From Wikipedia, the free encyclopedia
Јурај Јулије Кловиќ или Џорџо Џулио Кловио (1498 – 5 јануари 1578) ― илуминатор, минијатурист и сликар роден во Кралството Хрватска, кој главно бил активен во ренесансна Италија.[1] Тој е сметан за најголемиот илуминатор на италијанската висока ренесанса, и веројатно последниот многу значаен уметник во долгата традиција на илуминираниот ракопис, пред некои современи преродби.
Јулије Кловиќ Juraj Julije Klović Giulio Clovio | |
---|---|
Роден(а) | 1498 Грижане, Кралство Хрватска и Далмација |
Починал(а) | 5 јануари 1578 (на 79–80 г.) Рим, Папска Држава |
Познат(а) по | Илуминатор, минијатурист, и сликар |
Значајни дела | „Фарнезов часослов“ |
Правец | Висока ренесанса |
Јулије Кловиќ е роден во Грижане, село во Кралството Хрватска (денешна Хрватска),[2] Потекнувал од хрватско семејство.[3][4] а тој на италијански е познат како Clovio Croata.[5]
Не е познато каде имал рана обука, но можеби студирал уметност кај монасите во Риека во Нови Базар кога бил млад.[6]
Тој се преселил во Италија на 18-годишна возраст и влегол во домаќинството на кардиналот Марино Гримани каде што се обучувал како сликар. Помеѓу 1516 и околу 1523 година Кловиќ можеби живеел со Марино во седиштето на стрикото на вториот, кардиналот Доменико Гримани во Рим.[7] Кловиќ студирал под Џулио Романо во овој ран период.[8]
Студирал и под Џироламо дај Либри.
Додека бил штитеник на кардиналот Доменико Гримани, Кловиќ врежувал медали и печати за него, како и Коментарот на Гримани, важна рано осветлена книга (сега Музеј „Сер Џон Соун“, Лондон).
До 1524 година, Кловио бил во Буда, на унгарскиот двор на кралот Луј II, за кого ги насликал „Судење на Парис“ и „Лукреција“. По смртта на Лајош во Мохачката битка, Кловиќ отпатува за Рим каде ја продолжил својата кариера.[9]
По 1527 година посетил неколку манастири на редовните канони на Свети Августин. Во 1534 година, Кловиќ се вратил во куќата на кардиналот Марино Гримани.[9] Една година подоцна, Кловиќ можеби го следел Марино кога тој бил назначен за папски легат во Перуџа, каде што е сметано дека Кловио работел на илустрации за ракописот што е сега во „Соун“, напишан од Марино Гримани околу тоа време. Кловиќ најверојатно се вратил во Рим до крајот на 1538 година кога е познато дека се сретнал со писателот Франсиско де Оланда.[7]
Кловиќ подоцна станал член на домот на Алесандро Фарнезе со кого ќе биде поврзан до неговата смрт. За време на неговото време со Фарнезе, Кловиќ го создал едно од неговите ремек-дела, „<i>Фарнезов часослов</i>“. Други познати дела од овој период ги се илустрациите за Таунлиевиот лекционер.[10]
Од 1551 до 1553 година е познато дека Кловиќ работел во Фиренца. Во тоа време тој насликал минијатура на Елеонор Толедска (се наоѓа во Англија, Опатија Велбек, приватна збирка).[11]
Кловиќ бил пријател на многу помладиот Ел Греко, прославениот грчки уметник од критски Ираклион, кој подоцна работел во Шпанија, за време на раните години на Ел Греко во Рим. Греко насликал два портрета на Кловиќ; едната ги прикажува четворицата сликари кои ги сметал за свои мајстори; во ова, Кловиќ е рамо до рамо со Микеланџело, Тицијан и Рафаело Санти. Кловиќ бил познат и како „Микеланџело на минијатурата“. Книгите со неговите минијатури станале познати пред се поради неговите вешти илустрации. Тој бил убедлив во пренесувањето на стилот на италијанското високоренесансно сликарство во минијатурен формат.[се бара извор]
Питер Бројгел Постариот бил личен пријател на Јулије Кловиќ,[2] и останал со Кловиќ во Рим за време на неговото патување во Италија во 1553 година.[12] Брејгел извршил мал медалјон кој прикажува бродови во бура на минијатурата на Страшниот суд во Кловиќ ( Јавна библиотека „Њујорк“),[13] но шесте Бројгели споменати во тестаментот на Кловиќ исчезнале.[се бара извор]
Кловиќ го осветли Коментарот на Марино Гримани на Посланието на Свети Павле до Римјаните. Ова дело сега се наоѓа во Музејот „Сер Џон Соун“ во Лондон. Коментарот се состои од 130 велуми. Вклучени се две големи минијатури, како и богато украсени рабови. Минијатурите го прикажуваат преобраќањето на Свети Павле.[14][15]
Неговото најпознато дело е „Фарнезов часослов“, завршено во 1546 година за кардиналот Алесандро Фарнезе, кое било девет години во изработка (сега Морганова библиотека, Њујорк). Тој покажува на ова дело во портретот на Ел Греко (горе). Ова содржи дваесет и осум минијатури, главно сцени од Стариот и Новиот завет, но со позната слика на две страници што ја претставува поворката Корпус Кристи во Рим. Има прекрасни сребрено-позлатени корици, иако тие не се од Бенвенуто Челини, како што тврдел Вазари.
