Сликарство
практика на нанесување боја, пигмент, боја или друг медиум на површината / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сликарство — практика на нанесување боја, пигмент или друго средство на одредена површина (базна основа). Најчесто, средството се применува на основата со помош на четка но исто така можат да се користат и други предмети[1]. Во уметничка смисла, овој термин го опфаќа самиот чин како и резултатот на истиот, кој се нарекува уметничка слика. Како основа за создавање на една уметничка слика се употребуваат површини како ѕид, хартија, конопно платно, дрво, стакло , лак, глина, бакар, па дури и бетон, а може да содржи и повеќе други материјали, тука спаѓаат песок, глина, хартија, златен лист како и други предмети. Лицето што се занимава со сликарство се нарекува сликар(ка); во традиционален контекст на духовната уметност, сликарот се нарекува зограф (понекогаш и живописец).
Сликањето претставува начин на изразување и се јавува во многу форми. Цртањето, композицијата или апстракцијата и други видови на естетика се алат кој на активниот сликар му служи за манифестирање на експресивната и концептуална замисла. Една уметничка слика може да биде натуралистична и реалистична (како ш—то е случај кај сликањето на мртва природа и пејзаж, фотографска, апстрактна, исполнета со наративна содржина, симболика, емоција или пак политички ориентирана.
Дел од историјата на сликарството во источната и западната уметност е под силно влијание на духовни мотиви и идеи ; примери за овој вид на сликарство се движат од уметнички дела на митолошки фигури отелотворени на керамика до библиски сцени кои се изложени на внатрешните ѕидови и таванот на Систинската капела, подглавја од животот на Буда или други сегменти од источната верска припадност.