Трир
град во Рајнската област-Пфалц, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Трир (германски: Trier, луксембуршки: Tréier) — град во покраината Рајнска област-Пфалц, западна Германија, близу границата со Луксембург.
Трир
Trier | |
Поглед на Трир | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Рајнска област-Пфалц |
Округ | самостоен |
Надградоначалник | Волфрам Либе (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 117,13 км2 |
Надм. височина | 137 м |
Население | 110.674 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 945 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | TR |
Пошт. бр. | 54290–54296 (освен 54291) |
Повик. бр. | 0651 |
Портал | trier.de |
Координати | 49°45′N 6°38′E |
Градот е основан е од Келтите кон крајот на IV век п.н.е. под името Тревор. По три века е освоен од Римјаните, кои го нарекле Августа Треверорум („град на Октавијан Август меѓу Треверите“), и многумина го сметаат за најстар град во Германија.[2][3] Важи за најстарото епископско седиште северно од Алпит. Во средниот век, изборниот архиепископ на Трир бил важен кнез на црквата кој владеел со територијата од француската граница до реката Рајна. Архиепископскиот кнез имал исклучително влијание како еден од седумте изборни кнезови на Светото Римско Царство.
Со население од околу 105.000 жители, Трир е на чеврто место по големина во покраината, по Мајнц, Лудвигсхафен и Кобленц.[4] Најблиски поголеми градови се Луксембург (50 км на ЈЗ), Сарбрикен (80 км на ЈИ) и Кобленц (100 км на СИ).
Во градот се сместени Трирскиот универзитет, управата на административниот округ Трир-Сарбург, Дирекцијата на службите и Академијата на европското право. Се смета за еден од петте „средишни места“ на Рајнската област-Пфалц. Заедно со Луксембург, Мец и Сарбрикен, го сочинува сојузот на градови Кватрополе, но е и средиште на поширокиот регион Сар-Лор-Лукс (Сар, Лотарингија и Луксембург), Рајнската област-Пфалц и Валонија.
Трир е сместен во долина западниот дел на покраината црвен песочник, во средното течение на реката Мозел. Падините на долината се покриени со лозови насади кои се протегаат сè до висорамнината Хунсрик јужно од венецот Ајфел. Границата со Луксембург е на 15 км од градот.