Шовинизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шовинизмот, во оригиналната смисла на зборот, е екстремен патриотизам и национализам и агресивно верување во националната супериорност и слава.
Шовинизмот го проширил своето изворно значење и вклучува изразита и неразумна пристрасност во име на која било група на која некој припаѓа, особено кога пристрасноста вклучува злоба и омраза кон соперничките групи. Џингоизмот, кој е британската форма на овој француски збор, го зачувал своето изворно значење и тој, за разлика од зборот шовинизам, не подразбира ништо друго освен воинствен национализам.
Современата употреба на терминот во англискиот јазик е во фразата машки шовинизам.[1]