Југосфера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Југосфера — поим кој од неодамна се користи за териториите на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, односно денешните држави кои до 1991 година беа нејзин составен дел. Тоа се:
- Босна и Херцеговина
- Македонија
- Словенија
- Србија
- Косово (чиј статус е предмет на спор)
- Хрватска
- Црна Гора
Поимот првпат бил употребен во The Economist во 2009 година.[1] Неговата употреба почнала да се шири со цел да се замени дотогашниот наизв поранешна Југославија, односно да се избегне забуна што би предизвикала негова евентуална употреба за поранешната држава наместо за денешните држави наследници. Поимот југосфера се користи и за да се избегнат сите политички конотации на терминот Југославија, односно да се означи дека тоа е културна сфера, а не политичка заедница.