Крит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крит (грчки: Κρήτη) е една од тринаесетте периферии на Грција. Исто така е најголем од грчките острови со површина од 8.336 км2 (3,219 mi²) и е петти најголем остров во Средоземјеито.
Крит Περιφέρεια Κρήτης | |
---|---|
Главен град | Ираклион |
Окрузи | Ираклион Ласити Ретимно Хања |
Население | 623.666 (2005) |
Површина | 8.336 км² |
Портал | www.crete-region.gr |
Крит е место со значајна древна историја и е популарна туристичко одредиште; во неговите знаменитости спаѓаат минојските наоѓалишта на Кносос и Фестос, класичниото наоѓалиште Гортис, венецискиот замок во Ретимно, и кањонот Самарја, како и многу други природни месности, споменици и плажи. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација. Со векови бил познат под своето италијанско име Кандиа (италијански: Candia), од средовековното име на главниот град Ираклион, Хандакс (грчки: Χάνδαξ или Χάνδακας што значи „шанец“). На класичен латински се нарекувал Крета (латински: Creta), а на турски Кандије или Гирит (турски: Kandiye или Girit).