Таунлиевиот лекционер сега се наоѓа во Јавната библиотека „Њујорк“ и веројатно му припаѓала на кардиналот Алесандро Фарнезе. Користена за време на богослужбите, книгата содржела шест величествени минијатури на цели страници наспроти минијатурните претстави на евангелистите. Илустрациите ги воведувале соодветните читања од Светото Писмо. Тие вклучуваат Рождество, Воскресение и Страшниот суд.[16]
Ова дело сега се наоѓа во Библиотеката „Џон Рајландс“ во Манчестер.[17] Колоновиот мисал било направено за кардиналот Помпео Колона. Имало одредена дебата за идентитетот на уметникот. Некои му го припишале мисалот на Рафаело Санти (околу 1517 година). Исто така, било предложувано дека делото може да му припаѓа на Винценцјо Рајмонди.[18] Сега воглавно му е припишувано на Кловиќ.[19][20]
Британската библиотека ги има неговите дванаесет минијатури на цели страници за победите на императорот Карло V,[21] и Книгата на часовите на Стјуарт де Ротези, која првично била нарачана од кардиналот Марино Гримани и вклучувала 4 минијатури од Јулије Кловиќ.[22]
Ватиканската библиотека има ракописен живот на Фредериго III ди Монтефелтро, војводата на Урбино, извонредно илустриран од Кловиќ.[21] Други илустрации од него се чувани во библиотеки во Виена, Њујорк, Минхен и Париз, како и во многу приватни збирки. Голема изложба на неговите дела била одржана во 2012 година во Галеријата „Кловиќеви Двори“, уметничката галерија посветена на него во Загреб.[23]
Според описот напишан за објавување од Антонфранческо Цирни, тој дизајнирал и многу костими за прочуените елаборирани свадбени веселби на Ортенсија Боромејска во март 1565 година, кои биле чувани во Ватикан и вклучиле турнир во дворот на Белведере. Такви должности често биле очекувани од ренесансниот дворски сликар. Костимите биле внимателно запишани во низа анонимни бакрописи, некои веројатно врз основа на дизајнерските цртежи на Кловиќ.[се бара извор]
Јулије Кловиќ починал во Рим на 5 јануари 1578 година. Неговиот гроб се наоѓа во базиликата „Св. Петар во окови“, црквата што го содржи прославениот „Мојсеј“ на Микеланџело.
Хрватска ја прославила 500-годишнината од неговото раѓање во 1998 година. Хрватската народна банка издала посебна сребрена монета од 200 куни во знак на спомен. Споменик на Кловиќ е подигнат и во Дривеник. Хрватската влада неодамна ја објавила веста со купувањето на „Страшниот суд“ на Кловиќ, слика која Кловиќ му ја подарил на папата Климент VII. Бернардин Модриќ го издал својот филм „Евангелието според Кловиќ“ во 2006 година. Ватикан ја прославил оваа годишнина со поштенски марки.
Денеска Јулије Кловиќ/Џулио Кловио е славем во Италија и Хрватска. Роден е во Кралството Хрватска и го кажувал својот хрватски идентитет.[3][4] Но, поголемиот дел од својот живот работел во Италија и затоа често го нарекуваат италијански сликар.[24][25]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.