Брутализам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брутализам е стил во архитектурата кој се појавува во средината на дваесеттиот век (од 1950 до средината на 1970) како дел од Модернизмот. Терминот "брутализам" потекнува од францускиот збор кој го опишува материјалот кој е карактесритичен за овој стил béton brut или натур бетон. Британскиот критичар за архитектура Рајнер Банхам го адаптира овој термин нарекувајќи го самиот стил брутализам (или во оригинал Нов Брутализам)
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Во времето во кое се појавува од политичката левица бил сметан за "нов хуманизам", додека пак од политичката десница за "нов епиризам". Тој станува многу популарен при проектирање на образовни установи (особено универзитетски згради) како и кај многу владини проекти за колективно домување, шопинг центри, индустриски згради и јавни установи. Негови примери се среќаваат низ целиот свет, во Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Обединетите Американски Држави, Канада, Бразил, Русија, Израел, Австралија. Тие се одликуваат како масивни градби со изразено потенцирана конструкција и видливи суровини, натур-бетон, и во одредени случаи комбинација од тула и натур-бетон.
И покрај неговата грубост и навидум недостаток на комфорт, брутализмот младата генерација на архитекти го истоветува со оптимизам, светлина, слобода на израз, особено во поствоениот свет, во кој и се создава. Банхам во еден момент во своите критички текстови се осврнува на брутализмот не само како стил туку и како атмосфера на морална сериозност меѓу архитектите. Во поново време поимот брутализам се користи при опишување на објекти кои датираат од крајот на дваесеттиот век, кои се огромни и непопуларни, односно како синоним за нешто што е грубо, брутално, нападно.