Маслено сликарство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маслено сликарство — процес на сликање со помош на пигменти поврзани и измешани со медиум од масло за сушење како врзивно средство[1].
Најчесто се користат суви масла како што се: ленено масло, афионово масло, масло од орев и масло од шафран. Изборот на масло ѝ дава на маслената боја голем број разновидни својства, како на пример времето за пожолтување и сушење. Некои од разликите, во зависност од маслото, се гледаат и во сјајот на боите. Уметникот може да користи неколку различни масла на истата слика во зависност од пигментите и ефектите што ги користи. Самите бои исто така се преобразуваат и развиваат одредена конзистентност во зависност од околината. Маслото може да се вари со смола, како што е боровата смола или темјан, за да се создаде лак кој што има добра покриеност и сјај.
Иако маслената боја за првпат била користена во будистичките слики од индиски и кинески уметници некаде помеѓу петтиот и десеттиот век, но, вистинска масовност и популарност масленото сликарство добива во 15 век. Неговата употреба се раширила во Европа за време на средниот век. Маслена боја станала главната алатка што се користела во создавањето уметнички сликарски дела, а нејзините придобивки станале насекаде познати. Неговата употреба во Европа започнала со ранохоландското сликарство во Северна Европа, а во средината на ренесансната темперарна боја била заменета скоро целосно со маслената во поголемиот дел од Европа[2].