Авала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Авала — ниска планина, на 16,5 км јужно од Белград.[1] Се протега од северниот крај на шумадиската греда, од планината Рудник се провлекува низ ниската Шумадија, и претставува граница меѓу сливовите на реките Сава и Дунав. Висока е 511 метри, и се издигнува сè до 200 метри над околниот терен. Минералот авалит го добил името според Авалa, каде е пронајден. На Авала се наоѓа импозантниот споменик на „Непознатиот јунак“ чиј твоец бил прочуениот југословенски (хрватски) вајар Иван Мештровиќ.
Авала | |
---|---|
Планината Авала | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 511 м |
Име | |
Превод | пречка, засолниште (арапски) |
Географија | |
Кон крајот на 2007 година Собранието на градот Белград ја прогласило Авала за заштитено природно богатство со вкупна површина од 489 хектари. Претходно кнезот Милош Обреновиќ во 1859 година донел одлука да се загради и да се заштити Авала, а во 1936 година била прогласена за национален парк. Президиумот на Народното собрание во 1946 година донел одлука да биде прогласена како „добро од општо значење“.[2]
На заштитеното подрачје има околу 600 видови на растенија. Има лековити билки, а некои билки претставуваат природна реткост, како што се зановет, златан и зеленика. Авала е добро пошумена со самоникнати дрвја, а на еден дел има борова шума[1].