Урду
From Wikipedia, the free encyclopedia
Урду (pronunciationⓘ, اردو, транс. Urdū, историски Ordu) (исто така познат во родната форма како Лашкари, لشکری[2]) е дел од групата на централните јазици на индоариските јазици. Јазикот е службен во Пакистан еден од 23 службени јазици во Индија. Зборовниот фонд на јазикот се развил на основа на санскритскиот, персискиот, арапскиот и турските јазици. Јазикот почнал да се создава за време на султанатот Делхи и Могулското Царство во Јужна Азија[3].
Урду јазик | |
---|---|
اُردو | |
Изговор | [ˈʊrd̪uː] |
Застапен во | Пакистан, Индија,Фиџи, како и малцински јазик во САД, Обединетото Кралство, Германија, Канада, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија, Австралија, Авганистан, Норвешка, Јужна Африка, Маврициус, Гвајана, Малезија, Суринам, Тринидад и Тобаго и Мјанмар. |
Подрачје | Јужна Азија |
Говорници | 60 милиони (мајчин јазик) (2007) 180 милиони (вкупно) |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | Урду азбука (насталик) |
Статус | |
Службен во | Пакистан Индија (само 5 држави) Фиџи |
Регулативен орган | Агенција за национален јазик, (Пакистан); Национален совет за промоција на урду, (Индија) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ur |
ISO 639-2 | urd |
ISO 639-3 | urd |
Научниците независно го карактеризираат јазикот како стандарден како дел од хиндистанските јазици[4]. Граматичкиот опис на оваа статија е заснован на стандардниот урду јазик. Општо гледано, терминот урду може се однесува кон дијалекти на хиндустански отколку стандардната верзија на јазикот. Оригиналниот јазик на мугалите бил турскиот јазик, но со доселувањето во Јужна Азија го прифатиле персискиот јазик а подоцна и урду јазикот. Името на урду се верува дека доаѓа од турскиот збор ордо. На почетокот се нарекувал Забан-е-орду или јазикот на војската, а подоцна се нарекувал едноставно урду.
Стандардниот урду јазик е еден од дваетсетте најголеми јазици покрај сите јазици. Тој е еден од 23 службени јазици во Индија и е национален јазик на Пакистан.
Урду јазикот често е споредуван со хинди јазикот, другата стандардизирана форма на хиндистанскиот јазик[5]. Главната разлика помеѓу двата јазика е тоа што урду се пишува со писмото насталик и зборовите се под влијание на арапски и персиски јазик[6] додека стандардниот хинди јазик се пишува со деванагари и зборовите се под влијание на санскритски јазик[7][8]. Според одередени научници и јазичари, урду и хинди се два стандарди на еден ист јазик[9] а од друга страна, други ги класифицираат посебно поради социојазичарички причини.[10].