From Wikipedia, the free encyclopedia
Шели-Ен Фрејзер-Прајс (родена на 27 декември 1986 г.)[2] е јамајската атлетичарка на кратки патеки. Фрејзер-Прајс ѝ станала позната на пошироката јавност на Летните олимписки игри 2008, кога на 21 годишна возраст успеала да стане првата жена од Карипските Острови со олимписки златен медал на 100 метри.[3] Во 2012, таа успешно ја одбранила титулата на 100 метри, со што станала само трета жена во историјата со две последователни олимписки титули на 100 метри.
Фрејзер-Прајс на Светското првенство 2013 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Јамајка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 27 декември 1986 Кингстон, Јамајка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Живеалиште | Кингстон, Јамајка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м[1] | 1,52|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 52 kg (115 lb) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | 100 м, 200 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб | MVP Track & Field Club | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Фрејзер-Прајс го освоила златниот медал на трката на 100 метри на Светското првенство 2009, со што станала само втора атлетичарка во историјата која истовремено е олимписки и светски шампион (по Гејл Диверс). Исто така таа е единствената атлетичарка која двапати истовремено ги поседувала олимписката и светската титула. На Светското првенство 2013 таа станала првата атлетичарка со златни медали на 100 метри, 200 метри и 4x100 метри на едно светско првенство. Фрејзер-Прајс исто така е само втора жена во историјата која истовремено ги имала во сопственост светските титули на 60, 100 и 200 метри.[4]
Наречена „џебна ракета“ поради ситната фигура (таа е висока 1,52 м) и експлозивниот почеток, таа го поседува четвртото најбрзо време во историјата на 100 метри од 10,70 секунди, поставено во Кингстон во 2012.[5][6]
Фрејзер, која за олимписките игри тренирала заедно со Асафа Пауел, станала првата јамајска атлетичарка која освоила олимписки златен медал во дисциплината 100 метри. Во првата рунда квалификации, таа завршила на првото место со време од 11,35 и се пласирала во втората рунда во која го подобрила своето време на 11,06 секунди, завршувајќи прва во својата група. Во полуфиналето Фрејзер повторно завршила прва, истрчувајќи пред Керон Стјуарт и Муна Ли за 11,00 секунди.
Во финалето, сите три јамајски спринтерки завршиле на подиумот. Фрејзер го освоила златниот медал и го постигнала своето најдобро време во кариерата од 10,78 секунди, кое за 0,20 секунди било подобро од времињата на нејзините сонароднички Шерон Симпсон и Керон Стјуарт кои во фотофиниш стигнале до сребрениот медал.[7] Времето на Фрејзер било второ најдобро време на 100 м некогаш истрчано од Јамајчанка, и за само 0,04 секунди било послабо од државниот рекорд на Мерлин Оти од 10,74 секунди.[2]
Заедно со Шери-Ен Брукс, Алин Бејли и Вероника Кембел-Браун, Фрејзер исто така настапила и во штафетната дисциплина 4×100 метри. Во квалификациите, јамајскиот тим завршил на првото место пред Русија, Германија и Кина. Време од 42,24 секунди кое тие го постигнале било најдобро меѓу шеснаесетте тимови. Со овој резултат, Јамајка се пласирала во финалето, во кое Брукс и Бејли биле заменети со Симпсон и Стјуарт. Како и да е, Јамајка не ја завршила трката поради грешка при предавањето на штафетната палка.[7]
На државното првенство на Јамајка, во јуни 2009, Фрејзер победила на трката на 100 метри остварувајќи најдобар светски резултат за таа година од 10,88 секунди. Со оваа победа таа го обезбедила учеството на Светското првенство 2009 кое се одржувало во Берлин.[8] Во финалето во Берлин, Фрејзер ја почнала трката експлозивно победувајќи ја сонародничката Керон Стјуарт за 0,02 секунди со време од 10,73 со што поставила нов јамајски рекорд на 100 метри, кој воедно бил четврти најдобар во историјата и најдобар во сезоната.
Подоцна на првенството, заедно со своите сонароднички таа настапила и во штафетата на 4×100 метри. Фрејзер истрчала извонредно во втората измена, престигнувајќи ги Чандра Старуп од Бахамите, Ана Мелингер од Германија и Кели-Ен Баптист од Тринидад и Тобаго, успешно предавајќи ја палката на Алин Бејли. На крајот, тимот на Јамајка го освоил златниот медал со време од 42,06 секунди пред Бахамите и Германија кои ги дополниле местата на подиумот.
На патот до игрите во Лондон, Фрејзер-Прајс го подобрила државниот рекорд на 100 метри на 10,70 секунди на изборното натпреварување за олимписките игри. На игрите, таа успешно го одбранила златниот медал на 100 метри, оставајќи ги зад себе Американката Кармелита Џетер и сонародничката Вероника Кембел-Браун.[9]
Фрејзер-Прајс исто така настапила и на трката на 200 метри, каде со истрчаното време од 22,09 секунди кое е нејзин најдобар резултат на оваа делница го освоила сребрениот медал зад Алисон Феликс.[10] Успешниот настап во Лондон, Фрејзер-Прајс го заокружила со сребрениот медал кој го освоила како член на јамајскиот штафетен тим на трката на 4×100 метри.[11]
На Светското првенство во Москва, Фрејзер-Прајс победила на трката на 100 метри со време од 10,71 секунди, оставајќи ги зад себе Мириел Ауре и Кармелита Џетер. Овој златен медал бил нејзин втор на светските првенства на трките на 100 метри. Таа исто така успеала да го освои златниот медал и на трката на 200 метри со истрчано време од 22,17 секунди. Ова бил нејзин прв златен медал на 200 метри на светските првенства. Трчајќи во последната измена за штафетниот тим на Јамајка на 4×100 метри, таа го освоила третиот златен медал на првенството заедно со Кери Расел, Керон Стјуарт и Шилони Калверт. Нивното време од 41,29 секунди исто така претставувало нов рекорд на првенствата.
Фрејзер-Прајс и Јусејн Болт владееле во спринтерските дисциплини во своите конкуренции, освојувајќи три златни медали на трките на 100 метри, 200 метри, и на 4×100 метри.
Фрејзер-Прајс отслужила шестмесечна забрана од атлетиката откако во примерок од нејзината урина на митингот од дијамантската лига во Шангај во 2010 бил пронајден забранет наркотик, оксикодон.[12][13] Таа тврдела дека имала забоболка, и нејзиниот тренер, Стивен Френцис, ја убедил да земе лек кој тој го користел за камен во бубрег за да ја ублажи болката. Фрејзер-Прајс изјавила дека тој лек го содржел забранетиот наркотик, но тоа таа не го знаела. Сепак, Фрејзер-Прајс презела одговорност за своите постапки изјавувајќи: „Јас сум професионален спортист. Онаа што треба да биде пример за другите – па што и да е ставено во моето тело јас треба да ја преземам одговорноста за тоа, и јас тоа го сторив“.
Фрејзер била именувана за прва амбасадорка на добра волја на УНИЦЕФ од Јамајка на 22 февруари 2010.[14] На 23 февруари 2010, таа била именувана за амбасадор на добра волја за мир за 2010 година во партнерство со Грејс Фудс (Grace Foods) и непрофитната организација PALS (Peace and Love in Society).[15][16]
Во јануари 2011, таа се омажила за долгогодишното момче Џејсон Прајс, и го сменила презимето во Фрејзер-Прајс.[17] Таа е посветена христијанка.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.