Родос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Родос (грчки: Ρόδος) — најголемиот од островите на Додеканезите и во поглед на копнена површина и на население. Административно островот формира посебна општина во рамките на регионалната единица Родос, која е дел од Административниот регион Јужен Егеј. Главен град на островот и седиште на општината е Родос[1] . Градот Родос имал 50.636 жители во 2011 година. Островот се наоѓа североисточно од Крит, југоисточно од Атина, и веднаш зад анадолскиот брег на Турција. Островот е познат и како „Витешки остров“ според Витезите Болничари, кој некогаш владееле со островот[2].
- Оваа статија е за грчкиот остров Родос. За други употреби видете Родос (појаснување).
Родос Ρόδος | |||
---|---|---|---|
Остров и Општина | |||
Палатата на Големиот Мајстор на Болничарите | |||
| |||
Земја | Грција | ||
Област | Јужен Егеј | ||
Округ | Родос | ||
Најг. вис. | &100000000000012160000001.216 м | ||
Најм. вис. | &100000000000000000000000 м | ||
Население (2011) | |||
• Вкупно | 115.490 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски код | 851 00 | ||
Телефон | 2241, 2244, 2246 | ||
Мреж. место | rhodes.gr |
Историски гледано, Родос бил познат во целиот свет поради Колосот, едно од Седумте светски чуда на античкиот свет. Средновековниот стар град Родос е прогласен за светско културно наследство. Денес, островот е еден од најпопуларните туристички одредишта во Европа[3][4][5][6]. Името на американската држава Род Ајленд се заснова од овој остров.