Индоариски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Индоариските јазици (наречени и индски јазици) се доминантно јазично семејство на северниот дел од Индискиот Потконтинент. Претставуваат гранка на индоиранските јазици, кои се пак подгрупа на поголемото индоевропско семејство. Говорниците на индоариските јазици по сочинуваат половина од вкупниот број на индоевропски говорници (1,5 од 3 милијарди).
Индоариски јазици | |
---|---|
Индски | |
Географска распространетост: | јужна Азија |
Класификација: | индоевропски
|
Прајазик: | ведско |
Гранки: |
северозападно подрачје
северно подрачје
централно подрачје
источно подрачје
јужно подрачје
островски
|
ISO 639-2 и 639-5: | inc |
Географска распределба на најважните индоариски јазици (урду не е прикажан бидејќи претежно е лингва франка и не е ничиј прв јазик. Вон картата треба да се споменат ромскиот, домскиот и ломавренскиот, кои се традиционално преселнички јазици).
Црвена = централни; Виолетова = северни, Сина = северозападни; Жолта = источни; Светлосина = јужни; Зелена = островски. |
Најголеми јазици во групата по бројот на говорници се хиндустанскиот (хинду-урду) (240 милиони), бенгалскиот (230 милиони), пенџапскиот (90 милиони), маратски (70 милиони), гуџаратскиот (45 милиони), одиски (30 милиони), синдски (20 милиони), сераичкиот (18 милиони), непалскиот (14 милиони), читагонскиот (14 милиони), синхалскиот (16 милиони) и асамскиот (13 милиони). Вкупно овие јазици имаат преку 900 милиони говорници.