![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/30/University_of_Salamanca.jpg/640px-University_of_Salamanca.jpg&w=640&q=50)
Шпанска ренесансна архитектура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шпанската ренесансна архитектура започнала со калемење на ренесансната врз готските облици во последните децении од XV век.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/30/University_of_Salamanca.jpg/640px-University_of_Salamanca.jpg)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/d/d7/Eskorijal.jpg/320px-Eskorijal.jpg)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0d/Granada_Alhambra_Palacio_Carlos_V_Interior.jpg/640px-Granada_Alhambra_Palacio_Carlos_V_Interior.jpg)
Стилот го рашириле локалните архитекти со преземање на јужноиталијанската архитектура, понекогаш од илустрирани ракописи и слики, и со мешање на готскиот стил и локалните идиосинкратии. Новиот стил бил наречен Платерескен стил, заради екстремно украсените фасади, кои постеќале на декоративните мотиви на комплексно деталните дела на кујунџиите, наречени „платероси“. Класичните редови и канделабриските мотиви (а канделиери) слободно се мешале во симетрични целини.
Со минувањето на децениите, готското влијание исчезнало и истражувањето на ортодоксниот класицизам достигнало своевиден врв. Иако под Платерескен стил се подразбираат речиси сите архитектонски дела од доцниот XV и првата половина од XVI век, некои архитекти стекнале повоздржани лични стилови, меѓу кои се Диего Силое и Родриго Гил де Онтањон. Примери за ова се фасадите на Универзитетот во Саламанка и Манастирот Сан Маркос во Леон. Од средината на XVI век, под водство на архитекти како Педро Мачука, Хуан Баутиста де Толедо и Хуан де Ерера шпанската архитектура се придржувала кон римскиот стил на уметност, понекогаш предосеќајќи го Маниризмот, како во случајот на Дворецот на Карл V во Гранада и дворецот Ескоријал, Мадрид.