Завртка
вид клин со нажлебен навој / From Wikipedia, the free encyclopedia
Завртка или шраф[1] – вид клин спирално нарежан, нажлебен, на кој може да се стави навртка.[2] Завртката е машински елемент кој има цилиндрично тело со навои[3][4][5][6][7] и во повеќето случаи има глава која служи, со помош на соодветен алат, завртката да се притегне или попушти.[8][9] Завртката се користи за разделни споеви, т.е. споеви кои може да се составуваат или разделуваат без оштетувања.[8] Според насоката на навоите, завртките може да бидат десни (најчесто во употреба) или леви. Имаат валчест облик, а долж целата надворешна страна или нејзин дел, обликувана е со нарежани или втиснати навои, т.е. со спирални жлебови, кои делуваат како вешто изведени косини.[10] Навојот во облик на хеликоид во облик на хеликоидна линија или тесна површина, со рамномерна стрмнина се обвива околу цилиндрично или, поретко, благо конусно тело и се искачува во насока на стрелките на часовникот (десен навој) или обратно (лев навој).[11]
Според намената, навоите имаат различни облици на попречниот пресек (триаголен, трапезен, пилест итн.), може да бидат едновојни, двовојни или повеќевојни, метрички или цолни (на пример цевчест Витвортов навој). Карактеристични големини на навојот се агол на профилот, теориска и носива длабочина, чекор и друго. Поголемиот дел се стандардизирани, иако од различни причини се изработуваат и вон стандардите. Покрај телото со најовот, завртката вообичаено има глава со различен облик. Главата на завртката најчесто е шестострана призма,[12] но може да биде и четириаголна, полукружна, валчеста, шестаголна (таканаречена инбус-завртка) или ѕвезда, потоа леќеста, крилна, очна или конусна. Главно има глава која овозможува завртување или одвртување со помош на соодветен алат, како на пример одвртувач или клуч (алат)клуч. Главата на завртката вообичаено е поголема од нејзиното тело за да може завртката да се запре при завртувањето, но и за да ја пренесе силата на носивата површина. Телото на завртката има навој кој може да биде полн навој или делумен навој.[13]
Во почетокот на 15 век биле произведени првите метални завртки во Европа, но заради високата цена на производството отишле во заборав. Со почетокот на индустријализацијата во 18 век, производството на завртки станало поевтино. Оттогаш па до денес тие се стока за широка потрошувачка ширум светот.[14]
Завртките може да се одвртуваат од надворешна или од надворешна страна (инбус завртки). Навоите може да биде леви или десни. Скоро сите завртки имаат десен навој, а лев навој се поставува само во специјални случаи, како на пример на боците за гас. Споевите со завртки се најчесто користен вид разделни споеви. Главните елемент на споевите со завртки се: