1973 година настапила голема нафтена криза која довела до изумирање на тие автомобили. Луѓето почнале автомобилите да ги гледаат од економска перспектива што на сцена ги доведува азиските производители на автомобили. Тие на светскиот пазар настапиле со малолитражен, еколошки и економско прифатливи автомобили. Во тој период дизајнот на автомобилите припаѓа на развојот на безбедносниот систем и усовршување на технологијата врзана за производство и преносливост на моќта на тркалата. Се развива електронско вбризгување на горивата, ефикасни менувачи и слично. Освен јапонските произведувачи и европските почнуваат со нови технологии. Развојот на системот за поефикасно кочење, преносливоста на силата на подлогата, како и многу иновации поврзани со комфорот на патниците. Од автомобилите прават многу побезбедно и попријатно место. Големата моќ и силниот звук ги замениле ефикасните и штедливи мотори и аеродинамино обликувани каросерии кои го следат времето на големиот технолошки напредок во сите полиња. Развојот на микрочиповите овозможил сместување на различните електронски уреди во автомобилите кои биле задолжени за сигурноста и удобноста на патниците. Хит стануваат се' помалите и поштедливите модели со кои е полесно да се функционира низ град.
Модерното време станало едно од времињата на најголемата стандардизација, делења на платформите и компјутерските поддржани дизајнирања. Некои особено евидентирани податоци во модерното време се однесуваат на погоните на предни тркала како и на погонот на сите тркала, со сè поголемо користење на дизел моторите како и сеприсутноста на системот за вбризгување на горивата. Иако сите за овие достигнувања се правени обиди во различни епохи тие денес доминираат со пазарот. Каросериските стилови исто така се смениле. Три основни видови се компакт, лимузина и спортски автомобили. Модерното време довело до брзорастечка потреба за намалување на потрошувачката на гориво и ефикасноста на моторите.
Од 2009 година Кина станува апсолутен водач во производството на автомобили со годишно производство поголемо од САД, Јапонија и Европа. Модерните авто-индустрии работат со се помал човечки персонал кој е заменет со компјутерско управање на машините кои се програмирани да склопуваат сами.
Како е сè поголема целта да се намали загадувањето на воздухот со издувните гасови од автомобилите, авто-индустријата сè повеќе се свртува кон производството на помали и поштедливи модели кои за погон имаат електрични мотори. Во овие проекти сè повеќе се вклучуваат и ИТ фирми, кои се обидуваат да ја зголемат сигурноста на возачот. Индустриите започнале со објавување на модели на кои не им е потребен возач, туку автомобилот се движи сам со помош на информациски мрежи. Компанијата Гугл е единствена од компаниите која тоа веќе го најавила со својот револуционерен автомобил кој вози сам. Луксузот, футуристичкиот дизајн, погонот на водород само се некои од фасцинантните одлики на новите модели.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.