![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/47/Po%25C5%25A1ta_vo_Skopje%252C_Macedonia.jpg/640px-Po%25C5%25A1ta_vo_Skopje%252C_Macedonia.jpg&w=640&q=50)
Јанко Константинов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јанко Константинов[1](р. 1926 во Битола) — македонски архитект познат по својот бруталистички стил, кој дал голема помош во повторното градење на градот Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 кој срушил околу 80% од градот. Негова најпозната зграда во центарот на Скопје е Скопската пошта. Некое време работел и во фирмата на Алвар Алто во Финска, но после земјотресот во Скопје, се вратил во СР Македонија да помогне да се изгради градот повторно.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/47/Po%C5%A1ta_vo_Skopje%2C_Macedonia.jpg/640px-Po%C5%A1ta_vo_Skopje%2C_Macedonia.jpg)
Тој исто така е и сликар и има донирано 108 акварел слики во Битолското биро и музеј.[2][3]
Тој на сопствена волја работел и на фрески и икони за битолската црква „Пресвета Мајка Божја“.
Константинов е архитект на повеќе скопски згради: Центарот за телекомуникации, Медицинското училиште, Средното училиште „Никола Карев“, Протестантската црква итн. Исто така е и автор на сеизмолошката станица во Валандово.
Неговите дела исто така можат да се видат и надвор од македонска земја: Техничкиот колеџ во Стокхолм, Институтот за развој во Фалун, Шведска, Административен центар за размена - блоковска зграда со покриен базен во Лос Анџелес, Научниот центар во Јужна Калифорнија, згради и центри за замена во Калифорнија и други места.