![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8f/%25D0%2597%25D0%25B4%25D0%25B0%25D0%25BD%25D0%25B8%25D0%25B5_%25D0%25B0%25D0%25B4%25D0%25BC%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B8%25D1%2581%25D1%2582%25D1%2580%25D0%25B0%25D1%2586%25D0%25B8%25D0%25B8_%25D0%25B3%25D0%25BE%25D1%2580%25D0%25BE%25D0%25B4%25D0%25B0_%25D0%25AF%25D0%25BB%25D1%2582%25D1%258B.jpg/640px-%25D0%2597%25D0%25B4%25D0%25B0%25D0%25BD%25D0%25B8%25D0%25B5_%25D0%25B0%25D0%25B4%25D0%25BC%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B8%25D1%2581%25D1%2582%25D1%2580%25D0%25B0%25D1%2586%25D0%25B8%25D0%25B8_%25D0%25B3%25D0%25BE%25D1%2580%25D0%25BE%25D0%25B4%25D0%25B0_%25D0%25AF%25D0%25BB%25D1%2582%25D1%258B.jpg&w=640&q=50)
Јалта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јалта (руски и украински: Я́лта; кримскотатарски: Yalta) — град на северниот брег на Црното Море во Република Крим, Русија. Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.[1]
Јалта Ялта | |||
---|---|---|---|
Град | |||
![]() Зградата на градската администрација на Јалта | |||
| |||
Местоположба на Јалта во рамките на Крим | |||
Координати: 44°29′58″N 34°10′12″E | |||
Држава | ![]() ![]() | ||
Република | ![]() | ||
Општина | Јалта | ||
Надм. вис. | &1000000000000004000000040 м | ||
Население | |||
• Вкупно | 134 909 | ||
Час. појас | MSK (UTC+4) | ||
Поштенски број | 98600 — 98639 | ||
Повик. бр. | +380-654 | ||
Поранешно име | Јалита (до XV век) | ||
Мреж. место | Официјална страница |
Градот е сместен на местото на грчка колонија, која била основана од грчки морепловци кои барале сигурен брег (од каде што потекнува и името на градот; од грчкиот збор γιαλός). Се наоѓа во длабок залив свртен кон југ кон Црното Море, опкружен од пошумени планини. Се одликува со влажна суптропска клима со многу лозови насади и овоштарници во близина.[2]
Поимот „Голема Јалта“ се користи за да означи дел од јужниот брег на Крим, кој се протега од Форос на запад до Хурзуф на исток и го вклучува градот Јалта и многубројните урбани населби.