Ранофламанско сликарство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ранофламанско сликарство или фламанска примитива (употр. во холандски и шпански) — израз кој означува група на сликари активни главно во Ниските Земји во XV и раниот XVI век. Периодот започнува околу времето на Хуберт ван Ејк и завршува со Герард Давид. Овие сликари биле олицетворение истовремено на средниот век и преодот кон ренесансата.
Историја на холандското и фламанското сликарство | |
Ранофламанско (1400 – 1500) | |
Ренесансно сликарство (1500 – 1584) | |
Златно време (1584 – 1702) | |
Листа на холандски сликари | |
Листа на фламански сликари |
Овој период е паралелен на Италијанската ренесанса, но стилски е различен. Обично се вели дека ова е раноренесансно или доцноготско сликарство.